Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Постојат многу видови тематски хороскоп, но овој сигурно е еден од најинтересните и најсимпатичните кои досега сте ги прочитале. Во продолжение ќе видите кој вид колаче најмногу соодветствува на вашиот вкус, карактер и хороскопски знак.

Овен – колаче со фил од лимон

На огромната енергија и самодоверба со која зрачи еден овен, му одговараат само силни вкусови како оној на лимонот. На толку смелост и решителност, никој не може да ви застане на патот. Секогаш знаете како да ги започнете работите.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Бик – колаче со фил од морков

Традиционален вкус на колаче. Практични и вредни, но со прекрасен кремаст фил. Сте се соочиле со непријателите и сте издржале. Сите ја сакаат вашата поддршка, а вие никогаш не ги разочарувате.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Близнаци – чоколадно ванила колаче

Плаќаш едно, а добиваш две. Имате две различни страни на карактерот, но тие прекрасно се спојуваат во совршена хармонија. Флертувате, но и сте сериозни, секогаш полни со став и вкус.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Рак – колаче со ореви

На моменти знаете да бидете премногу емотивни, но не грижете се. Како и ова колаче, меки сте, полни сте со сочувство и љубов, но сепак имате и своја тврда страна. Сите ја ценат вашата посветеност кон другите и неодоливата ексцентричност.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Лав – колаче со фил од тиква

Како филот со вкус на тиква на ова колаче, топли сте и самоуверени. Никој не може да ви одолее. Поседувате елеганција и скап вкус.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Девица – виолетово колаче со фил од мед

Вие сте деликатен цвет, исто како виолетовото колаче со фил од мед. Нежно и суптилно се обидувате да му помогнете секому. Понекогаш дури и премногу. Не преоптоварујте се. Седнете, опуштете се и уживајте во ова колаче со шолја топол чај.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Вага – разни колачиња

Земајќи ги предвид разноликоста на вашата личност, не можете да бидете претставени само со едно колаче, една големина, форма и вкус. Вие во себе ги содржите сите нијанси на харизма и шарм. Создавате хармонија наспроти едноличноста која владее наоколу.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Скорпија – црвено кадифено колаче

Скорпии, зад вашата кул, смирена, воздржана надворешност, се крие страсна и полна со вкус внатрешност. Исто како овој вид колаче, во себе криете голем сплет на вкусови.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Стрелец – колаче со фил од кафе

Како и ова колаче, вие сте филозофски настроени и секогаш расположени. Можеби повеќе ветувате одошто остварувате, но сепак сте дел од секоја ужина. Одлично одите со чаша кафе.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Јарец – колаче со фил од ванила

Вие сте најсериозниот знак во хороскопот. Конвенционални, спремни да го решат секој личен или професионален проблем. Како и ванила-колачето, вие сте човек на кој останатите му веруваат и можат да се потпрат.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Водолија – чоколадно колаче со фил од ванила

Вашата силна чоколадна енергија совршено се сплотува со слаткиот, срамежлив вкус на ванилата и така двете заедно го создаваат ова колаче. Со еден збор, го имате најдоброто од двата света.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?

Риби – колаче со виножито-фил

Вие ги прифаќате луѓето и нештата онакви кави што се. Како и колачето со виножито-фил, вие сте уметнички души и посебни луѓе на кои сите им се восхитуваат.

Кое колаче сте според хороскопскиот знак?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар