Која е животната филозофија на секој хороскопски знак?

Секој хороскопски знак има свои лични убедувања кои го презентираат она што му е најважно, начинот на којшто функционира во светот и која е неговата животна филозофија. Личното убедување е длабоко вгнездено во секој човек и го сумира целиот наш живот. И покрај тоа што карактеристиките на претставниците на еден хороскопски знак се манифестираат различно кај секој човек, животната филозофија, сепак е заедничка особина, која нè поврзува со сите членови на тој знак. Прочитајте која е вашата мисла, која ве води и дефинира во животот.

Која е животната филозофија на секој хороскопски знак?

Овен: „Јас сум.“

Од овенот го добивате токму она што и го очекувате од него. Неговите постапки се искрени, вистинити и тој поседува дарба да биде целосно присутен и посветен на секој миг од неговиот живот.

Бик: „Јас имам.“

Бикот го цени сето она што го има во животот: луѓето, искуствата, материјалните работи и себеси. Тој ги цени сите овие нешта многу длабоко и си ги чува блиску до срцето.

Близнаци: „Јас мислам.“

Овој хороскопски знак има жед за информации и силен, активен ум во кој постојано нешто се случува. За близнаците, човечките мисли претставуваат најголемата вредност во животот.

Рак: „Јас чувствувам.“

За ракот, животот претставува една целина од емоции, бидејќи тој има тенденција да гледа на сѐ, низ емоционални „очила“. Тој ги цени и вреднува човечките емоции повеќе од сѐ друго во животот и ги охрабрува и другите луѓе да го сторат истото.

Лав: „Јас можам.“

Моќта на волјата кај лавот е ненадминлива, а неговата внатрешна сила – незапирлива. Не постои сомнеж дека лавот ќе го исполни сето она коешто го наумил.

Девица: „Јас анализирам.“

Девицата има бистра свест за сето она коешто се случува околу неа и уникатна способност да ги подреди сите комплексни ситуации и да ја изнајде смислата, на онаа луда работа којашто се нарекува живот.

Вага: „Јас балансирам.“

Вагата поседува талент да создаде рамнотежа во својот и во животот на луѓето околу неа. Нејзината мирољубива природа ѝ овозможува да внесе чувство на хармонија секаде каде што е присутна.

Скорпија: „Јас посакувам.“

Желбите кај скорпијата се длабоко сраснати и многу интензивни. Кога скорпијата силно посакува нешто со сето свое срце, таа нема да се смири додека не го спроведе тоа до крај и го претвори во реалност.

Стрелец: „Јас гледам.“

Стрелецот е оптимистичен и има отворен ум, што му овозможува да го гледа светот низ широка перспектива. Неговата умствена неограниченост е уникатна и освежувачка за луѓето околу него.

Јарец: „Јас користам.“

Јарецот умее да ги искористи сите ресурси со кои располага, повеќе од кој било друг хороскопски знак. Тој дефинитивно ќе ги оствари сите цели кои наумил да ги реализира.

Водолија: „Јас знам.“

Бистриот и неограничен ум на водолијата ѝ овозможува лесно да акумулира информации и едноставно да им пристапува на сите животни ситуации. Како социјално битие, водолијата сфаќа дека нејзините познавања добиваат најголема вредност, кога ќе ги сподели со останатите луѓе.

Риби: „Јас верувам.“

Како вечен мечтател, рибата секогаш првенствено ѝ верува на сопствената интуиција и се дефинира себеси врз основа на нејзиниот внатрешен свет. Нејзините верувања, идеали и емоции се тие, кое ја водат рибата низ животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар