Љубоморни, насилни и вешти манипулатори: Хороскопот ви открива кои се најлошите мажи на светот!

Според зодијакот, водените знаци се сметаат за пасивни брачни партнери, огнените за љубоморни и посесивни, а воздушните за либерални. Земјените знаци премногу критикуваат, но затоа, пак, се многу отворени. Сите си имаат и позитивни и негативни страни, но постојат 3 хороскопски знаци кои ги бие глас дека се ужасни сопрузи! Во продолжение, дознајте кои се тие…

Љубоморни, насилни и вешти манипулатори: Хороскопот ви открива кои се најлошите мажи на светот!

Девица

Иако вешто го кријат тоа, припадниците на овој знак се многу љубоморни и несигурни. Девиците почнуваат да ги покажуваат своите слабости со текот на времето, односно во моментите кога ќе почувствуваат дека со сигурност го освоиле срцето на партнерката. Тие обожуваат да контролираат и манипулираат поради што не се идеалните брачни партнери.

Бик

Биковите се многу посветени на кариерата, а во состојба се да ја стават својата работа пред бракот и децата. Тие се многу одговорни, па затоа некогаш знаат да останат до доцна во канцеларија, наместо да посветат време на својата сопруга. Истовремено, тие се големи хедонисти и познати се по нивната елеганција благодарение на која го освојуваат женскиот пол. Биковите ги опсипуваат своите сакани со скапи подароци и прекрасни комплименти, но не им го подаруваат она што најмногу им треба, а тоа е нивното време и внимание.

Риби

Рибите најчесто самите влетуваат во отровни врски. Машките припадници на овој знак се познати по нивното бескрајно разбирање и чувствителност, поради што оставаат впечаток дека се совршените луѓе со кои некој би посакал да го помине животот. За жал, честопати налетуваат на погрешна личност која не знае да ги цени сите нивни квалитети. Со оглед на тоа што се многу наивни, Рибите секогаш ја прифаќаат вината дури и да не погрешиле, па поради тоа многу се несигурни и им стануваат здодевни на сопругите.

Дознајте и кои хороскопски знаци се најдобри сопрузи.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар