Љубовен астролошки профил за машки стрелци

Стрелецот е учител во душа. Вие обожавате да го слушате додека тој енергично ви зборува за… не е битно која е темата, бидејќи вие веќе се изгубивте во неговиот ентузијазам и динамичност. Неговите очи симпатично блескаат, а со неговата енергичност тотално ве привлекува. Мажите родени во знакот стрелец, знаат како да ве избезумат, благодарение на нивната романтичност и интелигенција.

Љубовен астролошки профил за машки стрелци

Се прашувате како да станете милениче на овој „учител“? Стрелците се луѓе кои обожаваат патувања и авантури и секогаш се расположени да научат нешто ново во животот. Доколку сакате да биде ваш, мора да ја поседувате истата жед за авантури и знаење. Можеби сте паметна и убава девојка, но тој ќе сака пред сè да му покажете дека знаете да бидете слатка и промислена. Дадете му до знаење дека ви е грижа за него. Покажете му дека ја цените неговата независност, дека му верувате и покрај тоа што понекогаш сака да „здувне“ некаде сам и да ги истражува неоткриените места во светот и дека сте сигурни дека тој ќе се врати назад кај вас. Тој е маж кој сака да го живее животот со полна пареа и да ги истражува сите мистерии околу себе, а вие треба да му покажете дека имате желба да чуете сè што тој открил и сака да го сподели со вас.

Љубовен астролошки профил за машки стрелци

Стрелецот инстантно ќе го привлече девојка која шири позитивна енергија и има самодоверба во врска со нејзината сексапилност. Приближете му се, подајте му ливче со вашиот телефонски број и едноставно, заминете си. Ако тој е сингл, постои голема веројатност дека ќе ви се јави. Него ќе го заинтригира тој ваш трик и ќе посака да дознае нешто повеќе за вас. Кога ќе се чуете по телефон, договорете состанок и отидете на некое ново место во градот или на некое место, на кое никој од вас не бил претходно. Не заборавајте дека состанокот треба да биде во согласност со неговата интелектуална страна, па можете да го однесете на промоција на некоја нова книга, на филм, на претстава… Разбудете ги неговите интелектуални страсти, па ако успеете доволно да го стимулирате, во него ќе се разбудат и оние другите, сексуалните страсти.

За состанокот, дотерајте се убаво. Воодушевете го со вашиот добар изглед, а потоа „пикнете му се под кожа“ со вашата интересна смисла за хумор и желба за живеење на животот со „полна пареа“. Дозволете му добро да ве запознае. Колку повеќе ве смета за интригантна девојка, толку повеќе ќе ужива да биде со вас, да ве импресионира и пријатно да ве изненадува.

Немојте да се изненадите ако на секое ваше излегување ги „затворате“ рестораните и баровите во кои сте седнале, бидејќи многу е лесно да се зазборите со часови, со маж роден во знакот стрелец. Додека зборува, слушајте го внимателно, поставувајте му прашања и побарајте го неговото мислење за некоја тема. Колку повеќе го активирате неговиот ум, толку „позагреан“ ќе биде за вас. Тој има страст за многу нешта, па сигурно ќе имате некои заеднички интереси и теми на кои ќе можете да се сложите, додека нежно го галите по неговите бутови кои се неговата ерогена зона.

Љубовен астролошки профил за машки стрелци

Покажете му ја вашата авантуристичка страна. Предложете му да одите на интересни места заедно или да направите нешто кое отсекогаш сте го посакувале, но никогаш не сте го реализирале. Можеби ќе пројде малку повеќе време додека вашиот прв состанок да заземе поголем чекор кон нешто посериозно, но истиот момент кога двајцата ќе се опуштите и ќе почнете да флертувате, сето друго ќе се случи само по себе.

Сексот со стрелец е токму онаков каков што сексот треба да биде – страстен и авантуристички. Тој сака да ја разгалува неговата љубовница и нема да има проблем да ѝ ја покаже неговата романтична и еротска страна. Тој е човек кој нема кочници. Ако нешто му прозвучи како добра идеја, тогаш тој со задоволство ќе ја реализира. Тој ќе биде воодушевен ако му предложите да водите љубов на некои невообичаени места, како на пример, надвор во природа на задното седиште во автомобилот или на изолирано место на плажа, на планина, во шума… Едно нешто е сигурно, која локација и да ја изберете, сексот ќе биде незаборавен.

Љубовен астролошки профил за машки стрелци

Можеби на почетокот сте го импресионирале со вашата остроумност и тој ве побарал пак, обидувајќи се да дознае повеќе за вас, но за да го задржите на подолг рок, треба да му ставите до знаење дека ја цените неговата независност и ќе ги почитувате неговите желби и потреби.

Тој е совршен партнер, за многу нешта. Стрелецот ќе ги почитува вашите обврски и амбиции. Не чувствува потреба да биде центарот на вашиот универзум, но ќе сака да биде дел од него. Ова момче не сака да се чувствува како да е врзан за вас и како да не смее да мрдне. Ова не значи дека тој не сака да биде во врска, туку сака да задржи дел од својата слобода, а истата ќе ви ја овозможи и вам. Вие ќе треба да научите кога да го држите цврсто покрај себе, а кога да го пуштите да оди и да му дадете до знаење дека секогаш со нетрпение ќе чекате да ви се врати и да ви раскаже сè што искусил.

Постојат многу начини за освојување на енергичното срце на стрелецот. Кога тој ќе реши дека сака конечно да се смири, ќе тежнее за пронаоѓање на реален сопатник, вистинска сродна душа. Совршена партнерка за него би била некоја која има независен дух, жед за живеење на животот, желба за учење нешто ново и желба за откривање нови можности и перспективи. Ќе ве цени доколку знаете што сакате од животот и не се плашите да се потрудите да го добиете. Исто така, покрај убавината и длабочината на душата, нему му е важна и вашата физичка убавина.

Прочитајте љубовен астролошки профил и за женски стрелци.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Waldorf Reply

    Точно е, навистина се вакви. :)

  2. Marjan Reply

    Znaci potvrdeno e,sovrsen sum:)))))

  3. Павле Reply

    Se e vistina, konecno nekoj da ja napise!

Остави коментар