Љубовен хороскоп за месец мај

Внимавајте што кажувате и што правите овој месец. Иако помина „опасноста“ да бидете погрешно сфатени, можеби минатиот месец сте кажале нешто што не сте мислеле. Изгледа дека овој месец носи добри промени во животот на секој знак. Погледнете што да очекувате во врските и љубовта и како да реагирате на промените што следуваат.

ljuboven-horoskop-za-mesec-maj-kafepauza.mk

Овен

Овој месец ќе донесе возбудливи промени во вашиот љубовен живот, или ќе ве натера да започнете некоја кавга. Она што мислите дека мора да го кажете околу 9-ти, лошо ќе ви се врати помеѓу 18-ти и 26-ти. Веројатно ќе го извлечете подебелиот крај од оваа ситуација, па затоа пред да преземете што било, одете во теретана, вежбајте јога, или правете нешто што ве смирува. Ако сте прибрани, со малку среќа овој месец ќе ви донесе шанса да ја продлабочите вашата врска.

Бик

Полната месечина на 10-ти ќе ја „удри“ вашата куќа на врските. Ова се случува еднаш годишно и многу е важно. Размислете што навистина чувствувате за врските со најблиските – ова е ваша шанса да станете емоционално присутни и немојте да ја испуштите. Околу 24-ти ќе бидете соочени со вашите вистински чувства и ова ќе предизвика напредок во вашите врски. Почитувајте ги вашите чувства иако понекогаш изгледаат застрашувачки.

Близнаци

Ако сте погрешиле во вашата врска подгответе се да се чувствувате вознемирено овој месец. Марс ќе биде во вашиот знак во текот на целиот мај, а ова може да бидат или одлични или здодевни вести. За вашата врска да се движи напред потребно е да бидете присутни во неа. Младата месечина на 25-ти ќе ви донесе поголемо чувство на поврзаност со другите, а може да се појави и нова искра.

Рак

Љубезноста што им ја покажувате на другите е важна. Ќе се соочите со важни одлуки во втората половина од месецот и за тоа ќе ви биде потребна поддршка. Работете на тоа да бидете добар слушател овој месец. Секој има свои чувства, а слушањето на чувствата на другите нема да ги „избрише“ вашите.

Лав

Кој го сметате за семејство? Полната месечина за 10-ти ќе ви донесе секакви емоции околу вашето чувство за поврзување и вашето место на овој свет. Ако сè сте чувале во себе наместо да се потпрете на саканите, ќе се почувствувате навистина осамено. Луѓето не ви се потребни само за да ве обожаваат, тие се овде и за да го покажете вашето вистинско лице пред нив. Ако ги убедете другите дека сѐ е во ред со вас, не мора да значи дека навистина е така. Дозволете си да бидете ранливи пред саканите.

Девица

Некои работи треба да ги пуштите да си одат. Ако сте живееле во фантазија за тоа каде сте и кои сте сега, можно е да се чувствувате лошо за себе. Понекогаш потребно е да се чувствувате вака за полесно да се соочите со реалноста. Околу 11-ти подгответе се вашите илузии да исчезнат. Обидете се да ги гледате работите онакви какви што навистина се за да можете правилно да се грижите за себе. После 25-ти ќе знаете што треба да зачувате, а од што да се ослободите.

Вага

Овој месец е полн со изненадувања за вас па, подгответе се. Луѓето се непредвидливи и понекогаш збунувачки, па советот за справување со нив е: Немојте! Не мора да разберете од каде доаѓаат сите, не мора да знаете кој е нивниот следен чекор бидејќи тоа ве одвлекува од вашите избори. Не грижете се премногу за она што го прават другите бидејќи на тој начин се оддалечувате од она што е добро за вас.

Скорпија

Скорпии, подгответе се! 10-ти е единствениот ден од годината кога полната месечина е во вашиот знак, а ова е многу важно за вашето чувствително срце. Искористете ја оваа промена за да сфатите колку сте постигнале последниве 12 месеци. Вашето емоционално здравје постојано се менува, па колку сте посвесни за него, толку подобро станува. Вашите илузии ќе се зачестат оваа недела, па ако мислите дека ве привлекува некој или дека ви е досадно со вашиот партнер, не брзајте, до крајот на месецот сè ќе се врати во нормала. Не треба да ги решавате проблемите брзо, туку правилно.

Стрелец

Сакањето себеси е внатрешна работа, но вистинскиот тест се појавува кога сте со други луѓе. Овој месец ќе треба да размислите за она што знаете дека е здраво за вас, иако може да изгледа комплицирано. Вашите врски се во фаза на промена, а ова се рефлектира на личните промени кои ги имате почувствувано кај вас. Најдобро е да не реагирате избрзано, да размислите добро каде сте и што можете да направите. Дозволете му на вашиот партнер да го држи вашето темпо пред да одлучите дека не може.

Јарец

Ако сами не си претставувате пречка, можете да искусите љубов поголема од онаа што ја имате замислувано. Начинот на кој се заштитувате е за восхит, но доколку градите ѕидови дури и кога не сте во опасност, не се заштитувате повеќе. Запрашајте се дали ѕидовите ве штитат или ве изолираат. Не мора да им верувате на сите, но мора да си верувате себеси.

Водолија

Не мора да сакате да бидете вљубени до уши. Сосема во ред е да сакате да бидете сами или во врска која вам ви одговара. Она што е важно е да бидете искрени кон себе и да се впуштате во врски кои се добри за вас. Полната месечина на 10-ти ќе побуди некои силни емоции во врска со вашите најблиски, но оставете ги да поминат. Култивирајте го саморазбирањето кое ви дозволува да привлекувате ситуации кои ве прават среќни.

Риби

Кога почнувате да викате „Не“ или кога почнувате да се менувате, лесно е блиските луѓе да почувствуваат закана. Тоа е нормално, но не значи дека мора да се занесете по чувствата на другите. Подгответе се за промените на кои работите со месеци. Не се обидувајте да ги задоволете сите, држете се до вашето бидејќи ако изгубите некој поради вашата искреност, тогаш тој воопшто не ве ни заслужувал. Од 25-ти до 29-ти бидете внимателни со вашите реакции. Ако сте ги натерале луѓето да помислат дека сѐ е во ред кога всушност не е, вината може да биде ваша.

Прочитајте и дали ќе пронајдете љубов оваа година според хороскопскиот знак.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар