Кафето и хороскопските знаци

Љубителите на кафето преферираат истото да го консумираат преработено во одреден вид, подготвено на различен начин, сервирано во еден или друг стил. Некои од пиењето кафе прават ритуал, други го дрмаат набрзинка од сабајле за да се освестат за претстојниот ден.

Кафето и хороскопските знаци

Преференциите за видовите кафе и начинот на кој тоа е подготвено можат да зависат од хороскопските знаци. Еве во каков тип кафе уживаат луѓето со различни хороскопски знаци:

Кафето и хороскопските знаци - овен

Овен: Со својот авантуристички дух, овните постојано се во потрага по нешто возбудливо кое ќе им го забрзува пулсот и ќе им го крева адреналинот. Енергичните овни сакаат висококвалитетно кафе, со богат вкус и арома, токму какво што е африканското. Кафето од Кенија е вистинскиот избор за нив.

Кафето и хороскопските знаци - бик

Бик: Упорните бикови остануваат лојални на своето омилено кафе. Тие сакаат здраво кафе, кое не содржи хербициди, пестициди или некакво вештачко ѓубриво. Идеално според нивниот вкус би било органското кафе од Гватемела.

Кафето и хороскопските знаци - близнаци

Близнаци: Љубопитните близнаци се темпераментни и непостојани по природа, така што тие сакаат едно кафе оваа недела, а друго наредната. На нивната ведра и безгрижна природа одговара ретко до средно густо кафе, а би ги пробале сите видови, до последното на менито. Новото светско кафе кое потекнува од Папуа, Нова Гвинеја ќе им биде интересно на близнаците, барем неколку дена.

Кафето и хороскопските знаци - рак

Рак: Нежните и чувствителни ракови, најверојатно би избрале безкофеинско кафе, бидејќи од кофеинското би станале хиперактивни.

Кафето и хороскопските знаци - лав

Лав: Тренди лавовите се секогаш први да пробаат и да дознаат сѐ за популарните топли напитоци базирани на еспресо. Кога станува збор за изборот на кафе, главна преокупација на лавовите е усовршувањето на нивниот кафе-крем и испробувањето на разни техники за обликување на пената.

Кафето и хороскопските знаци - девица

Девица: Чесните и конзервативни девици ќе се држат до добро познатото колумбиско кафе, кое е проверено и традиционално.

Кафето и хороскопските знаци - вага

Вага: Секогаш тежнеејќи кон рамнотежа, вагите ќе го изберат висококвалитетното арабско кафе Мока-Јава, светски најстарата и најпозната мешавина од ½ Мока и ½ Јава. Мока-Јава е мешавина од кафе и чоколадо или кафе и сладолед, а вагите ќе уживаат во идеалниот сооднос.

Кафето и хороскопските знаци - скорпија

Скорпија: Драматичните скорпии, познати по нивната мистериозна природа, ги кријат своите тајни мисли зад стимулативното ароматично кафе Френч Роуст. Работејќи многу часови со непрекината концентрација на стресни проекти, скорпиите заслужуваат голема кригла наполнета со фино приготвено француско кафе.

Кафето и хороскопските знаци - стрелец

Стрелец: Овој авантуристички знак можете да го најдете удобно сместен во некоја грмушка во националниот парк Серенгети, сипувајќи си танзаниско кафе дотерано со цреши, додека со двоглед ја следи големата миграција на дивите животни.

Кафето и хороскопските знаци - јарец

Јарец: Отмените јарци, живеејќи со висок стил и елеганција, уживаат експериментирајќи со различните кафиња ширум светот. Овој аристократски знак има потреба од највисококвалитетното кафе кое е достапно.

Кафето и хороскопските знаци - водолија

Водолија: Оригиналните и иновативни водолии преферираат да испробуваат и да создадат нивна лична мешавина од состојки за да го создадат најубавото кафе. Тие најверојтано никогаш не пијат ист вид на кафе повеќе од еднаш. Наместо тоа, тие внимателно мешаат, сложуваат, мерат и пробуваат додека не постигнат совршенство.

Кафето и хороскопските знаци - риби

Риби: Кога ќе видите риба како пие кафе после вечера, веројатно е дека во него има и ликер. Рибите уживаат да си го зачинат кафето со алкохол. Тие сакаат да ги испробаат сите луксузни кафе-десерти, кои постојат на менито.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. vane Reply

    hahahah taka e…………

  2. LizaRd Reply

    e ova malce slabo mi e pogodeno…. kratko espreso illy THE BEST!!!

Остави коментар