Љубовен астролошки профил за женски водолии

Таа е една навистина фасцинантна девојка. Почнувајќи од нејзиниот тотално „откачен“ поглед кон животот и продолжувајќи со нејзината голема информираност од областа на политиката, ова е девојка која ќе ве избезуми и нема да можете лесно да ја декодирате. Секоја претставничка на овој хороскопски знак е различна. Ниедна жена-водолија не потсетува на друга. Таа има тенденција да биде непредвидлива, либерална, слободоумна, а честопати и малку ексцентрична.

Неретко за овие жени луѓето мислат дека водат боемски начин на живот, а тоа може да се забележи според нивниот необичен вкус за музика или стил на облекување. Токму нејзината уникатност е причината поради која оваа девојка ве привлече во првиот момент кога ја запознавте, а сега не можете да престанете да мислите на неа. Па и не морате, бидејќи заведувањето водолија, е предизвик кој ќе сакате да го прифатите.

Љубовен астролошки профил за женски водолии

Неа не ѝ е грижа дали ќе ја поддржувате во она што го прави, ниту пак ќе ужива доколку ѝ доделувате разни комплименти. Таа е безгрижна девојка на која не ѝ е гајле што другите луѓе мислат за неа, а уште помалку ѝ е гајле дали начинот на кој се однесува вади некого од такт. Таа смета дека треба да ја поседува слободата да го живее животот кој избрала да го живее, а истата слобода им ја овозможува и на луѓето во нејзиниот живот. Верува дека секој човек треба да прави што сака, сѐ додека со своите постапки не повредува некој друг. Нејзиниот отворен ум, ѝ овозможува да гледа пошироко на светот околу себе, па поради тоа е и многу добродушна личност, која ги разбира чувствата на другите луѓе. Нејзината хумана страна ја тера отворено и страсно да ги покажува и сопствените емоции.

Кога ќе ѝ пристапите на некоја водолија, одберете да го направите тоа на некој неконвенционален начин. Размислувајте покреативно и дефинитивно избегнувајте го очигледниот начин на флертување, бидејќи така сигурно нема да го привлечете нејзиното внимание. Употребете ја вашата смисла за хумор, за да ѝ се допаднете на оваа ексцентрична девојка. Доколку успеете да измамите насмевка на нејзиното лице или ако забележите дека клима со главата додека ѝ зборувате, тоа е знак дека сте на вистинскиот пат кон освојување на нејзиното срце. Ако успеете да ја однесете на прв состанок, големи се шансите дека таа е заинтересирана за вас. Ниедно место и ниедна локација не е премногу радикална за водолиите. Нејзиниот бунтовнички дух посакува да види нешто кое никогаш не го видела до сега, ниту чула за него, а кое може да биде и малку непристојно.

Љубовен астролошки профил за женски водолии

Женските водолии сакаат да прават нешта кои ги стимулираат сите нивни сетила. Таа сака да го чувствува животот со секој дел од нејзиното тело, да ја види секоја боја во спектарот, да ги вкуси сите вкусови кои постојат и да ги помириса сите мириси. Сака да експериментира со сѐ што е ново или несекојдневно. За вашиот прв состанок можете да ја однесете на некоја интересна уметничка изложба, на концерт или во некој ресторан во кој служат арапска, кинеска, мексиканска храна… Воопшто не е важно дали вие разбирате кое е значењето на уметничките дела на изложбата или дали веќе сте ја пробале арапската кујна. Важно е дека сакате да искусите нешто заедно со вашата водолија и дека го живеете животот со страст и желба за стекнување нови искуства. Искусете нешто ново заедно и таа ќе биде фасцинирана од вас и ќе сака да поминете повеќе време заедно.

Комуникацијата на воздушните знаци, меѓу кои спаѓа и водолијата, им е многу важна работа во животот. Таа е многу интелигентна и честопати е заинтересирана за многу различни теми од животот. Умее да поврзе неколку навидум неповрзани работи, во една уникатно логична целина. Таа сака да биде со некој кој ќе ја прифати онаква каква што е и ќе ѝ дозволи да си остане своја. Потрудете се да направите да се чувствува удобно, без разлика што не знаете што ѝ се врти низ мозокот.

Љубовен астролошки профил за женски водолии

Експериментирањето, возбудата и авантурите се составен дел од секој аспект од животот на една водолија. Ова се однесува и на „оние“ работи кои се случуваат зад затворени врати. Спремна е да ги испроба сите секс-трикови, а вие подобро да бидете подготвени за една незаборавна авантура под чаршафите. Таа е љубовница која искрено покажува што сака од сексот и не се оптоварува дали нешто се смета за нормална сексуална активност или не. Доколку двајцата се чувствувате убаво додека ја правите, тогаш зошто би си го скратиле тоа задоволство? Нејзината страст и разбирање, во комбинација со желбата за експериментирање и пронаоѓање нови извори на енергија, ја прават водолијата возбудлива љубовница. Пред да скокнете в кревет со неа, убаво протегнете се – еластичноста на телото ќе ви биде неопходна.

Женските водолии знаат да бидат многу непостојани и контрадикторни. Можеби денес ќе ви вели дека некоја работа е супер и ужива да ја прави, а веќе утредента нештата ќе се променат и истото тоа нема воопшто да ѝ се допаѓа. Поради оваа нејзина карактеристика, вие ќе треба да бидете некој вид „читач на мисли“, за да сфатите што навистина мисли во моментот. Не грижете се, ќе дознаете како се чувствува, бидејќи нема да ви треба многу време да ја дешифрирате. Нејзината непредвидлива природа е воедно и виновникот поради кој водолијата е тешка за „врзување“ во љубовна врска или во брак. Тоа е резултат на нејзината силна желба за независност и чувство на слобода. Сѐ додека успешно ја играте улогата на пасивен играч, ќе го одведете вашиот однос со водолијата во оној правец во кој сакате да се движи.

Клучот за да ја задржите водолијата покрај себе, е да се осигурите дека таа нема да се чувствува задушено во врската со вас. Треба да ја охрабрите да продолжи да си го истражува животот на свој начин, а не да ја оковате со синџири покрај себе. Немојте ни да помислувате да се обидувате да промените нешто кај неа, бидејќи веднаш штом го забележи тоа, инстантно ќе ве остави. Таа сака да биде со некој кој е независен и размислува на несекојдневен начин. Доколку сте сѐ од горенаведеново и плус ако немате премногу емоционални побарувања од неа, тогаш вие совршено ќе си одговарате. Најмногу од сѐ, таа сака љубовник кој може да го смета и за најдобар пријател, со кој ќе се чувствува слободно да зборува отворено на секоја тема.

Љубовен астролошки профил за женски водолии

Таа е прекрасна жена, не само однадвор, туку убави се и нејзиниот ум и душа. После само еден разговор со неа, ќе сфатите дека е многу неодолива девојка. Има големо срце, непресушна имагинација и желби во неограничени количини. Со неа ќе добиете сѐ или ништо. Па доколку ви дала шанса да ја запознаете, искористете ја приликата да станете дел од нејзините авантури, да научите нешто ново и да запознаете некој неоткриен дел од себеси. Никогаш повеќе нема да бидете истиот маж, после искуството кое ќе го доживеете со девојка со хороскопски знак водолија. Таа ќе ве промени на подобро.

Прочитајте го и љубовниот астролошки профил за машки водолии.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Свит Reply

    Точно! :)

  2. Vodolija Reply

    90% ми се погоди.

  3. mimi jaki Reply

    se e tocno

  4. despina Reply

    sve e tocno skroz

  5. ANGELINA Reply

    SEKOJA CEST ))

  6. Marija Reply

    Nemam komentar :) se e potpolno tocno

  7. Jasmina Reply

    breeeeeeeeee ,mnogu ubav opis ,sekoja cest :)

  8. Jasmina Reply

    breeeee

  9. * Reply

    Па и не е баш се точно.

Остави коментар