Кога хороскопските знаци се поканети на службена забава…

Успешна фирма го прославува својот јубилеј. На овој важен настан се поканети сите хороскопски знаци. Некои ќе отидат со задоволство, други бидејќи се чувствуваат должни, трети се во дилема. Што тие размислуваат кога ќе ја добијат поканата, дознајте во забавното сценарио подолу.

koga-horoskopskite-znaci-se-pokaneti-na-sluzhbena-zabava-kafepauza.mk

Овен: Да го проверам распоредот: после теретана, јадење, состанок со Перо, шопинг, состанок со Јуле – добро, во 8 стигнувам. Па и да задоцнам, сите тогаш ќе го забележат моето пристигнување.

Бик: Ќе има јадење. Веројатно нема да удават со приказни, бидејќи набрзо ќе ми се приспие.

Близнаци: Илјада настани истовремено. Леле, обожавам настани. Морам сè да … Умирам од возбуда. Па, ова е тотален хаос.

Рак: Повторно средба со прекрасни луѓе. Ќе ја земам и девојка ми да ги запознае сите.

Лав: Само нека има доволно светло за да ја видат сите мојата спектакуларна тоалета. Има да паднат во несвест.

Девица: Како ли го организирале настанов? Претпоставувам само јас ќе бидам на време. Ако е валкано како на нивниот претходен настан, си одам!

Вага: Дали да одам или да не одам? Сега морам да мислам и кој фустан да го облечам. Немам ништо да облечам. Кој сè воопшто ќе има таму? Каква музика планираат да пуштаат?

Скорпија: Уау, идат моите омилени цициња од одделот за пиар. Морам да ги добијам вечерва. Ако не ми успее, Скорпија да не се викам.

Стрелец: Тоа народе, забава! Дајте нови фаци. Ќе се воодушеват од моите фантастични финти.

Јарец: Ми значат вакви настани, сигурно ќе запознаам некои респектабилни фаци од бизнисот. Ќе си ја понесам и актовката и ќе земам повеќе визитки. За секој случај ќе облечам одело иако рекоа дека ќе биде неформално.

Водолија: Пак замараат со некои „задолжителни“ собири. Ќе навратам ако ме однесе патот натаму.

Риби: Па добро, ќе одам. Не сакам никого да разочарам, иако повеќе би ми одговарало да се одмарам после напорниов ден.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар