Како хороскопските знаци реагираат на првоаприлски шеги?

Денес е ден кога шеги фрчат на сите страни. Можеби веќе наседнавте на неколку, можеби сѐ уште планирате вие да насамарите некого. Во секој случај, имајте предвид дека хороскопските знаци различно реагираат на првоаприлските шеги.

kako-horoskopskite-znaci-reagiraat-na-prvoaprilski-shegi-kafepauza.mk

Овенот не обрнува многу внимание на првоаприлските шеги и него тешко е да го измамите.

Бикот се труди да не наседне на првоаприлските шеги, но тоа е посилно од него. Тој е од оние кој ќе поверува дури и во најмалата лага.

Близнаците размислуваат двапати за сѐ што ќе чујат. Затоа нив е малку потешко да ги измамите.

Ракот веднаш ќе поверува, бидете сигурни.

Лавот е вообичаено оној кој ги смислува шегите во друштвото, па затоа не се лути кога и тој ќе биде измамен.

Девицата е упорна во напорите да измами некоја блиска личност, но поразот не го прифаќа лесно. Затоа, внимавајте како ќе се пошегувате со некоја неа.

Вагата толку многу сака шеги на туѓа, но и на своја сметка, што ќе ви биде многу лесно да ја уверите во некоја лага.

Скорпијата постојано има недоверба, па и на 1 април. Затоа, не сме баш сигурни дека денес ќе успеете да измамите некоја скорпија да падне на вашата шега. Но, не пречи да се обидете.

Стрелецот ќе изреагира како шегата да ја знаел од претходно, за да ви даде до знаење дека демек залудно сте се труделе.

Јарецот ќе наседне на фората, но подоцна ќе се потруди да ви врати со иста мера.

Водолијата не сака да се служи со туѓи фори, па затоа нема да ѝ биде интересна некоја измама доколку не е оригинална.

Рибите се вечно насмеани личности. Обидете се денес да ги воодушевите со нова шега и само следете како ќе реагираат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. LALA Reply

    Hhahhaha ribi dusickii

Остави коментар