Љубовен астролошки профил за машки близнаци

Љубовен астролошки профил за машки близнаци

Ако ве привлекува маж роден во знакот близнаци, прво запрашајте се дали имате доволно нерви и трпение да се справите со него. Тие се родени во двоен знак – во еден момент можете да ги мразите поради нешто, а веќе во следниот нема да можете без нив. Природно љубопитен и секогаш во потрага по нова авантура, машкиот близнак постојано ги менува своите мислења, ставови и потреби. За да излезете на крај со него треба да бидете многу флексибилни и, ако можете, понекогаш да си ги задржите вашите мислења за себе.

Љубовен астролошки профил за машки близнаци

Близнаците се воздушен знак и затоа ако тој навистина ви се допаѓа ќе мора да го пуштите да дише слободно онолку колку што му е потребно. Ако се обидете да го врзете за себе, тој веднаш ќе побегне далеку од границите кои му ги поставувате. Многу е независен и потребно му е работите да ги прави на свој начин. Врската со него бара доволно храброст да го пуштите да прави што сака и кога сака, но и да му дадете до знаење дека секогаш ќе му бидете на располагање.

Машкиот близнак е интелигентен, флексибилен и лесно приспособлив. Ќе го привлечете ако и кај вас ги забележи истите особини. Тој е енергичен и сака постојано да биде во движење. Сака и ментален и физички стимул, па затоа најмногу ужива во состаноци кои вклучуваат некаква активност. Пешачење во природа е одлична идеја за средба со него, исто како и возење велосипед, па дури и партија кошарка. Сакаат многу да се забавуваат, па ако знаете дека се спрема луда забава која можете заедно да ја посетите, тоа е одлична можност да го воодушевите вашиот сакан маж-близнак.

Љубовен астролошки профил за машки близнаци

Сте договориле состанок… и сега се мислите што да облечете? Жолтата боја е одличен избор. Таа најчесто се поврзува со менталната активност и интелигенцијата, впечатлива е, а близнаците добро реагираат на неа затоа што им ги стимулира мозокот и имагинацијата. Ако не ја сакате жолтата, изберете ја која било жива боја, само немојте да претерувате со дотерување. Ако успеете веднаш да им го фатите окото со вашиот избор на облека, тие ќе продолжат со детално скенирање на вашиот изглед.

За да ја разгорите страста кај машкиот близнак прво ќе треба да го окупирате неговиот ум. Главниот трик во вашата освојувачка мисија е да го држите неговото внимание кон вас со интересни разговори. Ако знаете нешто за нивните омилени теми кое тие не го знаат, веднаш ќе се впуштат во разговор. Сака да зборува буквално за сè, вклучително и за себе и за своите размислувања, а ја мрази непријатната тишина на средина од разговорот. Машкиот близнак сака да се забавува и многу да се смее. Потребен ви е лесен и едноставен муабет, но не заборавајте да имате спремно неколку теми за разговор во ракавот за во моментот кога ќе ви „пресуши“ првата. Запомнете: патот до срцето на близнакот е преку неговиот ум.

Штом ќе успеете да го „припитомите“ неговото непостојано внимание веќе сте завршиле добра работа и можете да ги преземете и понатамошните чекори во заведувањето. Близнакот сака партнер кој знае добро да флертува и да го стави него во центарот на своето внимание. Ласкајте му, давајте му комплименти и наскоро ќе ви јаде од раката. Претставете му се со аура на комплексност и мистериозност. Нема да одолее на предизвикот да ги решава вашите љубовни загатки и ќе ја преземе иницијативата во заведувањето. Длабочината и слоевите на вашата мистериозна личност спакувани во секси пакет се магнет за него – тој обожува да ги составува делчињата заедно и да ја склопи конечната слика за вас. При заведувањето никако не спомнувајте обврзување. Вашиот однос гледајте го само во сегашно време. На почетокот на врската важно е што ќе се случува ако си одите заедно после забавата, а не што ќе се случува во иднина.

Љубовен астролошки профил за машки близнаци

На машкиот близнак не му е потребна силна емоционална врска за да ве посака во неговиот кревет. Не му е потребно да му ја докажувате вашата љубов пред да ја поминете првата заедничка ноќ. Тој сака само да ја прифатите неговата сексуална слобода, која може да биде и помалку перверзна. Бидете авантуристички расположени со него. Пробајте повеќе пози од Кама Сутра и кажете му дека ги обожавате. Тој сака валкани зборови и внимание. Ако, пак, некогаш почувствувате дека ви фали нешто повеќе во сексот, имајте на ум дека машките близнаци го обожаваат оралниот секс.

Ако со машкиот близнак сакате долга врска, не му кажувајте дека „работите на случајот“ затоа што ќе се исплаши и ќе побегне од вас. Неговиот личен простор и разновидноста во врската се клучни за да го задржите за себе. Изненадувајте го со рачно напишани пораки или со мали подароци, уживајте во заеднички активности, но тоа нека не изгледа како да градите цврста врска. Задоволувајте ја неговата љубопитност, бидете забавна и ќе го задржите за себе.

Љубовен астролошки профил за машки близнаци

Процесот на заведување на машки близнак е многу забавен. Бараат многу да ги освоите, но кога ќе дојде време да ги соберете плодовите од вашиот труд нема да зажалите. Нема лесно да ве напуштат освен ако не им стане здодевно со вас. Тие секогаш делуваат како да знаат од сè по малку, па со нив постојано ќе учите по нешто ново. Сакаат постојано да испробуваат нови нешта, многу се енергични, среќни и позитивни. Тоа сакаат да го споделат со некого, а тоа можете да бидете токму вие.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. A.K Reply

    Za lav koga? Nikogas..!

  2. pepelaska Reply

    не да е точно, само не знам кога ќе се одлучи на нешто повеќе од пријателство :)))

Напиши одговор на pepelaska Откажи одговор