Какви се хороскопските знаци на социјалните мрежи?

Дали ве нервира кога гледате дека луѓето објавуваат селфи фотки на социјалните мрежи? Или можеби кога ќе објават нешто што тукушто го купиле? Дали е тоа нивна вина или едноставно се такви заради хороскопскиот знак?

?????????

Карактерот и особините на луѓето многу зборуваат за нивниот стил на користење на социјалните мрежи, а тоа е тесно поврзано со хороскопскиот знак. Продолжете со читање и проверете дали вашиот однос на социјалните мрежи се рефлектира во вашиот зодијачки знак.

Овен

Овните се најсамољубивиот знак на зодијачкиот спектар, па затоа тие се оние кои најчесто ги фотошопираат своите слики од кои редовно откинуваат и по некој килограм. Ако некој пријател сака да постави фотографија од нив, тие мора прво да ја видат и да ја поправат пред да се прикаже во јавност. Проверувањето кој ги тагирал на Фејсбук за нив не е само практика, за нив тоа е религија.

Бик

Биковите се оние кои објавуваат нови луксузни работи на социјалните мрежи на дневна база, бидејќи тие се по малку материјалисти. Не се баш како „Rich Kids of Instagram“ иако некои од нив се, но дефинитивно сакаат да се фалат со работите кои ги стекнуваат. Тие исто така сакаат да копираат од другите, па ќе ги препознаете по сликите што ги објавуваат, кои се истите оние кои вие веќе ги имате видено по 100 пати. Бидејќи се и доста чувствителни, тие се типови кои ги бришат негативните коментари на нивните објави.

Близнаци

Не е важно дали луѓето родени во знакот Близнаци се среќни или тажни, другите секогаш ќе мислат дека им е лудо и незаборавно. Тие никогаш не сакаат да се однесуваат како нешто да ги загрижува, па ќе објават безброј фотки ако треба за да го докажат тоа. Понекогаш изгледаат како да живеат во лажна реалност претставена преку објективот на нивниот фотоапарат. Па кога ќе ви изгледа дека некој има извонреден живот според неговиот Инстаграм профил, постои добра шанса дека таа личност е Близнак, а уште поголеми се шансите дека за неа работите не се толку беспрекорни како што изгледаат.

Рак

Денес Ракот објавува пост полн со радост и задоволство, а веќе утре ќе објави нешто што е тотална спротивност. Нивните фидови се полни со контрадикторности, како резултат на нивните променливи чувства. Тие цврсто се држат за минатото, па затоа често ќе видите ретро фотографии од нив.

Лав

Лавот секогаш објавува слики со пријатели бидејќи овој знак често е „социјална пеперутка“. Секогаш можете да сметате на колаж од слики од Лавот за вашиот роденден, дури и ако на нив поприсутен е самиот тој, на кои секако изгледа одлично. Од друга страна, тие знаат да бидат доста самобендисани, па не се чудете ако на нивните фидови видите многу селфиња. Тие ќе направат сè што можат за да го задржат својот добар имиџ пред другите.

Девица

Луѓето родени во знакот Девица се познати како перфекционисти, па не е чудно што се толку обземени од социјалните мрежи. Тие многу време посветуваат за да одлучат каков текст ќе додадат на сликите. За нив прилагодувањето на филтрите е задолжително и мора да ја доведат до совршенство секоја слика од нив која некој планира да ја објави онлајн.

Вага

Ако некој постојано објавува слики со својот/ата партнер/ка, можете да се кладите дека се работи за Вага. Луѓето од овој знак имаат потреба од константна поддршка од своето момче односно девојка, што е објаснување за нивните фидови полни со „лигави, заљубени“ фотографии. Затоа пак, кога се во мрачен период од животот и не се во врска, нивните фидови ќе се полнат со фотографии од осамени и замислени лица, твитови и цитати.

Скорпија

Скорпиите се насекаде кога станува збор за мрежите. Тие се најемотивниот знак и се доста компетитивни. Па, без разлика дали објавуваат куп цитати или што било што ќе им донесе лајкови, нивните постови со сигурност ќе ви го поплават тајмлајнот со докази дека тие се и емотивни и компетитивни.

Стрелец

Стрелците сакаат хумористични постови, без разлика дали се брутално искрени или чисто забавни. Тие никогаш не го кријат и секогаш го објавуваат она што е одраз на нив самите, бидејќи сакаат да ги забавуваат другите.

Јарец

Јарците се претерано загрижени за својот изглед, па нив многу им е важен бројот на лајкови што ќе ги соберат. Не им е гајле дали некоја фотографија е нешто што навистина сакаат да го споделат, ако изгледа дека ќе соберат доволно кликови и лајкови, оди на интернет.

Водолија

Луѓето кои се родени во знакот Водолија ќе објават сè што сакаат кога и да посакаат. Тие не се грижат што ќе каже некој друг и постојано ќе објавуваат контроверзни цитати и ризични фотографии без око да им трепне.

Риби

Рибите цветаат за време на социјалните собири, па затоа ќе видите фотографии од нив од секое место на коешто биле. Тие се креативни души по природа, па можете да бидете сигурни дека ќе објавуваат многу цитати со кои сакаат да ги инспирираат другите. Креативноста исто така е причина што поминуваат значително време избирајќи соодветни филтри и бои за дошминкување на нивните фотографии.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар