Очајни во кревет: 3 хороскопски знаци кои едноставно не ги бива за секс

Очајни во кревет: 3 хороскопски знаци кои едноставно не ги бива за секс

Кога станува збор за сексот, постојат илјадници различни вкусови и уште повеќе потреби. Луѓето со сексот истовремено уживаат, делат интимност и љубов или понекогаш едноставно само ја задоволуваат својата сексуална глад. Но, кои знаци се навистина лоши кога станува збор за сексот? Прочитајте…

Очајни во кревет: 3 хороскопски знаци кои едноставно не ги бива за секс

Близнаци

Близнаците се љубопитни знаци кои секогаш се во движење. Токму затоа и голем дел од нив можат да го користат мозокот за време на сексот, што никогаш не е од помош. Мажите со овој знак обожаваат да се фалат колку се добри и дека постојано се спремни за акција, но кога ќе дојде до тој момент тие едноставно се откажуваат или блефираат. За нив сексот трае околу 2 минути, но најголемата себичност на Близнаците доаѓа до израз преку нивното однесување во креветот. Од друга страна пак, поголемиот број од женските припадници на овој знак се добри во кревет, дури и покрај тоа што имаат потреба од „вечна“ предигра.

Стрелец

Некои од карактеристиките кои често се забележуваат кај машките припадници од знакот Стрелец се авантуризмот и експериментирањето, додека кај жените настанува токму спротивното – традиционализам без многу експерименти. Токму затоа нивните сексуални односи произлегуваат од преголемата желба за нешто ново, перверзно и возбудливо, додека пак кај жените, од неверојатната желба за нешто класично, здраво и конвенционално. Но, кога нешто не им е по желба, Стрелците гледаат што побрзо да завршат и потоа да побегнат без воопшто да погледнат назад. Некои од нив дури можат да си отидат и за време на самиот секс. Но, не грижете се, вие не сте најлошите во сексот. Има еден знак кој е полош…

Риби

Никој не би претпоставил дека овој знак кој е познат како емотивен, длабок, сензуален и сексуален знак дека би можел да биде лош во сексот, па дури и во љубовта. Женските Риби се повеќе се грижат и провоцираат дури и од агресивните женски Скорпии или Овни и во потрага се по садизам бидејќи тие самите во суштина се мазохисти. Тие сè уништуваат, бидејќи станува збор за знак кој најмногу ужива, но и пати во сексот со емоции. Ова подеднакво важи и за двата пола.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    do avtorot: ako ve interesira astronomija i fizika, zosto pisuvate za astrologija?

    • Моника Трајковска Reply

      Бидејќи тоа ми е дел од работата 🙂

  2. ЕднаСкорпија Reply

    Глупости,се е индивидуално,јас сум Скорпија а партнерот Стрелец,и со него го имам најдобриот секс досега,поздрав.

  3. мила Reply

    ма се си е точно кажано.Позз до авторот

Напиши одговор на ЕднаСкорпија Откажи одговор