Како им оди училиштето на хороскопските знаци?

Како им оди училиштето на хороскопските знаци?

Овенот никогаш не треба да го притискате дека треба да седне да учи, без оглед дали станува збор за средно училиште или за факултет, додека Вагата треба постојано да ја потсетувате дека треба да го загрее столчето. На Лавовите им е најважно да бидат најдобри, додека на Раковите, родителите да им бидат во близина. Прочитајте како вашиот хороскопски знак се снаоѓа во училишните клупи.

Како им оди училиштето на хороскопските знаци?

Овен

Родителите на овенот не треба да му прават притисок. Тој знае што треба да прави и ако не сака да го прави тоа, не вреди да се зборува за тоа. Родителите треба да бидат директни и еднаш јасно и строго да му ги објаснат правилата кои мора да ги почитува, за тој засекогаш да знае дека учењето е важна работа во животот. Не треба постојано да му се повторува, бидејќи тоа само ќе го нервира.

Бик

Бикот учи само она што нему му се допаѓа, без оглед дали се работи за средно училиште или за факултет. Она што не му е драго, го учи затоа што мора, но сепак го учи. На Бикот му е важно сè да му е под конец и тетратките да му се секогаш уредни. Не може да учи на гладен стомак и мора постојано да има грицки при рака. Полесно памти кога ужива во својата омилена храна.

Близнаци

Близнаците не сакаат долго да седат на едно место, па секогаш им е тешко да се навикнат на училишните часови. Затоа тие мораат некако да си го „скратат“ времето, па купуваат убави разнобојни пенкала, необичен шестар, убави тетратки, убав прибор и многу други работи, кои би им го привлекувале вниманието за време на часовите. Близнаците брзо учат, но не сакаат притисок.

Рак

Раковите се послушни ученици, но им треба некое време да сфатат дека на училиште ги немаат мама и тато. Доколку студираат далеку од дома, тешко се привикнуваат на ситуацијата дека семејството им е далеку. На нив треба да им се даде поддршка и да им се влее чувство на сигурност пред секој важен момент во процесот на школувањето, како тестови, испити, испрашувања, приемни и слично.

Лав

Лавот како ученик е многу амбициозен. Тој ќе го учи и она што не му се допаѓа само да биде најдобар, најпаметен и најактивен на час. Не се срами да праша да му биде објаснето нешто што не го сфаќа. За нив не е проблем да учат далеку од семејството. Веднаш гледаат да го претворат своето знаење во пари, за да не им бидат тешкотија на другите и за да можат да ги исполнат своите хедонистички желби.

Девица

Девиците обожаваат да учат и со нив нема никаков проблем за време на средното училиште и студирањето. Особено им е убаво на училиште доколку имаат супер друштво. Тие се одговорни, организирани и прецизни. Нив им е потребно на почетокот на школувањето, родителите да им покажат како се учи, да ги поддржат нивните работни навики и понатаму нема да има никаков проблем. Најважно е таа никогаш да не ја загуби мотивацијата, што значи дека поддршката им е неопходна во секое време.

Вага

Вагата е многу друштвен знак, поради што никогаш нема да одбива да појде на училиште. Меѓутоа, родителите секогаш треба да бидат тука да ѝ даваат ненаметлива поддршка и да ја потсетуваат дека треба да го загрее столчето. За нив наградувањето за добри оценки е неизоставен дел од школувањето.

Скорпија

Скорпијата е остроумна, лесно памти и брзо се прилагодува на новата средина и на новото друштво. Да си замине од дома за да студира некаде подалеку, за скорпијата не е никаков проблем. Немојте да им се качувате на глава да седнат да учат, бидејќи само ќе ги заморувате. Тие секогаш знаат што е најдобро за нив. Затоа гледајте како да ги наградите кога ќе го постигнат очекуваниот успех.

Стрелец

Стрелецот е љубопитен знак, па нема да му треба многу време да го сфати училиштето сериозно и дека е многу важно. Ќе му пречи што на училиште ќе ја нема целосната слобода која му е потребна. Тешко им е да седат на едно место, да молчат и да слушаат предмети кои не им се интересни. Најдобри се во географија и во јазици. Најважно е да имаат забавни активности пред и за време на школскиот ден, па токму затоа стално членуваат во школските секции, спортските тимови и слично.

Јарец

Јарците се одговорни и брзо сфаќаат зошто треба да учат и што може учењето да им донесе во животот. Секогаш се трудат да бидат што е можно подобри и поорганизирани, па затоа лесно се привикнуваат на училишниот систем. Секогаш сè завршуваат на време, сакаат родителите да ги мотивираат и наградуваат, но и да им дозволат да студираат она што тие го сакаат кога ќе дојде време.

Водолија

Водолиите се деца кои се секогаш пред своето време, па ќе им биде малку тешко во школо, но со време ќе се прилагодат. Ќе се дружат за време на часовите и на паузите, а технологијата може многу да им помогне за совладување на материјалот. Резултатите никогаш нема да изостанат, доколку им овозможите да работат со добар компјутер и ако имаат пристап до школската опрема.

Риби

Рибите се мирни и секогаш се трудат да бидат внимателни за да не направат некоја грешка со што ќе ги разочараат наставниците и родителите. Единствен проблем, што на Рибите им смета за време на школувањето е спиењето. Нив многу им е тешко да станат рано сабајле. Ако професорите им го толерираат каснењето, нема да имаат никаков проблем со училиштето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар