Кадифе, животински принт и пердуви: Совршен есенски тренд за секој хороскопски знак

Есента секогаш ни носи бројни нови модни трендови, а ако не можете да изберете кој ви е омилен, тогаш препуштете му го тоа на вашиот хороскопски знак. Секако дека добриот моден совет е секогаш добредојден, па дури и ако се темели на зодијакот. Поборниците на хороскопот сигурно ќе се сложат дека секој знак има свој карактеристичен стил. Токму затоа не е тешко да се одреди кој тренд најдобро ќе одговара на одреден знак, па во продолжение можете да ги прочитате нашите шопинг предлози за оваа есен.

1-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Овен: Црвена боја

Новата сезона е обоена во црвено, а тоа е бојата која совршено му прилега на овој огнен знак. Овните се познати по елеганцијата и по тоа што сакаат да бидат во центарот на вниманието, а црвената боја секогаш го гарантира тоа.

2-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Бик: Светкави обувки

Биковите обожаваат луксуз, а обувките со светкави каменчиња и украси се тренд за чие враќање се надевале уште кога Кери од „Сексот и градот“ шеташе во слични модели. Вашето време конечно пристигна, а вам ви останува само да изберете еден од бројните модели.

3-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Близнаци: Блуза со напис

Близнаците се познати по зборувањето и секогаш имаат нешто да кажат, но исто така ги сакаат и озборувањата. Затоа сме сигурни дека жените во овој знак со задоволство ќе му се придружат на трендот со написите кои секогаш започнуваат некој разговор. Но, не морате да купите скапи брендирани парчиња, бидејќи постојат и други брендови кои имаат поволни цени.

4-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Рак: Широк капут

Жените во овој знак ја сакаат удобноста и за нив нема подобар есенски тренд од широките јакни, под кои можат да облечат неколку слоеви облека.

5-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Лав: Капут со леопардски принт

Животинскиот принт оваа есен се враќа на модната врата, а кој може да го носи подобро од Лавот? Жените родени во овој знак „пукаат“ со самодоверба и знаат да ги комбинираат сите парчиња облека. Леопардскиот капут најдобро ќе го изрази нивниот карактер.

6-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Девица: Врвки и панделки

Деталите во облик на врвки и панделки ја преплавија есенската облека и обувките. Сигурни сме дека овој тренд со нетрпение го дочекале Девиците кои сакаат сѐ да биде убаво и уредно, па така и она што го носат. А, со панделките навистина секогаш сѐ изгледа поубаво.

7-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за да ги погледнете модните есенски трендови кои се идеални за преостанатите хороскопски знаци.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар