Какви се машките и женските ракови под површината?

Какви се машките и женските ракови под површината?

Какви се жените родени во знакот рак?

Женските ракови се познати по нивниот силен мајчински инстинкт, заштитничка природа и тенденција кон честа нерасположеност. Тие се секогаш инспирирани да им помагаат на другите и да одат до крај за да ги заштитат оние кои ги сметаат за „свои луѓе“.

Какви се машките и женските ракови под површината

Еве неколку особини кои можете да ги сретнете кај жена, чиј астролошки знак е рак:
  • Однадвор цврсти, но однатре меки. Ова значи дека мајчинската страна на раковите, е добро истренирана. Тие можат ефикасно да ги воспитаат и дисциплинираат нивните деца, но истовремено и да им покажат голема љубов и нежност.
  • Неверојатно лојални, женските ракови се најчесто и одлични сопруги. Тие се чувствуваат одговорни за заштитата на нивното семејство.
  • Но, овој знак секако има и неколку мани. Повеќето ракови, имаат комплекс на помала вредност, како и тенденција да реагираат прекумерно на не толку важни работи. Исто така, тие имаат тенденција лесно да се навредуваат и да си ја „трескаат главата од земја“ поради тоа. Понекогаш е тешко да ги дешифрирате овие жени. Тие имаат тенденција да живеат во минатото или во нивниот имагинарен свет.
  • Ако сте жена-рак, вие сте дипломат и мирољубец. Не сакате конфронтации, но доколку треба да одбраните пријател, вие дефинитивно ќе го направите тоа, без многу двоумење.
  • Карактерните особини кај овие жени варираат од срамежливост до желба да бидат во центарот на вниманието. Тие може да бидат чувствителни, љубезни, романтични, да имаат уметничка душа, но знаат да бидат и ексцентрични, надуени, самобендисани и наметливи.

Да се биде рак, е одлично кога работите се тргнати кон нагорна линија. Опколени со позитивна енергија, жените родени во овој знак се фантастични лидери, уметници, инспиративни говорници и одлични пријатели.

Какви се машките и женските ракови под површината

  • Нивните емоции интензивно „пливаат“ под цврстата надворешност. Нивната „женска интуиција“ е многу силна, па поради тоа тие многу се „потпираат“ на неа во донесувањето одлуки.
  • Кога се најлошо расположени, женските ракови се познати по нивната намуртеност. Поради нивната голема варијација во расположението, тие секогаш ги разбираат чувствата на нивните пријатели.
  • Ако сте жена со хороскопски знак рак, вие најверојатно почесто ја користите фразата „Јас чувствувам“, отколку „Јас мислам“, „Јас верувам“, „Те слушам“. Ова е резултат на влијанието на Месечината врз вашиот карактер. Жените-ракови имаат тенденција да размислуваат со нивното срце, наместо со нивната глава, но ова не претставува негативна карактеристика во сите случаи.
  • Раковите ги интересира фантазијата, мистеријата и магијата на животот. Тие сакаат да го осознаат непознатото.
  • Жените ракови имаат интерес за одгледување растенија, чување животни и грижење за други луѓе. Може да се чувствуваат среќно доколку се занимаваат со градинарство, готвење, волонтирање во животински засолништа и покажување разни видови љубезност и грижа за други луѓе.
  • Домот на ракот му е важен онолку колку што им е гнездото на птиците. Тие сакаат да имаат место во кое навечер ќе се вратат, после ден поминат во надворешниот свет. Тие не се антисоцијални, но сакаат да имаат некое место, гнездо, засолниште, кое ќе можат да го наречат нивен дом, кој има нежен, смирувачки ефект врз нив. Тие преферираат да седат дома, отколку да „скитаат“ низ градските улици.

Какви се мажите родени во знакот рак?

Карактеристиките на машките ракови, се во главно исти со оние на женските припаднички, но тие може да ги манифестираат на различен начин. Мажите со хороскопски знак рак, го ценат фамилијарниот живот повеќе од сè друго и сакаат да ги разгалуваат оние што ги љубат. Таа особина ги прави големи заштитници на семејството. Доколку сте во потрага по емотивен маж, тогаш ракот можеби е токму она што ви треба. Машките ракови само мораат да запомнат дека разбирањето на туѓите чувства не претставува знак на слабост во нивниот карактер, туку доблест. Типичните машки ракови, се нежни индивидуалци, кои им даваат поддршка на луѓето кои ги сакаат, бидејќи сакаат тие околу него да бидат среќни и задоволни. Но, останатите луѓе мораат да внимаваат на мрачното расположение кое знае понекогаш да ги опфати раковите. Овие луѓе се многу емотивни, но умеат добро да го прикријат тоа и да се заштитат од суровиот свет.

Какви се машките и женските ракови под површината

Еве неколку особини кои можете да ги сретнете кај маж, чиј астролошки знак е рак:
  • Лојалноста е јака карактеристика и кај машките ракови.
  • Силната желба за живеење стабилен, урамнотежен семеен живот, е исто така нивна прекрасна особина.
  • Адаптибилноста е уште еден плус во карактерот на машките ракови и покрај тоа што тие преферираат самите да донесуваат одлуки. Таа нивна особина може да се спореди со леснотијата со која водата веднаш го зазема обликот на садот во кој ја всипувате. Но, имајте на ум дека водата може да биде и штетна, на пример може да ја еродира земјата. Машките ракови се доволно силни сами да си ги создаваат промените во животот, но истовремено се способни да се прилагодат на надворешните сили.
  • Овие мажи секогаш внимателно ќе ве слушаат што им зборувате, а типично за нив е тоа што умеат да ви дадат и одличен совет.
  • Раковите се интуитивни и восприемчиви за чувствата на другите. Тоа, колку што е добро за другите луѓе, толку е лошо за самите ракови, бидејќи нивното расположение може да ескалира од една до друга крајност, поради тоа што премногу силно ги чувствуваат туѓите чувства.
  • Мажите родени во овој знак се отворени и најчесто можат да се поврзат и зближат со сите типови луѓе, и покрај тоа што не се најдружељубивите луѓе во зодијакот.
  • Големата чувствителност е друг белег во карактерот на овие луѓе. Таа нивна особина можат најдобро да ја изразат преку колекционирање на нивните спомени во форма на албум со фотографии, споменар или чување стари предмети.
  • Мажите родени во знакот рак секогаш сакаат да им пружат поддршка на другите луѓе, особено кога станува збор за членовите на нивното семејство и пријателите.

Какви се машките и женските ракови под површината

  • Самобендисаноста може да биде голема мана во карактерот на машките ракови, бидејќи тие имаат тенденција премногу да се фокусираат на нивниот мал, затворен свет. Ќе морате да се борите доколку сакате да го привлечете нивното внимание, но доколку успеете во тоа, на крајот трудот ќе ви се исплати.
  • Карактерот на повеќето ракови претставува еден збир од контрадикторности. Машките припадници не се исклучок. Тие се фини, добродушни и нежни, но преокупирани сами со себе. Тие се флексибилни кон потребите на другите, но баш и не се некои љубители на промени. Тие се лојални и посветени луѓе, но се премногу склони на промени во расположението, поради што нивните пријатели и членовите на семејството, понекогаш се прашуваат што овој маж навистина мисли за нив.
  • Машките ракови, исто како и женските, ги привлекуваат креативните професии како пишување, музика, уметност, готвење и сл. Тоа е резултат на нивниот карактер, кој е интересен спој на интуиција, инспирација и посветеност на работите кои ги сакаат.
  • Иако машките ракови имаат креативна имагинација, тоа не значи дека нивниот мозок не е ориентиран кон бизнис. Успехот во кариерата кој тие имаат потенцијал да го постигнат, е делумно резултат на нивната настојчивост, интуитивна природа и на нивната способност да комуницираат со другите луѓе. Тие знаат што нивните клиенти сакаат или им треба, уште пред и самите да се свесни за тоа. Најверојатно клучот за нивната среќа во кариерата е пронаоѓање работна позиција која претставува спој од креативност и бизнис клима.
  • Безбедноста е особено важна за машките ракови, па поради тоа тие секогаш ќе наоѓаат начин да си ги „полнат батериите“, за да имаат енергија да успеат на финансиско поле. Тие ја разбираат потребата од пари, за да можат да се чувствуваат комотно во сопствената кожа и притоа да можат да бидат способни да се грижат за луѓето околу нив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар