Љубовен астролошки профил за машки овни

Љубовен астролошки профил за машки овни

Тој е нестрплив, импулсивен, самобендисан и директен, но и покрај тоа „ве пали“ и ве предизвикува со секој свој потег. Може да се работи за вашиот шеф или колега, но тој некако успеал да ви се пикне под кожа и да се вткае во вашите фантазии. Сè што треба да направи мажот овен, е да прошета во вашето видно поле и веќе ве има, оставајќи ве со намокрени гаќички.

Љубовен астролошки профил за машки овни

Со сета самодоверба и природен шарм, тој може да ја има секоја што ќе ја посака. Како да направите да ве забележи? Што треба да направите за да се будите крај него во креветот секое утро? Иако самиот тој не е едноставен човек, да го заведете е прилично едноставно. Но, штом еднаш ќе го заведете, подгответе се за тешка работа, бидејќи тогаш доаѓа моментот кога треба да вложите екстра труд за да го задржите.

Заведување, натпреварување… кога се работи за овните, тоа е едно исто. Тој сака достоен сопатник, некој кој ќе го предизвикува и ќе го тера да се труди. Тој сака партнер кој е исто толку добар, па дури и подобар од него. Затоа, мора да сте во состојба да давате исто толку колку и што ќе добивате.

Љубовен астролошки профил за машки овни

Машките овни во љубовта се како во бизнисот. Тие вложуваат сè во сè што сакаат, но колку долго ќе го сакаат – тоа зависи од вас. Нивната решеност не им дозволува да сопрат додека не ја завршат задачата, но штом ја завршат, нивната импулсивна мотивираност ги тера да започнат нова.

Овенот мора да ве гледа во слоеви за да биде свесен дека и покрај тоа што целосно запознал еден ваш слој, има уште многу други слоеви кои треба да ги истражи. Поставете се така за да мисли дека истражувањето на вашата личност во слоеви е негова идеја, така ќе биде уште повеќе мотивиран „да ги завршува задачите“ една по една.

Започнете да го освојувате со насмевка и со вашата интелигенција. Ако не ве води здрав разум и комуникативна природа, подобро повлечете се.

Љубовен астролошки профил за машки овни

Патот до освојувањето на овенот е со искрена насмевка, насмеани очи, придружени со комплимент за нешто што тој го работи. Што повеќе правите суштински муабет, толку поголема можност да се вовлечете во неговите фантазии и да го натерате да размислува како да ве заведе.

Додека јасно ги забележувате и гласно ги потенцирате неговите добри страни, во текот на разговорот одвреме-навреме урфлувајте по некоја двосмисленост. Тој ќе продолжи да ви се покажува и да се прави важен и флертувајќи со вас, ќе ви стане уште попосакуван. Но, не предавајте се лесно. Што побрзо му се предадете, толку побрзо ќе сака да премине на нешто друго. Забавувајте се флертувајќи со него, но нека има предизвик. Сè додека знае дека има прогрес, тој ќе продолжи да ја игра играта применувајќи ги најјаките тактики. Запомнете, штом го возбудувате за да му се заруменат образите, значи го возбудувате и во долниот дел од телото. Тоа е добро, затоа што за да освоите маж овен, мора да сте способни да им го привлечете вниманието на двете глави.

Љубовен астролошки профил за машки овни

Машките овни сакаат партнер кој е полн со самодоверба, има „мозок“, но и не се плаши да го користи. Покрај тоа, неговата партнерка треба да биде палава и со импулсивна жичка. Што повеќе се опуштите и јасно ги покажувате вашите потреби кон него, колку и да се тие луди, толку повеќе време ќе имате со човекот кој го посакувате.

Тој сака да биде воден од инстинктот, а не според некои посебни правила и насоки. Покажувајќи му дека вие сте негов достоен „другар“, всушност му покажувате дека можете да го следите неговиот ритам на живот, додека сте надвор во град, но и подоцна кога ќе се згаснат светлата во спалната соба. Никогаш не дозволувајте флертот да избледи, тоа е една работа што овенот ја обожава во изобилие. Тоа му овозможува да има бистри мисли, да си го чувствува движењето на крвта низ телото, а неговиот полов орган да биде секогаш подготвен за акција.

Љубовен астролошки профил за машки овни

Никогаш нема да има потреба да се грижите за времето потребно за да го заведете вашиот маж-овен. Во ваква ситуација, кога овенот е „запален“, неговиот директен пристап и нетрпеливата природа ќе одат во ваша полза. Овните сакаат да го добијат она што го посакуваат веднаш и ќе уживаат во секој момент додека тоа трае. Штом еднаш ќе ве добијат, не давајте им се целосно, туку делче по делче, слој по слој, исто како начинот на кој треба да го заведувате.

Кога ќе помине првиот состанок ќе сфатите дека сè зависи од првиот впечаток. Облеката што ја носите и начинот на кој мирисате ќе му бидат многу важни. Вашата облека треба да покажува дека сте самоуверени и заедно со мирисот што го носите на себе да ветува дека може да понудите многу повеќе забава подоцна. Ако вие го изберете местото за состанокот, погрижете се тоа да биде со стил и да има своја душа. Секогаш бидете присутни во моментот и во добро расположение. Збунувајте го со вашите насмевки, импресионирајте го со вашата интелигенција и држете го во исчекување со вашите духовити шеги и добро насочени флертувачки погледи.

Љубовен астролошки профил за машки овни

Како што ќе привршувате на првиот состанок, во моментот кога ќе треба да си посакате „добра ноќ“, тргнете накај него како да ќе го бакнете, а потоа нагло завртете ја главата кон неговото уво и на најсекси можен начин заблагодарете му за прекрасно поминатата ноќ. Кога ќе се свртите да си одите, тој ќе остане со „изгубен“ лик и желба да добие повеќе.

Љубовен астролошки профил за машки овни

Постојано давајте му повеќе, но малку по малку на секој состанок. Предизвикајте го многу и без стил или прогрес и тој ќе мисли дека сте здодевна и ќе продолжи да бара предизвик на друго место. Кога конечно ќе стигнете до бакнежот, а потоа и до сексуалниот чин, дадете го најдоброто од себе. Дозволете му да ја вкуси вашата страст и да го почувствува вашето срце. Доколку успеете да го „здрмате“ со бакнежот, тој ќе сака да го бакнете повеќе пати. И тогаш уживајте, зашто сиот вложен труд конечно ќе се исплати.

Овенот сака да се чувствува потребен и сакан. Сака да се чувствува заштитнички, дека обезбедува и дава сè за својата избраничка. Останете искрени, директни и секогаш давајте им признание на неговите „моменти на слава“. Бидете флексибилни и прифатете ја неговата избувливост. Сфатете дека понекогаш е нетрпелив и има љубоморна „жичка“.

Љубовен астролошки профил за машки овни (3) ljuboven-astroloshki-profil-za-mashki-ovni-www.kafepauza.mk

Од друга страна, искористете ја неговата страсна и романтична страна, така секогаш вие ќе бидете добитникот. Машкиот овен е одличен партнер. Сте го направиле вистинскиот избор ако сте одлучиле да бидете со него. Одете и забавувајте се со него „за сите пари“. 🙂

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар