Како се бакнуваат машките хороскопски знаци?

Лавот се бакнува диво и страсно, девицата малку воздржано, а водолијата нема да пропушти прилика јавно да ја покаже својата умешност.

Како се бакнуваат машките хороскопски знаци?

Овен

Темпераментниот овен многу малку внимание му посветува на самиот чин на бакнување. Според него, тоа е само вовед во светот на страста кој со нетрпение го очекува. Неговите бакнежи се брзи и страсни, преполни со задоволство, кое за жал трае кратко. Се бакнува нетрпеливо, па поради тоа понекогаш и малку грубо.

Бик

Како крал на сетилното уживање, бикот потполно им се препушта на бакнежите. Тој тоа го прави полека, преминувајќи со врелите усни по целото тело на својата партнерка. На тој начин ја разгорува нејзината возбуда и ја остава без здив. Овој маж ужива во допирите, трпелив е и е вистински маратонец во бакнување.

Близнаци

Со нив е секогаш интересно, бидејќи покрај тоа што се трудат на партнерката да ѝ пружат сетилни задоволства, тие секогаш настојуваат да бидат и забавни. Нивните бакнежи честопати се измешани со налети на смеење, па поради тоа понекогаш делуваат дека не му придаваат големо значење на чинот на бакнување.

Рак

Ракот е романтичен и сензуален и со бакнежи нежни и меки како сомот, на својствен начин на партнерката и ја докажува својата љубов. Бакнувањето го стимулира ракот и му претставува најдобра предигра за секс. Многу е внимателен и секогаш се труди да и угоди на жената, но не се воздржува и да ја праша што ѝ се допаѓа и што ѝ годи.

Лав

Горделивиот лав се бакнува диво и разуздано и очекува восхит од партнерката. Неговите усни се врели и гладни, па поради тоа неговите бакнежи најмногу се помнат. И покрај тоа што понекогаш лавот умее да биде театрален, кога се бакнува тој тоа го прави искрено и од срце.

Девица

На срамежливата девица ѝ е потребна силна психичка припрема пред да се реши на првиот бакнеж со новата партнерка. Се разбира дека и амбиентот мора да биде совршен, бидејќи секоја ситница може да му пречи. За него бакнувањето е како светиња и тоа го прави полека, чекор по чекор, при тоа цело време следејќи ја реакцијата на партнерката.

Вага

Тој сака да се бакнува, па понекогаш тоа го прави и со жена која не ја сака, бидејќи нему му е важно само да му се допадне нејзиниот физички изглед. Мажот роден во знакот вага многу вложува во самата техника на бакнување, па затоа честопати тој имитира некој актер од љубовен филм.

Скорпија

Неговиот бакнеж е страстен и сочен како овошје, па партнерката поради тоа честопати сака вечно да се бакнува со него, бидејќи е вистински мајстор за бакнежи и ретко кого го остава рамнодушен. Тој е во состојба многу бргу со бакнежи на партнерката да ѝ ја разбуди желбата за секс, што всушност му е и цел, бидејќи водењето љубов му е најважната работа на светот.

Стрелец

Стрелецот е авантурист кој ужива во сè, па и во бакнувањето. Неговите бакнежи се спонтани, страсни и секогаш сака уште. Тој е преполн со изненадување и секогаш бакнува поинаку, бидејќи сака да испробува нови техники. Единствениот проблем е во тоа што ретко се бакнува, поради тоа што најчесто ја избегнува интимноста.

Јарец

На јарецот секогаш му е потребно време за да ја прифати љубовта и никогаш ништо не прави набрзина, па поради тоа бакнувањето му е начин на релаксација и подготовка за секс. Тој никогаш не се бакнува страсно и не го прави тоа на јавно место.

Водолија

Водолијата е симбол за слобода во љубовта, па според тоа и во бакнувањето. Тој може без проблем да се бакнува страсно и диво на јавно место игнорирајќи ги минувачите. Овој хороскопски знак ужива во испробувањето нови техники, но сака и партнерката да му ги покаже своите начини на бакнување. Тој обожува да ја набљудува партнерката додека се бакнуваат.

Риби

Сензуалната риба се бакнува полека и одмерено, а неговите бакнежи се истражувачки и долго траат. Тој не сака нетрпеливи, ниту доминантни партнерки, бидејќи мора тој да ја води играта, па макар тоа траело со часови. Честопати поради тоа партнерката ја доведува во заблуда, дека самиот тој не е доволно возбуден.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар