Моден хороскоп за жени - Part 9

Моден хороскоп за жени

Скорпија

Жените-Скорпии се најстрастниот знак, посебно кога станува збор за гардеробата по која точно можете да ги препознаете. Тие обожаваат да носат провокативни парчиња посебно во вечерните комбинации заради сексапилот кој го сметаат за нивна врвна особина. Составен дел од нивната сексапилна природа е флертувањето, па затоа облеката ја користат како главен адут.

(15) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

За нив идеалната атмосфера е вечерната, кога може да стават јака впечатлива шминка, која што е неизоставен детаљ. Скорпиите претпочитаат црна и бордо гардероба, а за кожните детали просто полудуваат. Пред сè сакаат скапа и квалитетна кожна облека, надополнета со високи потпетици и елегантни чанти. Тесните црни панталони и маичка од сатен или чипка се добитната комбинација за овој знак.

Доколку наидат на парче гардероба кое ќе им го привлече вниманието, веднаш го купуваат, не размислувајќи за цената. Скорпиите се заводници, страсни жени во љубовта, кои таквата природа ја отсликуваат и преку стилот на облекување (Деми Мур).

(16) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Ако здогледате млада дама на која секое парче гардероба ѝ стои како создадено за неа, има многу квалитетни кожни детали и по малку провокативна долна облека која ѕирка, тогаш би се согласиле дека станува збор за неодолива Скорпија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. AstroTarot Reply

    Odlican horoskop, savrsene kombinacije taman kako ih ija nosim, pogodjeno u sridu:)

  2. Анонимен Reply

    🙂

  3. teodora/stefanija Reply

    ни за риби ни за девица не е погодено

Остави коментар