Кој е вашиот љубовен модалитет, и што всушност значи тоа?

Кој е вашиот љубовен модалитет, и што всушност значи тоа?

Додека вашиот знак кажува многу за вашата енергија и карактер, вашиот модалитет е малку позната астролошка категорија која опишува како ја изразувате таа енергија. Се дели на 3 категории – кардинална (иницирање активност), фиксна (стабилно влијание) и променлива (застапник за промени).

koj-e-vashiot-ljuboven-modalitet-i-shto-znachi-toakafepauza.mk

Ако го знаете вашиот модалитет, многу лесно ќе ги откриете вашите предности кои можете да ги понудите на работното место и во своите односи. Откријте кој е вашиот модалитет уште сега.

Кардинални

Овен, Рак, Вага, Јарец

Вие не зборувате, вие делувате. Дежурни сте за решавање на проблемите во светот на хороскопот. Иновативни сте, одлучни и подготвени сте за ризици. Адреналинот кој го чувствувате после успешно извршената задача брзо ве носи кон нов предизвик.

Фиксни

Бик, Лав, Скорпија, Водолија

Имате силна волја и ја цените постојаноста. Внимателно пристапувате на запознавањето нови луѓе, но кога ќе пронајдете нешто што сакате, верни сте до крајот на животот. Не сакате кога ви наметнуваат промени, но кога сте подготвени и за тој чекор, тоа го правите брзо и квалитетно.

Променливи

Близнаци, Девица, Стрелец, Риби

Можете да се сложите со сите. Имате талент за вклопување во кое било друштво, а во тоа во помага вашата внимателност и љубовта кон истражувањето. Иако си имате свои приоритети, најверојатно со задоволство ќе го работите она што ви изгледа најдобро, а не она што сте го зацртале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар