Љубов од која нема враќање назад: Нема да можете да го извадите од глава овој хороскопски знак!

Љубов од која нема враќање назад: Нема да можете да го извадите од глава овој хороскопски знак!

„Признавам, се плашев да љубам. Не само да љубам, туку да ја љубам неа. Таа е тајна. Во себе носи нешто што никој го нема сфатено досега и јас плашев дека нема да успеам, исто како и сите останати. Таа беше океан, а јас момче кое ги сака брановите, но се плаши да плива.“ – Кристофер Поиндекстер

Овие зборови совршено ја опишуваат љубовта на еден хороскопски знак, од која нема враќање назад. Дури и да ви се разделат патиштата, тој секогаш ќе биде тука и нема да можете да го извадите од глава. Ќе го чувствувате присуството на овој хороскопски знак како топло сонце на гола кожа, како дожд на трепки и како мирис на првиот снег што го покрива неплодното тло. Најмистериозниот дел од неговата љубов е начинот на кој тој се обвива не само околу саканите, туку и околу нивната душа.

Љубов од која нема враќање назад: Нема да можете да го извадите од глава овој хороскопски знак!

Станува збор за најромантичниот знак – Риби! Рибите ги збунуваат и истовремено ги плашат нивните љубовници. Тие се горчливо слатки, бидејќи колку што може нивната љубов да опие толку може и да отруе. Сепак, без разлика колку е тешко да се љубат Рибите, речиси невозможно е да им се остане рамнодушен.

Емоциите на Рибите се лесно видливи во нивните очи. Тие со едно трепкање можат да ѝ ја покажат својата љубов на саканата личност и таа ќе се изгуби во нивниот поглед што ја отсликува недопирливата душа на Рибите.

Рибите имаат стари души. Тие го носат во своето срце знаењето на илјадници ѕвезди и ги разбираат нивните партнери на сосема поинакво ниво. Припадниците на овој знак се способни да ве разберат без да им дадете објаснување. Тие ќе ве прифатат безусловно и секоја друга љубов делува безначајно во споредба со нивната. Рибите не можат да сакаат половично, па затоа тие целосно го отвораат своето срце.

Рибите се како долго посакуван мирен сон, кој нивните партнери никогаш не помислиле дека ќе го имаат. Рибите имаат срамежлива насмевка и даруваат заводливи бакнежи. Тие се романтични и сакаат да сонуваат. Не им е тешко да зачекорат во светот на фантазијата, кој не само што го создаваат туку и го живеат поголемиот дел од времето.

Љубов од која нема враќање назад: Нема да можете да го извадите од глава овој хороскопски знак!

Откако ќе поминете некое време со Рибите во светот на соништата, никогаш повеќе нема да бидете задоволни со земското постоење во кое многумина уживаат. Сѐ што прават Рибите делува како магија.

Најволшебен е начинот на кој Рибите ја љубат душата на нивните сакани. Рибите сакаат да угодуваат и неизмерно уживаат кога се грижат за партнерот. Рибите секогаш ги изненадуваат своите љубовници. Секој поминат ден со нив е нова авантура, бидејќи тие секој ден се менуваат.

Рибите знаат дека вреди да ги чекаат работите што им значат. Тие се многу трпеливи и полни со разбирање и токму поради тоа нивните љубовници одново и одново им се враќаат назад. И покрај тоа што понекогаш нивните соништа се луди, откако партнерите ќе им ја видат искрата во очите, Рибите им се вовлекуваат под кожа и тие стануваат зависници од нивната љубов.

Оваа зависност се заснова на душата, а живее во срцето. Таа им дава блага насмевка на лицата на нивните партнери, бидејќи тие знаат дека го имаат она што сите останати го посакуваат. Љубовта на Рибите предизвикува чувство на тонење во најдлабокиот и најсиниот океан, уживање во брановите и осознавање дека единствениот начин да успеете во љубовта е целосно да ѝ се препуштите.

Во продолжение дознајте зошто Рибите се совршена комбинација од страст и интелект.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар