Како изгледа идеалниот викенд на секој хороскопски знак?

Некој ужива во скијањето, друг нуркајќи во солено море, трет во мирен ручек со најблиските… Секој од нас има посебни желби и нешто во кое целосно ужива, а астрологијата може барем отприлика да погоди кои се најзабавните активности на секој хороскопски знак. Доколку ве интересира како би изгледал вашиот идеален викенд, продолжете да читате.

Како изгледа идеалниот викенд на секој хороскопски знак

Овен

За овните тоа би било викенд украден од сценариото на Џејмс Бонд, тркање со мотори, скокање со падобран или возење скутер по вода. Не е битно за каква активност станува збор, но важно е да биде време набиено со акција и да не е досадно ниту една секунда. Главниот иницијатор на забавата, се разбира, ќе биде токму тој.

Бик

Бикот сака мирен викенд, сликајќи се покрај езеро, романтично ноќевање во некој убав хотел и сето тоа гарнирано со обилни ручеци и вечери со звукот на виолина покрај нивните уши. Оние кои имаат подлабок џеб, би се почестиле со луксузно патување, а крстарење со All Inclusive услуга им звучи едноставно божествено.

Близнаци

Близнаците сакаат да живеат во младоста, па токму затоа за време на викендот сакаат со група весели пријатели да одат на концерт или на свирка на нивниот омилен бенд, а потоа лудо да се возат по улиците низ градот, да танцуваат на дожд или да ја чекаат зората во својата уморно-пијана состојба. Тие се задоволство би пошле и на патување во некоја друга земја.

Рак

Ракот нема вистински да ужива доколку не се собере цело семејство околу него, барем на еден неделен ручек, посетувајќи го своето родно место и присетувајќи се на неговото детство. Како добитна комбинација би одбрал мирно и познато место во кое ќе се опушти со црцорењето на птиците, мирисот на природата и домашно приготвена храна. А доколку планот за фамилијарното собирање пропадне, ќе ги повика пријателите на скара или на дружење на тераса со кафе и некој освежителен пијалак, проследено со мирна музика.

Лав

Идеалниот викенд на лавот е секогаш поврзан со летниот период. Журка на палуба на бродот или на плажа со многу храна и пиење. За време на деновите од викендот тие би скијале по вода или би се возеле со глисер, а не би им пречело сето тоа да го сними и некоја ТВ екипа и да го прикаже на малите екрани, за сите негови познаници да му позавидат.

Девица

Девицата копнее по некаков велнес викенд во луксузен спа-центар, во кој конечно ќе се одмори од лудата работна седмица. По вештите раце на масерот, во мирисливата бања и во лековитата кал, ќе заборави на сите свои грижи и ќе ги закрепне телото и духот.

Вага

Вагата копнее по одличен шопинг, по можност во странство, во некоја од европските метрополи. Доколку притоа ѝ се укаже можност да влета на некоја модна ревија или на after party на џет-сетот на некоја јахта, сето тоа проследено со вкусни деликатеси и квалитетен алкохол, ќе се врати дома со исполнето и задоволно срце.

Скорпија

Доколку во сабота и недела, скорпијата нема барем една долга жешка ноќ, ништо од идеалниот викенд. Саботното попладне со задоволство би го поминале гледајќи си на кафе со пријателите, вечерта би отишле во некој забавен секси бар со партнерот, а потоа следува… неделен појадок во кревет, зарем не? :)

Стрелец

Спортски настроените стрелци би дале сѐ викендот да го поминат на рафтинг или на скокање со падобран или кајакарење. Нив секогаш им одговара авантура која ќе ги тестира нивните физички способности. Но, понекогаш сакаат да ги тестираат и менталните способности, па и дводневен семинар за некоја тема што ги интересира не би им пречел. Стрелецот би уживал и во кампување за време на викендот.

Јарец

Јарецот е повеќе зимски тип. Идеален викенд за него е оној поминат во викендичка на планина, без разлика дали надвор има снег или пука сонце. Тие сакаат да патуваат, а кога го чинат тоа сакаат да видат сѐ што можат. Па, доколку сте во врска со јарец и појдете на патување, спремете се на строг распоред и многу часови поминати разгледувајќи знаменитости и природни убавини.

Водолија

Водолијата ретко кога размислува за себе, кога размислува за тоа како да си го помине викендот. Овие луѓе попрво би демонстрирале против изградба на нуклеарни централи, би ги спасувале шумите, би им помагале на делфините и што ли уште не. За тие два слободни дена во неделата, со сигурност би се обиделе некако да го променат светот. Доколку немаат ваква опција, тогаш би пошле на некој концерт на отворено или би пробале некоја активност која претходно ја немаат испробано.

Риби

На рибите сѐ што треба да им ветите за да го искусат нивниот идеален викенд, е да им кажете дека ќе бидат покрај вода. Претставниците на овој знак ги обожаваат сите активности поврзани со езеро или море, а нуркањето во солена вода им е една од најомилените водни активности. Доколку не можат да одат некаде покрај вода, би уживале во кино вечер со љубениот/ата и фино јадење.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. лала Reply

    имам прочитано дека биковите мразат хотели, а тука пишува дека обожаваат… :)

Остави коментар