Лав и лав – пријателска комбинација

Секогаш кога некој лав ќе почувствува силна потреба да пронајде личност која вистински ќе го почитува, треба да си најде другарче со кое го дели истиот хороскопски знак. Исклучителниот шарм, смислата за хумор, грациозноста и убавината која ја поседува секој лав, ќе бидат најмногу забележани и почитувани од страна на другиот лав. За возврат, првиот лав ќе биде фасциниран од тоа колку е талентиран, забавен и прекрасен неговиот новопронајден пријател. После неколку часа откако ќе се запознаат, овие двајца ќе почнат да си разменуваат  искрени прегратки, интерни шеги и да си делат екстравагантни комплименти.Лав и лав – пријателска комбинацијаОдвреме-навреме, лавот ќе го разнишува трпението на другиот лав со својот егоизам, бидејќи секој од нив смета дека неговите проблеми се поголеми и поважни од сечии други.

Доколку двата лава можат да си ја толерираат нивната пренагласена себичност, ќе можат и да уживаат во нивното квалитетно пријателство, кое е вистинско и искрено. Делејќи го истиот знак, овие двајца пријатели имаат слични интереси, како гледање филмови, сликарство и тимски спортови.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Lalala Reply

    Konecno nesto i za lav 😛 .. ljuboven astroloski profil za zenski lavovi koga? (: :*

Остави коментар