Најнеуредните хороскопски знаци: Дали и вие живеете во хаос?

Најнеуредните хороскопски знаци: Дали и вие живеете во хаос?

Зошто нешто да се расчисти веднаш, кога може да се направи и за неколку дена, кога ќе се насобере уште повеќе неред? Некои тоа го нарекуваат креативен неред, некои велат дека немале време за да исчистат, но дали некогаш сте се сетиле да го обвините вашиот хороскопски знак за својата неуредност?

1-dali-ste-pomegju-niv-top-5-najneuredni-horoskopski-znaci-www.kafepauza.mk_

1. Лав

Не се Лавовите неуредни, тие едноставно секогаш пронаоѓаат нешто попаметно да прваат. Тоа е и причината зошто чистењето им е во втор план, но ако ги прашувате нив, најдобро би им било да исчисти некој друг.

2. Бик

Биковите сакаат уредна средина, но ако мораат да избираат помеѓу грижата за чистотата и грижата за себе, ќе го изберат второто. Бикот попрво ќе легне на каучот и ќе изгледа добра серија за да се одмори, отколку да чисти, а чувството на вина никогаш нема да му биде доволно силно за да го промени.

3. Риби

Овој хороскопски знак е сосема логичен кога е во прашање чистењето. На пример, зошто да раскрева веднаш, кога може тоа да го направи и за неколку дена, кога ќе се собере уште повеќе неред? Мораме да признаеме дека Рибите размислуваат во правилната насока.

4. Стрелец

Стрелецот за себе ќе каже дека воопшто не е неуреден, туку дека има способност многу брзо да направи неред кој потоа долго време треба да се исчисти. Нам тоа ни звучи како дефиниција за неуредност, но Стрелците без сомнение ќе кажат дека сме во заблуда.

5. Водолија

Се случува Водолиите да добијат „напад“ за чистење и без размислување да го исчистат секој ќош од својот дом, дури и оние најнепристапните. За жал, многу ретко го добиваат тој „напад“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар