Колкава е веројатноста да се смирите со поранешниот партнер според хороскопскиот знак?

Колкава е веројатноста да се смирите со поранешниот партнер според хороскопскиот знак?

Секој од нас се нашол на раскрсница прашувајќи се дали некоја врска би успеала доколку ѝ дадеме втора шанса. Можеби некој од вашите поранешни партнери веќе пробал да стапи во контакт со вас или пак, можеби, вие сте помислиле да го направите тоа. Но, пред да преземете што било, проверете колку е веројатно бившиот партнер да ве прими назад според неговиот хороскопски знак.

(1)kolkavi-se-sansite-da-se-smirite-so-poranesniot-partner-spored-horoskopot-kafepauza.mk

Овен: Сѐ додека води до секс

Овните, водени од планетата на војната, Марс, обожаваат да влегуваат во конфликти. Но исто толку уживаат и во нежности и смирување. Па, додека секоја врска ја завршуваат со намера никогаш повеќе да не прозборат со поранешниот партнер, речиси секогаш крајот ќе биде проследен со секс од одмазда.

Бик: Простуваат, но не забораваат

Иако се тврдоглави, Биковите неретко простуваат. Дури и кога некој многу ќе им згреши и ќе решат да стават крај, тие сепак со текот на времето можат и да простат. Но ретко, ако не и никогаш, нема да заборават. Биковите имаат дарба да забележат измамник, па доколку се обидувате да се смирите со припадник на овој знак, треба вистински да се каете.

Близнаци: Можно е, но не и веројатно

Близнаците се тешки за одгатнување. Штом кренале рака од некоја врска, шансите за да ѝ се вратат на истата се од 40 до 60 проценти. Тие многу добро ги гледаат сите страни на ситуацијата, но ова може да доведе до нивно искористување. Штом некој ќе им згреши, не простуваат толку лесно колку што нивниот пријателски однос може да ве натера да поверувате.

Рак: Секако! Кога ќе се вселите?

Раковите ги гледаат нивните партнери како дом, некој кому можат да се вратат, некој кој прави да се чувствуваат безбедно и утешено. Секој може да забележи кога врската на Ракот се распаѓа. Тие се чувствуваат изгубени, и имаат потреба од нова сериозна врска. Во моментот кога ќе се спомне простување, Раковите се спремни да се смират. Можеби не веднаш, но за многу брзо време.

Лав: Сигурно се шегувате

Лавовите никогаш не би се смириле со поранешен партнер. Причината за ова е што или не почувствувале хемија во врската, или партнерот навистина им згрешил. Ако некој му направи лошо на Лав, тој не само што нема да се смири со него, туку Лавот ќе направи сѐ за и целиот град да не ја повтори неговата грешка.

Девица: После сѐ што ѝ направивте?

Девиците можат да простат сто пати пред конечно да решат да се разделат со некого. Но штом ќе дојде до разделба, веројатноста да се поправи штетата е помала од 0,005 проценти. И не само тоа, Девиците секогаш ги обвинуваат бившите партнери за лошиот исход на врската. А тоа, знае навистина да боли.

Вага: Сѐ може да се случи

Вагата прифаќа дека има еднакви страни на секоја ситуација, па шансите да се смири со поранешниот партнер се пола/пола. Всушност, бидејќи Вагите се безнадежни романтичари, можат да прогледаат низ многу работи. Само не им давајте нешто лошо за памтење.

Скорпија: Веројатно да

Штом Скорпија ве љубела и ве напуштила, вие сте мртви за неа. Но, има неколку хороскопски знаци од кои не можат целосно да се одделат. Рибите, другите Скорпии и Девиците се знаци од кои тие се прогонувани, без разлика што сакаат да ги заборават. Шансите за овие три знаци се зголемуваат кога е во прашање смирување со Скорпија, па дури и ако е само за една вечер.

Стрелец: Нема шанси

Стрелците, со нивното позитивно однесување, можат да ве натераат да помислите дека би се смириле со вас. Но од друга страна, тие имаат високи стандарди за нивниот морал. Кога се залагаат за нешто, Стрелците се држат цврсто до своето мислење. Дури и кога сакаат да се смират со некој, нема да го направат тоа поради своите принципи.

Јарец: Повторно обединети и чувството е одлично

Да, Јарците даваат втора шанса, но има уште нешто. Тие се како еден вид воспитувачи на своите партнери, па затоа ќе се осигурат дека сте си ја научиле лекцијата пред да ви дадат втора шанса. Сигурно би ве примиле назад, но очекувајте да бидете на „условно“ многу долго време.

Водолија: Не бидете глупави

Искрено, Водолиите се многу зафатени. Тие заборавиле на вас уште во моментот кога сте ја напуштиле просторијата.

Риби: Не, но засекогаш ќе мислат на тоа

Рибите се сонувачи, па генерално не би се смириле со поранешен партнер. Но, ќе мислат на тоа во текот на целиот нивен живот. Рибите го одбираат тој начин бидејќи вистинската реалност е многу посурова од реалноста која тие ја имаат во својата глава.

Па, ете. Сега, штом се вооруживте со потребните информации, ви посакуваме среќа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар