Како се однесува секој хороскопски знак кога ви е налутен?

Без разлика колку не ја сакаме оваа емоција, гневот е неизбежен дел од нашите животи. Можеби ќе се обидете да го сокриете, но проблемот секогаш излегува на површина ако не го решите. Секој се нашол во расправија со некого, а кога ќе прочитате како се однесува секој знак во ваква ситуација, можеби ќе ви се разјаснат нечии постапки.

Како се однесува секој хороскопски знак кога ви е налутен?

Овен

Кога Овните се гневни, тие не молчат. Веднаш експлодираат и ќе се чувствувате како да ве фатиле во тесно. Без да ги одбираат зборовите, искрено ќе ви кажат како се чувствуваат. За среќа, овие испади не траат долго. Иако Овните се познати по нивниот краток темперамент, секогаш сфаќаат ако претераат. Многу често може и да ви се извинат откако ќе се смират.

Бик

Биковите го контролираат својот гнев, го игнорираат и се преправаат дека не им е грижа. Но, ова трае сè додека бесот не стане премногу интензивен. Во тој случај, сè паѓа во вода. Ќе почнат да ги набројуваат сите работи за коишто ви биле гневни. Потребно е многу за Биковите да дојдат до оваа состојба, па можно е гневот да трае малку подолго.

Близнаци

Кога Близнаците се гневни тие ќе ве уништат со зборови. Тие знаат да смислат толку креативни навреди кои веројатно ќе ве прогонуваат засекогаш. Најлошиот дел е што нема да го повишат тонот додека разговараат со вас. Гневните Близнаци можат да бидат навистина мирни и со самодоверба додека го кажуваат своето.

Рак

Ако разгневите Рак, сигурно сте му ги повредиле чувствата. Ќе забележите дека расположението му е многу полошо од вообичаено. Ако го притиснете да разговараат тој може да ви каже сè, па дури и да се расплаче. Ако Ракот почувствува дека не ви е јасно колку сте го повредиле, тогаш ќе стане навистина гневен. Па со среќа, бидејќи Раковите долго помнат кога некој ќе им згреши.

Лав

Ако разгневите Лав, очекувајте сцена. Без разлика дали сте во библиотека или во продавница, луѓето сигурно ќе застанат да го изгледаат нивниот перформанс. Толку ќе бидат занесени што веројатно нема да дојдете на ред да кажете нешто. Ако очекувате извинување, можете само да сонувате за тоа.

Девица

Девиците имаат стриктно мислење за тоа што е добро, а што лошо, па многу лесно се разгневуваат. Но најчесто го чуваат гневот во себе и му дозволуваат да ги „изеде“. Се разбира, и тие се луѓе, па кога болката ќе стане преголема ќе експлодираат. Големи се шансите да бидат гневни за нешто што се случило пред неколку месеци и што вие не го ни помните.

Вага

Бидејќи Вагите мразат расправии, гневот најчесто го покажуваат пасивно. Не сакаат да ја влошуваат ситуацијата или да прават сцена, па ќе направат да страдате бавно со тоа што нема да ви обрнуваат внимание или нема да зборуваат со вас. Овој третман ќе помине кога ќе ги прашате што е проблемот.

Скорпија

Ако разгневите Скорпија, со среќа. Таа ќе направи да се чувствувате навистина лошо и ќе ги искористи вашите најголеми несигурности против вас. Сигурно знаете дека Скорпијата никогаш нема да го заборави тоа, без разлика дали ви простила или не. Болката од нејзиниот гнев е толку голема што ќе направите сè за да престане.

Стрелец

Стрелците ретко дозволуваат нешто навистина да допре до нив. Па, ако успеете да ги разгневите сигурно сте направиле нешто навистина глупаво. Нема да има сожалување кога ќе се соочите со нивниот смртоносен бес. Ќе се чувствуваат многу предадено бидејќи сите ги сакаат. Можно е да почувствувате и дека вашите заеднички пријатели се вртат против вас заедно со нив.

Јарец

Пред сè, гневниот Јарец ќе ви рече да го оставите на мир. Потоа, вие нема да постоите за него. Воопшто не му е проблем да ги отстрани токсичните луѓе од својот живот и да продолжи понатаму. Всушност, на Јарците им е подобро да бидат сами отколку да бидат опкружени со непријатели. Тие ќе бидат толку рамнодушни кон вас и толку брзо ќе ве заборават што ќе ве полазат морници. Потребно е навистина да се потрудите ако сакате да ви простат.

Водолија

Во главно Водолиите не сакаат да навлегуваат во конфликти. Потребно е да направите нешто навистина ужасно за да им ја видите лошата страна. А ако го направите тоа, очекувајте да исчезнат од вашиот живот. Можете со денови да им се јавувате и да им пишувате пораки, но тие нема да одговорат. Нема дури ни да доаѓаат и на социјални настани каде што сте вие. Едноставно, немаат енергија да се расправаат со вас, па полесно им е да ве избегнуваат.

Риби

Рибите се како бура од емоции и може да бидат навистина деструктивни кон себе кога се гневни. Може да посегнат по алкохол, да се расправаат со саканите и да му дотураат гориво на огнот. Наместо директно да го искажат бесот кон вас, ќе му дозволат целосно да ги обземе. Обично не се добри кога станува збор за решавање конфликти. Па ако вие не направите нешто за тоа, конфликтот може навистина да излезе надвор од контрола.

Погледнете и како хороскопските знаци изразуваат тага.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар