Јарец и риби – љубовна комбинација

Јарец и риби – љубовна комбинација

Љубовната врска помеѓу јарец и риби е пример за она што го нарекуваме „спротивностите се привлекуваат“. Јарецот е приземен и сериозен, со многу голема работна дисциплина, а рибата е емотивна мечтателка, која се грижи за потребите на другите луѓе. Во рибата, јарецот гледа нежна и креативна личност, која може да и даде добри совети околу неговата кариера, додека пак рибата во јарецот гледа трудољубива, стабилна и иницијативна особа, која секогаш е подготвена да ги реализира нејзините планови. Врската помеѓу јарец и риби е базирана на искреност, лојалност и приврзаност, па ако овие два знака се сретнат во вистинско време и на вистинско место, ќе креираат едно љубовно гнездо, во кое и двајцата ќе се чувствуваат исполнето и задоволно.Јарец и риби – љубовна комбинацијаОвие два знака се восхитуваат еден на друг. Јарецот ја цени добродушната и нежна природа на рибата, а таа е воодушевена од остроумноста, снаодливоста и истрајноста на јарецот. Нивната врска може бавно да се развива, но со тек на време таа ќе стане поцврста.

Фактот дека овие два знака се привлекуваат како резултат на нивните спротивни карактери, истовремено преставува дар, но и предизвик за нивната врска. Проблеми може да настанат ако јарецот се однесува премногу доминантно кон чувствителната риба, која за да успее нивната врска, мора да сфати дека таа особина на јарецот не треба да ја сфати како личен напад и навреда, туку како дел од неговиот стил на живот. Рибата можеби нема да може лесно да ја прифати тврдоглавоста и упорноста на јарецот за постигнување успеси по секоја цена, но со тек на време таа ќе стане потрпелива и ќе почне да го прифаќа јарецот таков каков што е. Во оваа врска јарецот сака да ја има главната улога, а рибата со задоволство ќе му дава добри психолошки совети, кои ќе му помогнат на јарецот во патот кон реализација на целите.

Јарецот е управуван од планетата Сатурн, а рибата од Јупитер и Нептун. Сатурн е планета која симболизира авторитет, одговорност, посветеност. Јупитер симболизира потреба за учење нови работи, како и придржување кон одредени стандарди на етичко однесување. Влијанието пак на Нептун во рибата се однесува на нејзината илузорна страна. Овие три планети се комплементарни една на друга, бидејќи креираат една емотивно длабока и правична унија, во која партнерите се посветени еден на друг.

Додека јарецот има тенденција да се фокусира на една работа во еден момент, рибата „плива“ од една кон друга ствар, во согласност со бранувањето на нејзините емоции. Поради нејзината флексибилност, рибата може да ја интересираат проектите на кои работи нејзиниот јарец и активно да партиципира во нив. За возврат, јарецот треба да и допушти на рибата да ужива во повеќе работи истовремено и да не си сфаќа премногу лично, кога на рибата ќе и стане здодевно поради неговата посветеност и фокусираност кон некоја работа. Јарецот треба да ги почитува желбите и потребите на рибата, дури и ако таа за кратко време го сменила својот фокус кон нешто друго. Рибата може да му покаже на јарецот дека флексибилноста и позитивниот поглед кон нештата, понекогаш е подобар начин да се реализираат работите на вистинскиот начин, отколку строгата посветеност кон нив.

Овие два знака ја сакаат естетиката, убавината и луксузот, но во однос на нивниот став кон уредувањето на домот, јарецот сака сè да му е под ред, додека рибата е похаотична и несредена. Јарецот е душевно исполнет ако изгради стабилна финансиска империја, а рибата се мотивира почесто но пократкорочно, секогаш кога ќе почувствува креативен набој и ентузијазам.

Најдобриот аспект од нивната врска е уникатниот микс од нивните различни темпераменти. Двајцата партнери сакаат да го делат својот живот со личност покрај себе и сакаат меѓусебно да си помагаат во реализација на нивните цели. Токму нивните разлики се причина зошто овие два знака се високо компатибилни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ивана Reply

    А јарец и скорпија?

  2. Marko Reply

    A Jarec i Strelec. Ve molaaaaaaaaaaaaam objavete. Ke vi bidam mnogu bagodaren.

  3. Elena Reply

    a kje moze jarec i bliznaci ???

  4. Elena Reply

    Falaa vi mnoguu :))

  5. Јасна Reply

    А може риби и риби??? 🙂

  6. Mare Reply

    Може риби и близнаци ? 🙂

  7. Maja Reply

    A jarec i vaga?

    • Кафе пауза Reply

      До сите објавени љубовни комбинации отсега лесно можете да пристапите (веднаш под слајдерот ги има содржините на сите 12 хороскопски знаци). Оние комбинации кои не се објавени се дополнуваат постојано согласно со тоа кој хороскопски знак е актуелен. Поздрав

  8. zoki Reply

    kombinacija krsh zanikade se se ali riba za devojka ne ke te izgori 😉

Напиши одговор на Кафе пауза Откажи одговор