Како реагираат хороскопските знаци кога надвор има снег, а температурата е под нулата?

Дали некогаш сте се запрашале какво влијание има вашиот хороскопски знак врз вашиот став кон снегот? Можеби тоа никогаш не ви паднало на памет, но сепак, според хороскопот може да се дознае и тоа. Пронајдете го вашиот знак и дознајте го овој занимлив и прилично точен опис на однесување.

1-kako-reagiraat-horoskopskite-znaci-koga-nadvor-ima-sneg-a-temperaturata-e-minus-stepeni-www.kafepauza.mk_

Овенот ги обожава снежните радости

Овенот ужива во животот без разлика на температурата и временските прилики. Не може да го сопрат ниту температурата која е под нулата, ниту пак снегот до колена за да ги оствари своите замисли. Санкање, борба со снежни топки и правење снешко се неговите омилени активности во зима. Овенот едноставно обожава снег.

Бикот ужива гледајќи ги другите

Биковите ја сакаат природата, па прошетките рано наутро низ снегот им се омилени во текот на зимата. Тие не се заинтересирани за борбата со снежни топки или санкањето, па попрво ќе се наместат пред топлиот камин и ќе пијат топол чај или чоколадо и преку прозорецот ќе ги набљудуваат другите како се забавуваат на снегот.

Близнаците сакаат сè, најважно е да има акција

Близнаците се лесно прилагодлив знак. На нив подеднакво им одговара сончањето во лето и борбата со снежни топки во зима. Романтичното шетање и уживањето во снежните радости, како што се на пример санкањето или борбата со снежни топки, за нив претставува идеално неделно попладне со своето семејство или пријателите.

Ракот избира ќебе и топол дом

Ракот е голем емотивец кој обожава да биде во кругот на семејството во текот на зимските празници. Но, снежните радости не се на самиот врв на неговата забава. Поголем дел од времето поминува пред телевизорот, гледајќи стари филмови, отколку надвор на снегот.

2-kako-reagiraat-horoskopskite-znaci-koga-nadvor-ima-sneg-a-temperaturata-e-minus-stepeni-www.kafepauza.mk_

Лавот не се помрднува од снегот

Лавовите како огнени знаци обожаваат постојано да бидат во движење и помеѓу луѓе. Зимските радости се како создадени за него, бидејќи Лавот е на снегот уште кога ќе паднат првите снегулки. Борење со снежни топки, санкање и правење снешко заедно со пријателите и комшиите е идеален зимски одмор за него.

На Девицата ѝ е студено и мокро

За сериозните и педантни Девици снегот не претставува возбудување и радост. Таа не ја гледа магијата на снегот, туку само чистењето што ја чека. Најомразено годишно време за Девицата е зимата. Таа единствено ќе ужива во добрите божиќни колачи пред разгорениот оган.

Вагите се подготвени на сѐ

Организираната Вага секогаш подготвено ќе ја дочека зимата. Тие веќе имаат на себе капа, ракавици, јакна и чизми, во кои ќе ги чекаат првите снегулки. Вагата ќе ужива во снегот и во снежните радости. Прошетките, свежиот воздух и грееното вино за неа претставуваат најголема радост.

Скијањето е омилената снежна радост за Скорпиите

Скорпијата ужива во зимските радости. Нејзината љубопитност ќе излезе на површината кога ќе се упати кон улиците кои не се исчистени од снегот и ќе ги повика своите пријатели во борба со снежни топки. Ги обожава зимските спортови и секогаш со задоволство ќе замине на некоја планина на скијање.

3-kako-reagiraat-horoskopskite-znaci-koga-nadvor-ima-sneg-a-temperaturata-e-minus-stepeni-www.kafepauza.mk_

Стрелецот одвај го дочекал снегот

Зимата може да го разбуди детето во Стрелецот. Штом падне првиот снег, тој веќе е надвор со целата опрема за борба со снежни топки и санкање. Своите пријатели, но и семејство ќе ги убедува да излезат со него надвор на снегот, без разлика колку време ќе му биде потребно. Зимата е неговото омилено годишно време.

Јарецот фантазира за своето здравје

Иако Јарецот е вистински зимски знак, снежните радости не го веселат. Тој попрво би го поминал денот во топлината на својот дом, на каучот пред телевизорот и добра храна, или ќе побегне на некое место каде што ќе ужива во сонцето, високите температури, сауните или базените. Тој снегот ќе го набљудува само низ прозорецот или додека го чистат од паркингот.

Водолијата е шампион во борбата со снежни топки

Водолијата е една од оние знаци кои го обожаваат снегот и снежните радости. Таа ужива во свежиот воздух, недопрената природа и снегот, па ќе се обиде да го собере своето семејство и пријателите за заедно со неа да уживаат во снежните радости, борејќи се со снежни топки и санкајќи се по цел ден.

Рибите се во состојба да ја преспијат зимата

Рибите сакаат снег, но не поради снежните радости, туку затоа што може да го преспијат целиот ден. Тие ќе уживаат во зимските пејзажи, но само од топлината на својот дом. Освен спиењето, Рибите навистина уживаат во семејните новогодишни и божиќни филмови и колачи.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар