Љубовен астролошки профил за машки риби

Мажите родени во хороскопскиот знак риби, пред сѐ се личности кои во секој момент ќе ви пружат поддршка и ќе ви дадат сочувство, за сето она коешто во моментот се случува во вашата глава. Без разлика дали тој е локален музичар кој го освоил вашето срце со својот милозвучен глас или ветеринар кај кој сте го однеле вашето куче и сте сфатиле дека само нему тоа не му лае, битно е да знаете дека овој креативен и чувствителен маж, ќе ги исполни вашите романтични соништа. Тој е секогаш во потрага по нешто ново и инспиративно во животот, кое ќе му овозможи да остане во својот свет на фантазијата, каде животот е убав и беспрекорен. Со неговите големи соништа и романтичен поглед кон светот, тој ќе ве замота во еден љубовен кожурец и ќе ве натера да се запрашате каков животот би можел да биде и каков во суштина е.Љубовен астролошки профил за машки рибиМашките риби се родени како романтични души, на кои им е потребна љубов и аутпут добиен како резултат на нивната креативност и фантазија. Тие живеат во свет на фантазии и го поминуваат целиот свој живот обидувајќи се да ги претворат нивните соништа во реалност. Идеална љубовна партнерка за нив би била некоја храбра и спиритуална личност. Тој сака неговата жена да биде сочувствена колку што е и самиот тој и да биде емотивно поцврста од него. Машката риба ќе очекува од својата подобра половина да го поддржува во сѐ што прави и да му помогне да ги оствари своите животни соништа. Тој копнее по пронаоѓање на своја сродна душа, со која ќе го споделува сето она коешто се случува во неговиот живот. Кога еднаш ќе ја пронајде таквата девојка, рибата ќе ѝ ја подари сета своја љубов и безусловна верност.

За да му се приближите на срамежливиот маж со хороскопски знак риба, мора да бидете дружељубива и екстровертна личност. Најверојатно ќе морате да бидете таа која ќе го направи првиот чекор во вашиот однос. Ако имате романтична душа, тогаш многу ќе се забавувате додека ја заведувате вашата риба. Бидејќи тој е идеалист, романтичар и непредвидлив во своето однесување, состаноците со него ќе ви бидат интересни и вредни за паметење. Имајте на ум дека тој е многу емотивен и бурно ќе реагира ако му ги повредите чувствата. Поради тоа, треба да го негувате неговото срце, дарувајќи му ја вашата љубов и внимание. Во оној момент кога ќе го убедите дека треба да се чувствува удобно покрај вас, вашиот понатамошен однос ќе се развива „мазно“.Љубовен астролошки профил за машки рибиВашите први состаноци треба да бидат во знакот на креативноста. Отидете во некое романтично бистро или посетете уметничка изложба. Одберете место кое знаете дека ќе ја разбуди неговата креативност. Каде и да решите да одите, потрудете се да го расположите и насмевнете. Рибите се најчесто опуштени, смирени и пасивни, но сепак ќе бидат импресионирани доколку некој успее да ги насмее. И покрај тоа што на рибите честопати им лета мислата во текот на разговорот, тие паралелно додека разговараат го читаат секој „збор“ кој говорот на вашето тело го кажува. Бидете сигурни дека го кажувате она што го мислите, бидејќи рибите можат подобро да ве прочитаат и од вашата сопствена мајка.

Рибите не се агресивни по природа. Можеби вие бевте први во заведовте за да ве забележи, но најверојатно ќе треба да го сторите истото за да ја одведете вашата врска во следната фаза. Искористете ја неговата романтична страна. Како што односот помеѓу вас ќе прогресира, предложете му вечера во комбинација со филм, во вашиот дом. Вашиот кауч е како создаден за гушкање? Одберете добра романтична комедија и меко ќебенце и галете се со него после вашата вечера. Чисто за опомена, галењето може да не биде единствената работа која ќе ја правите на каучот.Љубовен астролошки профил за машки рибиСексот со рибите е истовремено едно убаво емотивно и физичко искуство. Тие се големи заводници во кревет. Доколку се опуштите и се внесете во него, сексот со овој маж ќе ви претставува и спиритуално искуство. Рибите се одлични партнери за секс, кои најчесто уживаат и во играњето сексуални улоги. Дајте му некаква улога во која негова задача ќе биде да ве освои и дозволете му целосно да навлезе во својот карактер. Нему ќе му се допадне оваа игра, бидејќи таа ќе му овозможи да си создаде нов свет на фантазија, а веќе ви кажавме колку тој ужива во овој свет. Машките претставници на знакот риби, сакаат да почувствуваат малку ризик и да ја одведат својата партнерка на непланирани и неочекувани локации. Оние девојки кои сакаат сексуалниот живот да им биде позачинет, ќе уживаат во оваа особеност на рибите.

Рибите се најголемите романтичари од сите хороскопски знаци. Тој е како Ромео кој ја чека својата Јулија. Овој човек сака да ја пронајде својата сродна душа повеќе од кој било друг хороскопски знак. Машките риби се нежни, грижливи, сентиментални и романтични. Во однос на неговата љубовна партнерка, тој е несебичен и дури има тенденција да ги става нејзините потреби, пред своите. Никогаш не треба да се сомневате во неговата лојалност, преданост и верност. Овој маж ќе го задржите покрај себе, така што ќе ја одржувате романтиката помеѓу вас. Оставајте му симпатични љубовни белешки и картички на неговиот кревет. Испратете му љубовни СМС пораки или одведете го на романтичен пикник со свеќи. Никогаш нема да го погрешите доколку го однесете го на викенд надвор од градот на некое необично и атрактивно место, на кое ќе поминете квалитетно време заедно. За него, секој момент поминат со љубената, е бесценет.Љубовен астролошки профил за машки рибиРибите се најемотивни од сите хороскопски знаци. Тие живеат буквално во два паралелни светови: реален и илузорен. Нивните емоции варираат во зависност од она што го гледаат пред себе и она кое сакаат да го видат во својот свет на фантазии, што пак од своја страна, влијае врз начинот на кој се однесуваат во реалниот свет. Тие сонуваат на големо и работат напорно за да ги претворат нивните соништа во реалност. Нивните чувства се движат од една кон друга крајност. И доброто и лошото расположение тие го изразуваат на интензивен начин. Поради нивната моќ на интуиција, рибите имаат јака способност за читање на говорот на телото и веднаш можат да ги проценат вашите намери. Нему му е потребна партнерка која ќе биде лидер во врската и која ќе умее на суптилен начин да го држи под контрола. Неговата девојка/сопруга треба да му помага да остане „трезен“ и фокусиран на своите планови и цели, за да може да ги претвори соништата во реалност.Љубовен астролошки профил за машки рибиИскрено кажано, машките риби се опуштени луѓе по природа, но тоа не значи дека тие се лесен „плен“ во ниедна смисла на зборот. Кога тие нешто сакаат и веруваат во тоа, ништо на светот не може да ги спречи и никој не може да ги убеди во спротивното. Тој размислува со своето срце, кое му е исполнето со ентузијазам и страст. Сите негови соништа, пријатели, членови на семејството и неговиот партнер, ќе станат дел од хармонијата за која тој се бори. Со сета негова жестина и емоции, овој маж е лесно да го манипулирате (а многу и ќе го прават тоа), но вие нема да чувствувате потреба од тоа. Нему му е потребен партнер кој ќе се грижи за него и ќе биде полн со разбирање и оптимизам. Доколку ги исполнувате овие критериуми, тој ќе ви ја возврати љубовта десетоструко. Со него, ќе имате една навистина пријатна љубовна врска, исполнета со возбуда и специфична вид на романтика.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. arso Reply

    apsolutno tocno se mi pogodivte

  2. Surtuk Reply

    Se pogodija koga te ispofalija.. ^_^

Остави коментар