Како би ви изгледал хороскопот ако вашиот астролог имал лош ден?

Сите ние имаме лоши денови, но се појавуваме на работа. Сепак тоа не значи дека ќе бидеме продуктивни. Вистината е дека само малкумина знаат како правилно да се справат со емоциите. Истото се случува и со астролозите. Иако тие секогаш се обидуваат да го извлечат најдоброто од секој знак, во нивните лоши денови сигурно ќе бидат брутално искрени. Погледнете како би изгледал вашиот хороскоп ако астрологот имал навистина лош ден.

(1)kako-bi-izgledal-vashiot-horoskop-ako-astrologot-imal-losh-den-kafepauza.mk

Овен

Дали сакате да бидете во право или сакате да бидете среќни? Вашата моќ е неограничена и можеби токму поради тоа трошите толку време расправајќи се на Интернет. Па излезете веќе еднаш од дома!

Бик

Денес можно е да сретнете личност со која духовно ќе се поврзете, но која е многу постара од вас. Сепак, кога ќе ви каже дека „Годините се само број“, вие ќе дознаете дека е перверзна.

Близнаци

Денес можно е да бидете инспирирани да ја напуштите вашата удобна зона, може дури и да облечете облека за која немате ни помислено. Панталони со коцки? Кадифени хеланки? Сите овие комбинации се ужасна идеја!

(2)kako-bi-izgledal-vashiot-horoskop-ako-astrologot-imal-losh-den-kafepauza.mk

Рак

Денес може сериозно да се прашувате дали сите се излезени и се забавуваат без вас, но тоа е само вашата несигурност. Секој што го познавате е дома сам, и ја избегнува дружбата со вас бидејќи сте ужасни.

Лав

Топката е во ваши раце оваа недела! За жал овде има судија, а топката е закачена за синџир. Ќе одите во затвор.

Девица

„Секој облак има светла страна“ е мислата која можеби ќе сакате да ја паметите оваа недела, иако нема никаков факт зад неа. Но сепак ова е нешто што можете да го кажете кога работите ќе тргнат наопаку, а токму тоа и ви се случува во моментов.

(3)kako-bi-izgledal-vashiot-horoskop-ako-astrologot-imal-losh-den-kafepauza.mk

Вага

Ваги, оваа недела (и сите други недели) вие сакате да танцувате како никој да не ве гледа. Искрено, тоа е вистински дар – за другите. Вие сте можеби најлошиот танчар што постои.

Скорпија

Среќен роденден! Запомнете, не вашите години, туку парите кои ги заработувате се оние кои ја одредуваат вашата вредност.

Стрелец

„Кога сакаш некого, пушти го да си оди“ – ова е вашето мото. Сте ја прифатиле оваа мудрост од вашиот татко кој ве напуштил емоционално.

(4)kako-bi-izgledal-vashiot-horoskop-ako-astrologot-imal-losh-den-kafepauza.mk

Јарец

Сте направиле добар напредок при избегнувањето брза храна. Сега, фокусирајте се на вистинскиот проблем – сте ја замениле целата брза храна со… лепило? Побарајте помош!

Водолија

Оваа недела слушајте го вашиот инстинкт. Тој ви кажува сè што треба да знаете, исто како и вашите неодговорени пораки. Искрено, никој не ве сака.

Риби

Далечината го омекнува срцето, особено кога личноста со која се гледате не може да го поднесе фактот дека вие сте вистински емоционален вампир.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар