Љубовен астролошки профил за машки бикови

Патот кон освојување на срцето на маж роден во хороскопскиот знак бик, е преку неговиот стомак. Тоа значи дека ќе ве обожува доколку му зготвите вкусна храна или го однесете во некој добар ресторан. Сепак треба да знаете уште неколку работи за него, пред да мислите дека со добриот рецепт од баба ви, сте блиску до неговото срце. Направете романтичен амбиент со добра музика и свеќи и покажете му дека сте вложиле енергија и страст за да направите да се почувствува добро и посакувано. Направете сѐ што мислите дека ќе ги разбуди неговите сетила и ќе бидете негова. Машките бикови се прилично тврдоглави, но се и многу лојални, заштитнички настроени кон луѓето кои ги сакаат, а најмногу од сѐ се страсни мажи. Верувајте, ниеден ваш добар гест нема да остане незабележан или ненаграден од ова момче.

Љубовен астролошки профил за машки бикови

Машките бикови се приземни, сензуални и страсни. Тие страсти не се само сексуални, туку се однесуваат на сите работи околу него како што се храната, пијалаците или материјалните работи кои ги поседува. Тој сака да си дава себеси доволно време, за да ги направи сите работи како што треба. На работен план, па дури и во приватниот живот, тој сака да им даде вистинска вредност на парите. Дарежлив е, но го очекува тоа и од останатите. Тој има јака волја за остварување на своите цели и не сака никој да го премислува и спречува во тоа. Исто така, тој е и многу посесивен – „што е негово, негово е!“ Машките претставници на овој знак се длабоко емотивни луѓе, а таа емотивност ја пренесуваат преку нивната страст во сексот. Со него, ќе се чувствувате дека сте сакани, посакувани и сигурни.

Љубовен астролошки профил за машки бикови

Во комбинација со вкусната храна, треба да знаете дека на овој маж му е многу важно чувството на безбедност. Ако сакате да го заведете, морате да запомните дека тој ќе се грижи за вас доколку и вие се грижите за него. Морате да го убедите дека може да ви верува, дека ќе бидете на договореното место, во договореното време и нема да си поиграте со неговите чувства. Кога нешто му го пласирате како вистина, немојте да си кажувате своја верзија на приказната туку вистинската. Не е потребно само да се претставувате како реалист, туку треба со него да се однесувате реалистично. Ако нешто може да биде направено, тогаш направете го. Доколку не можете – не правете го.

Кога веќе зборуваме за реалноста, имајте на ум дека биковите можат да помирисаат лага на растојание од 1 км. Обрнете внимание на она што му се допаѓа и она што не му се допаѓа. Нежните допири во невините безгрижни мигови поминати заедно, ќе го привлечат неговото внимание. Исто така, немојте во ниеден случај да ја потценувате романтиката доколку сакате да бидете со овој човек. Организирајте романтичен состанок, облечете нешто секси кое ќе биде во неговата омилена боја и поканете го кај вас дома. Удобноста на вашиот дом ќе овозможи релаксирачка атмосфера во која вие двајца ќе можете мирно да си муабетите и обострано да уживате во вашето друштво. Ако вашиот дом не е опција, тогаш некој ресторан со добра храна и придушени светла, е дефинитивно одличен избор.

На состанокот, избегнувајте да разговарате за вашите бивши момчиња, бидејќи постои голема веројатност тој да не сака да знае за нив и да не му е гајле што се случувало во вашето минато. Тој си смета дека најверојатно сте имале некаков проблем во љубовните врски кои веќе изминале, бидејќи во спротивно не би биле во моментот со него. Она што нему му е важно е дека сте сега таму со него и уживате во вашиот заеднички момент.

Бикот обично не се отвора на првиот состанок. Друг клуч за заведување на овој маж, е да ги искористите информациите кои ги знаете за него. Искористете ги во ваша полза, оние ситници во врска со неговиот карактер, на кои сте обратиле внимание во текот на минатите состаноци. Ако на пример, ви кажал дека многу му се допаѓа вашиот лосион за тело, тогаш наредниот пат нанесете поголема количина. Доколку му се допаѓа италијанската храна, однесете го во италијански ресторан и не заборавајте „случајно“ да го допирате по рамото или да го погалите по главата додека се упатувате накај автомобилот. Бидете упорни и изградете основа за врска. Доколку е заинтересиран за вас, бидете сигурни дека до крајот на вечерта тој ќе биде тој, кој ќе смислува начини како да ве „извлече“ од облеката што ја носите и да ве одведе в кревет.

Љубовен астролошки профил за машки бикови

Венера, позната како божица на еротската љубов, е планетата која управува со овој хороскопски знак. Кога ќе бидете подготвени да поиграте „танго“ очекувајте тоа да биде жешко и страсно. Имајте на ум дека ова можеби ќе биде најдобриот секс кој сте го имале во животот. Тој ќе сака сексуалниот чин да трае подолго, во кој двајцата бескрајно ќе уживате. Во него ќе има врели бакнежи, сочна предигра, многу забава и слатко измачување. Неговиот хороскопски знак го претставува животното бик, па токму поради тоа, тој и ќе ви покаже преку сексот, каков ѕвер се крие во него. Откако ќе го искусите него на својата кожа, тешко дека ќе бидете спремни да примите некој друг маж во вашиот живот.

Љубовен астролошки профил за машки бикови

Доколку премногу се заљубите во него и сметате дека ќе останете вечно емотивно „оштетени“, немојте премногу да се грижите, бидејќи доколку тој ве сака и сака да биде со вас, тогаш тој и ќе го стори тоа. Биковите сакаат да бидат во долга љубовна врска. Неговата страст и жештина се претвораат во тотална посветеност кон неговиот партнер. Вие сте негова и тој постојано ќе ве потсетува на тоа, правејќи ситни и крупни работи со кои ќе ви ја докажува неговата љубов кон вас. Доколку еднаш сте успеале да го освоите неговото срце, тој ќе очекува и понатаму да го сакате, да му дозволувате да се грижи за вас и да му ја возвратите неговата лојалност и посветеност.

Машките бикови доаѓаат во пакет со високо ниво на интензитет и страст, што некои девојки го сметаат за проблем со кој не можат да излезат на крај. Тие се тврдоглави, безрезервни и категорични. Понекогаш се и избувливи и покрај нивната срамежлива надворешност. Тие не се откажуваат од својот начин на размислување и понекогаш посесивно го бранат она што го зборуваат. Воедно, овие мажи се бавни во сѐ што прават и мразат кога некој ги избрзува. Тој сака да го извлече максимумот од својот живот и целосно да го сподели со својата љубена.

Запомнете дека секогаш треба  да продолжите да изнаоѓате начини да го заведете и да го одржувате неговото чувство на стабилност и страсност. Бидете приземни, ориентирани кон остварување на вашите цели и практични. Покажете му колку го почитувате и колку ги цените малите слатки нешта кои ги овозможува животот. Со него, ќе бидете исто толку среќна додека сте во дискотека полна со луѓе, како и кога седите по дома. Бидете сензуални, нежни и уживајте во вашата сексуалност за да ја развиете неговата имагинација. За секоја негативна мисла, бикот може да ви понуди позитивно решение или начин на размислување.

Љубовен астролошки профил за машки бикови

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. miki Reply

    aloo juni sme dajte za bliznaci vekje :DDDD

    • Кафе пауза Reply

      Ќе биде Мики наскоро, ти ветуваме 😀

      • Isabella Reply

        I za zenski bliznaci :))

  2. Ema Reply

    AMA ZA ZENSKI BLIZNACI ne samo za maski 😀

  3. Ana Reply

    Sve e tocno od zbor do zbor,steta sto jas go izgubiv mojot bik,no moram da najdam nacin da go vratam nazad.

    • Dancho Reply

      da se prijavam jas volonterski ako sakas :)

  4. elena Reply

    se mi se dopaga samo ona za hranata ne e bas romanticno 😀

  5. рибичка Reply

    и јас се заљубив во бикче ♥

Остави коментар