Машко-женски хороскоп

Сподели

Сте се запрашале ли некогаш зошто мажите со хорскопски знак вага се различни од жените ваги?  Или зошто мажот рак и жената рак не се „правени со истиот калап“? Тоа е така, бидејќи некои хороскопски знаци значително се разликуваат во зависност од полот,  додека кај други знаци и не се забележува некаква разлика.Машко-женски хороскоп

Овен

Овните се активни, страсни и располагаат со силна енергија, а тие карактеристики се воочливи и кај машкиот и кај женскиот пол. Кај овните секогаш постои динамична амбиција да направат многу работи за кратко време. И кај двата пола се забележува натпреварувачки и авантуристички дух. Жените овни не се нежни и женствени, туку напротив се многу силни и енергично се движат кон патот на успехот..

Бик

Биковите, без разлика на полот, се добро познати по својата приземност, сталоженост, загриженост за иднината и посесивност. Додека мажите се големи гурмани и вистински уживаат во храната, жените бикови сакаат комфорен и убав дом. И мажите и жените бикови се тврдоглави, но за мажите е карактеристична големата жед за моќ.

Близнаци

Близнаците се комуникативни, рамнодушни и прилично расеани. Мажите родени во знакот на близнаци уживаат во добро друштво и забава, но се непостојани во љубовните врски и тешко се приврзуваат.  На сличен начин, жените близнаци се колебаат помеѓу тоа дали во секојдневието треба да се потпираат на својата интелигенција или на емоциите и инстинктот. Во љубовта, жените се претпазливи и одмерени.

Рак

Најголема астролошка разлика помеѓу машкиот и женскиот пол, постои кај раковите. И двата пола се емотивни и се обидуваат да се заштитат од надворешниот свет. Но со зрелоста, жените стануваат поцврсти, постабилни и се глава на семејството. Од друга страна, мажите најчесто остануваат приврзани за престилката на нивната мајка, а некои од нив остануваат засекогаш деца.

Лав

Кај лавовите постои голема сличност меѓу различните полови, со тоа што кај мажите е поочигледна потребата да бидат во центарот на вниманието. Жените родени во знакот на лав се помалку горди од мажите и се попопустливи, но често тоа го прават половично. И мажите и жените обожуваат да бидат главни во друштвото.

Девица

Девиците се зборлести, неуморни и по малку ситничави. И двата пола имаат тенденција да останат стари моми или ергени, ако не внимаваат. Мажите родени во знакот на девица, исто како и мажите близнаци лутаат во љубовта и се хиперактивни, за разлика од жените, кои ја немаат таа особина.

Вага

Овој знак е симбол на рамнотежата. Кај вагите, веднаш после раковите, воочлива е голема разлика помеѓу мажите и жените. Господин Вага има мажествено тело, а  феминистички дух, додека Госпоѓица Вага обратно, женствено тело, а силен, мажествен карактер. Тој има тенденција да биде нежен и мил, додека таа е поотворена, директна и аргументативна.

Скорпија

Не е тајна дека скорпиите се интензивни, емотивни, таинствени, жилави и сакаат приватност. И двата пола располагаат со голема скорписка енергија, со тоа што жените имаат поголема тенденција да бидат љубоморни, посесивни и остри во нивното однесување, кога се повредени.

Стрелец

Стрелците се сраствени, енергични и големи авантуристи, кои никогаш не престануваат да зборуваат. Мажите стрелци се доста силни и мажествени, а ни жените стрелци не се баш кротки и питоми. Мажите се повеќе склони кон интелектуална работа.

Јарец

Јарците имаат репутација на страшно вредни и работливи луѓе. Машките во однос на женските јарци се вистински душички. Жените се порамнодушни, оставаат крут впечаток и се многу амбициозни, и кога станува збор за успех во кариерата, и за својот статус во општеството.

Водолија

Водолиите се независни во одлучувањето, непристрасни и дефинитивно комуникативни личности. И двата пола родени во знакот на водолија имаат релаксирачки поглед кон животот и се доста тврдоглави. Машките водолии се љубители на новите технологии, а жените едноставно многу сакаат да сурфаат на интернет.

Риби

Рибите се големи сонувачи. Многу се емотивни и не се баш одлучни. Шармот и добрите манири на мажите родени во знакот на риби, ги прави привлечни за повеќето луѓе. Тој е одличен слушател и сите се потпираат на него. Таа е покревка и поранлива и понекогаш чувствува недостаток на самодоверба. Но, тоа не ја спречува во реализација на нејзините планови.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Мартин Буровски Reply

    Супер хороскоп има повеќе точни работи

Остави коментар