Јарец и риби – пријателска комбинација

Јарец и риби – пријателска комбинација

Рибата покрај јарецот се чувствува безбедно и сигурно, а на јарецот тоа му претставува задоволство, бидејќи знае дека секогаш кога ќе му треба совет и утеха, таа ќе биде тука за него. И покрај тоа што јарецот не плаче пред многу луѓе, може да се случи да се „сруши“ пред пријателот со хороскопски знак риба.

Јарец и риби – пријателска комбинација

Рибите се познати по својата љубезност и сочувство за другите луѓе, а тоа се особини кои јарецот ги обожава кај нив. На ист начин, рибата кога е во близина на смирениот и стабилен јарец, се чувствува како сите нешта во светот да се во ред. Таа им се восхитува на моќта, авторитетот и интелигентната смисла за хумор кои ги поседува овој негов пријател. Воедно  јарецот ја обожава нежноста, сочувственоста и имагинацијата на рибата.

Јарецот може да ѝ помогне на рибата во организацијата на нејзиниот живот, а таа може да му даде некои чудни идеи кои ќе го натераат да размислува пошироко од вообичаено. Сепак помеѓу овие пријатели постојат и некои карактерни разлики. Јарецот знае да биде многу непопустлив, дури и при договарањето за избор на филм или ресторан, што може да ја вознемирува лекомислената риба. Од друга страна неодговорноста на рибата и нејзината неспособност да стигне некаде на време, му оди на нерви на јарецот.

Како и да е, во поголемиот дел од времето овие пријатели би требало одлично да се согласуваат, а тоа најдобро би се реализирало доколку рибата го научи јарецот како да се олабави, а тој ја научи неа на одговорно однесување.

Нивните несогласувања најбрзо ќе исчезнат доколку ги прават заеднички нивните омилени активности. Така тие можеби би уживале забавувајќи се на часови по валцер, декорирање цвеќиња, плетење, разговарање на историски теми и друго.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар