Љубовниот живот на Лавовите на моменти изгледа како шпанска серија, но дефинитивно вреди за целиот труд!

Како најголемите зависници од романса во зодијакот, Лавовите обожаваат да бидат заљубени и затоа кога се во врска сакаат целиот свет да го знае тоа! Некои од најпознатите љубовни романси биле токму помеѓу двајца Лавови, како на пример, Мадона и Шон Пен, Бен Афлек и Џенифер Лопез, Антонио Бандерас и Мелани Грифит, Бил Клинтон и Моника Левински… Просто и едноставно, Лавовите обожаваат драма – всушност, нивниот знак владее со неа! Ако нема огномети што го разгоруваат ноќното небо, тие воопшто не ни сакаат да бидат дел од таа врска. Црвени рози, поезија, скапи подароци… тие би прифатиле сѐ!

Љубовниот живот на Лавовите на моменти изгледа како шпанска серија, но дефинитивно вреди за целиот труд!

Сепак, најголемиот порок на Лавот е неговата потреба за внимание. Партнерот може да ги задржи крај себе само доколку му дава доволно количество внимание, но и доволно простор за да му овозможи очајно да ги брка за нова доза.

Иако изгледаат како да имаат сѐ по контрола во својот професионален и приватен живот, нивниот љубовен живот на моменти делува како шпанска серија. Пријателите им се чудат на романтичните избори, па затоа и неретко се случува да изгубат по некој пријател поради целата таа драма. Внимавајте на овој циклус, бидејќи е екстремно тешко за Лавовите да го прекршат.

Тие владеат со џунглата, и бидејќи се толку моќни, тешко им е да најдат партнер кој ќе ги следи во секој чекор. Но сѐ додека тој или таа можат да направат да се чувствуваат кралски, тие не се грижат дали се во врска со личност што не им одговара – тие секако ќе изградат уште еден трон крај нив. Обожувањето и восхитувањето може многу да помогне, всушност тоа е тајната за да задржите еден Лав во вашите прегратки. Но внимавајте, бидејќи тие брзо можат да го потрошат вашето трпение – не е лесно да се грижите за големото его на Лавовите.

Лојалноста е клучна за еден Лав, па доколку останете крај него без разлика на сѐ, тој ќе ве почитува доволно за да се бори за вашата врска. А неговото тајно оружје? Тоа е срцето! Партнерите стануваат зависни од топлината, дарежливоста и љубовта на овие моќни луѓе. Водени од Сонцето, тие се како извор на живот за сите околу нив, па затоа и многумина се задоволуваат само со топлината што сјае преку нивните зраци и прават сѐ да останат во близина, притоа не барајќи многу за возврат.

Ако ја научат вистинската вредност на тоа што можат да го понудат, Лавовите никогаш нема да се задоволат со ништо помалку од тоа што го заслужуваат. Иако понекогаш егото може да им предизвика хаос со цел да ги контролира нивните емоции, сепак со соодветната поддршка од внимателен и грижлив партнер тие можат да се изборат и да создадат врска што изобилува со љубов, поддршка и почит. На крајот, тие успеваат да научат дека жртвувањето на малку гламур може да биде одлична замена за здравата љубовна врска што ги исполнува.

Прочитајте ги и овие 12 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во знакот Лав!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар