Какво влијание ќе има денешното помрачување на месечината на хороскопските знаци?

Денес, на 31-ви јануари, во 14.29 часот ќе се случи многу ретко затемнување на месечината. Како прво, ова е втора полна месечина во овој месец („сина месечина“), а овој феномен се случува многу ретко. Последен пат е забележан во јули, 2015-та година. Но, овој пат ќе се случи и уште еден фасцинантен феномен – а тоа е помрачувањето. Помрачување на сина месечина се нема случено од март, 1866-та година, а оваа еклипса е многу помоќна и поинтензивна од вообичаените.

Какво влијание ќе има денешното помрачување на месечината на хороскопските знаци?

Последната „вообичаена“ месечева еклипса беше на 7-ми август минатата година. Со неа започнаа некои процеси кои денес завршуваат. Обидете се да се сетите што се случувало тогаш и што сте правеле во текот на наредните 6 месеци. Сега е време да ставите точка, да донесете одлука и да завршите едно поглавје во вашиот живот, без разлика дали станува збор за приватниот или професионалниот живот.

Веројатно прашањата за срцето, љубовта, пријателствата, децата, хобијата и егото ќе бидат главни теми. Вашето срце ќе ве води на место на кое се чувствувате посебно, сакано, во односи кои ќе ви помогнат да се чувствувате како единствена и креативна личност. Не можете да се криете од љубовта. Не можете да бегате од неа и да ги одбирате луѓето кои не сакаат да ви ја возвратат. Страв ви е да го отворите срцето, а патите кога сте ранети од губењето на љубовта. Ќе се зголеми гладот за внимание, а егото може да стане доминантно и уште толку да ве оддалечи од исполнувањето на желбите.

Треба да бидете себични и да се поставите во центарот на вашиот живот, да ги исполните вашите потреби, бидејќи дури тогаш ќе можете да им го дадете најдоброто на другите. Кога постојано давате, ќе се чувствувате истрошено, а ќе страда и вашето емоционално, ментално и физичко здравје. Ако вие не сте во форма, ништо околу вас нема да биде во форма. Затоа мора да се грижите за себе и за она што ви е важно, а дури потоа можете да се „поделите“ со светот на здрав начин.

Понекогаш ова моќно помрачување на месечината може целосно да го преврти вашиот живот. Тоа можеби нема да се случи денес, но настаните до наредното помрачување ќе размрдаат многу делови од вашиот живот. Имајте на ум дека ако изгубите нешто или ако прекинете некоја врска, таа немала некоја иднина. Ако се разболите, тоа ќе ви биде знак дека е време да забавите и да почнете да се грижите за себе. Ќе ви се случат и многу нешта на работното место кои ќе ве натераат да ја подобрите вашата ефикасност, но и да научите нешто од проблемите кои ве притискале. Можеби ќе сметате дека е време да пронајдете излез и да тргнете кон нешто сосема ново.

Оваа еклипса може да донесе и некој крај во вашиот живот. Но, крај на нешто што повеќе не ви е потребно. Ќе има големо „чистење“, а сè што ќе ви земе универзумот, ќе ви го земе затоа што тоа би ве кочело во иднина и само би ви предизвикувало проблеми. Ако продолжите по истиот пат со сигурност ќе заглавите, а враќањето од таму ќе биде потешко и подолго. Кога без страв и несигурност ќе го прифатите она што доаѓа во вашиот живот, ќе ја отворите врата за нов почеток кој навистина може да биде чудесен.

Затоа, отстранете ја емоционалната болка, простете, оддалечете се од нештата кои ве исцрпуваат и не ве водат никаде. Кога ќе ги отстраните негативните верувања и лошите врски, ќе почнете одново да дишете и ќе бидете подготвени да примите нешто подобро. Додека се држите за партнерот кој не ве сака, работата на која одите со сила, несигурноста која ги храни вашите стравови, нема напредок. Ги повторувате истите работи очекувајќи чудо, но единственото чудо е тоа што го живеете она што го мислите и чувствувате. Ако живеете во страв, ќе привлекувате искуства кои ќе ви го потврдуваат стравот. Ако мислите дека не знаете и дека не заслужувате подобро, ќе бидете во лоша врска или ќе имате работно место кое го мразите.

Аспектите на помрачувањето ќе активираат емоционални шеми кои ќе излегуваат на површина во наредните месеци. Набљудувајте што ќе се случи кога ќе делувате и одлучувате со вашето срце, кога ќе ве води вашата страст. Со овие аспекти може да дојде до големи промени кај вашите блиски односи, па дури и оние на работното место.

Ова помрачување најмногу промени ќе им донесе на Водолиите, Лавовите, Скорпиите и Биковите, како и на оние кои имаат некој од овие подзнаци. Ќе го почувствуваат сите, но во кој дел од животот зависи од тоа на кое поле од вашиот хороскопски знак ќе се манифестира помрачувањето.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар