Јарец и рак – пријателска комбинација

Јарец и рак – пријателска комбинација

Јарецот и ракот се спротивни знаци во зодијачкото тркало, но тоа не значи дека тие не можат да бидат пријатели. Напротив, јарецот може да чувствува голема блискост со внимателниот и грижлив рак, кој му го стоплува срцето. Истовремено, ракот ги препознава неговите менаџерски предиспозиции во јарецот, поради што може да смета дека нивните карактери имаат сличности.Јарец и рак – пријателска комбинацијаНа ракот му се допаѓа особината на јарецот да не си ги доживува разочарувањата лично. Од друга страна, јарецот ја обожава способноста на ракот да направи сите околу него да се чувствуваат топло и удобно. Овие пријатели имаат една специфична заедничка карактеристика, а тоа е одличната смисла за хумор. И покрај тоа што ракот преферира „црн“ сарказам, а јарецот ужива во прости шеги, овие двајца сепак се смеат громогласно на повеќето шеги кои меѓусебно си ги кажуваат.

И покрај тоа што јарецот не може да сфати што му се случува на ракот која ќе се расплаче на сред обична сцена во филм, сепак и тој не е совршен. Така на пример, неговиот бизнис пристап кон луѓето кои ги запознал на журка, може да го вознемирува ракот. На ракот му оди на нерви, кога јарецот се однесува како работата да му е поважна од нивното пријателство. Јарецот, пак не може да излезе на крај со променливото расположение на ракот.

Доколку јарецот и ракот успеат да замижат пред слабостите на нивниот другар, тие ќе уживаат во нивната дружба. Преставниците на овие два знака најчесто ја сакаат историјата, па може да уживаат во забавни активности како преуредување на стари куќи, прешивање на старомодна облека и од неа, создавање модерна, како и во продавање скапоцени антички предмети. Исто така, тие може да уживаат пеејќи песни на караоке, да приготвуваат вкусни јадења, да играат друштвени игри како Монопол или да се занимаваат со некои спортови на вода.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. verica Reply

    ne a nema veza ova…..

Напиши одговор на verica Откажи одговор