Како да освоите, љубите и задржите Јарец?

Како да освоите, љубите и задржите Јарец?

Освојувањето на срцето на Јарецот е процес кој бара многу труд, но наградата е голема и доаѓа во облик на посветен партнер со многу страст кој ќе ви биде лојален во целост. Во продолжение прочитајте како треба да го освоите и љубите Јарецот со цел да го задржите покрај себе.

Како да освоите, љубите и задржите Јарец?

1. Пријателство пред љубов. Јарците најпрво сакаат да го развијат пријателскиот однос, а потоа љубовниот и сексуалниот. Во пријателството тие се предаваат до крај и никогаш не бараат ништо за возврат.

2. На почетокот делуваат дистанцирано. Голем дел од Јарците се опишуваат како срамежливи, конзервативни, па дури и малку здодевни, но такви се само додека не ве запознаат. Потоа се отвораат, стануваат спонтани и полни со забава.

3. Уживаат во додворување. Тие сакаат да бидат преплавени со внимание, но со умерен трошок бидејќи не се претенциозни. На почетокот, како и во текот на врската, очекуваат еднаква доза внимание, па затоа и многу ќе се погодат ако го заборавите нивниот роденден.

4. Лојални им се на оние во кои имаат доверба. Јарците очекуваат да бидете нивната една и единствена љубов. Ако не им дадете повод за недоверба, тие ќе ви бидат во целост посветени и никогаш нема да имате причина за сомнежи и љубомора.

5. Тие сакаат сè да биде по нивно. Идејата да се има љубовник кој сака да има сè под контрола не е привлечна за секој. Но, кога Јарците се приврзуваат за личност која исто така сака да биде доминантна во врската, тогаш може да дојде до проблеми.

6. Тие се издржливи љубовници. Кога станува збор за романтика, Јарците се прилично традиционални, во креветот не се многу креативни, но она што ги издвојува е нивната издржливост. Тие ќе дадат сè од себе за да ви овозможат долги незаборавни моменти.

7. Бидете внимателни со срцето на Јарецот. Станува збор за меланхоличен знак и токму затоа треба да се фокусирате на позитивните емоции. Доколку го извлечете позитивното од Јарецот, тој ќе ве награди со насмевка која го топи срцето.

8. Секогаш размислуваат за иднината. Дури и ако вие сè уште не размислувате за следната фаза од вашата врска, бидете сигурни дека Јарците го разгледуваат вашиот потенцијал за долготрајна врска. Тие се практични и фокусирани на сите аспекти од врската, вклучувајќи ја и иднината.

9. Мозокот е нивната најголема ерогена зона. Ако го стимулирате нивниот ум, ќе го стимулирате и нивниот сексуален нагон. Јарците обожаваат да покажуваат колку се паметни, бидејќи сметаат дека интелектот е многу секси.

10. Лесно се плашат. Со цел да ја задржите љубовта на Јарецот, мора да бидете искрени од самиот почеток и да не ги шокирате по подолго време со тајни од минатото. Тоа ќе ја намали нивната доверба во вас, ќе воведе сомнежи во односот и ќе ги исплаши.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар