Најдобар начин да го освоите срцето на секој хороскопски знак

Некои знаци сакаат партнери кои се директни, додека други сакаат партнери кои изгледаат отмено и се држат до традицијата. За некои е многу важна амбицијата, а за некои романтиката е на првото место. Во продолжение погледнете како да го освоите срцето на секој хороскопски знак.

1-najdobar-nachin-za-da-go-osvoite-srceto-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Овен

Бидете директни. Нека тие бидат оние кои ќе одлучат за нешто. Бидете авантуристички настроени. Дајте им простор.

Бик

Одете полека и одмерено. Изгледајте добро. Не играјте игри од типот „тешки за освојување“. Бидете лојални.

Близнаци

Флертувајте со нив. Зборувајте многу. Дајте им простор. Бидете шеговити и возбудливи.

Рак

Побарајте ја нивната помош. Зборувајте за семејството, дружете се во домот. Бидете љубезни, грижливи и традиционални.

2-najdobar-nachin-za-da-go-osvoite-srceto-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Лав

Ласкајте им. Нека тие преземат иницијатива. Покажете приврзаност и направете ги љубоморни. Покажете им дека е забавно да бидат со вас.

Девица

Барајте помош и изгледајте дотерани. Не глумите и покажете им дека имате здрав разум. Бидете трпеливи.

Вага

Дајте им слобода. Бидете средени и внимателно слушајте ги. Изгледајте добро и бидете им најдобар пријател.

Скорпија

Бидете мистериозни, искрени и лојални. Не кажувајте им што да прават, нека направат сами што сакаат.

3-najdobar-nachin-za-da-go-osvoite-srceto-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Стрелец

Бидете шеговити, искрени и директни. Флертувајте со нив, но и дајте им простор.

Јарец

Покажете дека сте софистицирани и елегантни. Бидете грижливи и амбициозни. Земете време за себе.

Водолија

Бидете единствени. Најпрво станете пријатели и дајте им слобода. Изненадете ги. Немојте да бидете премногу емотивни.

Риби

Бидете романтични. Најпрво повикајте ги на состанок и глумете дама во неволја (за жените). Подигнете ја нивната самодоверба и дајте им простор.

Откако ќе го освоите срцето на посакуваниот хороскопски знај, време е да дознаете како се однесува секој хороскопски знак на почетокот од љубовната врска.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар