Јарец и јарец – пријателска комбинација

Јарецот се чувствува многу удобно кога покрај себе има пријател со истиот хороскопски знак. Тој знае дека овој другар никогаш нема да го откачи и остави сам кога ќе отидат заедно на забава, ниту ќе заборави да го нахрани кучето додека тој е надвор од градот. Покрај лојалноста и сериозноста, јарците во ова пријателство ценат што покрај себе имаат личност која се смее на нивните необични шеги.Јарец и јарец - пријателска комбинацијаКога на некој од нив му треба совет во врска со работното место или бизнисот кој планира да го стартува, тој секогаш знае дека овој пријател е вистинската личност од која треба да го побара. Јарецот најверојатно ќе ги одобри сите добро смислени бизнис-планови.

Разговарање за приватниот живот може да претставува проблем помеѓу два јарци, бидејќи ниеден од нив не се чувствува удобно да ги открие своите длабоки, мрачни тајни кои толку вешто ги крие од луѓето. Во секој случај, доколку некогаш ситуацијата наложи да мораат да разговараат за некоја болна тема, јарците можат да бидат сигурни дека нивниот пријател со кој делат ист хороскопски знак, не само што внимателно ќе ислуша до крај, туку и ќе ја чува откриената тајна.

Двајца пријатели јарци најверојатно ќе уживаат да го поминуваат нивното заедничко време во спортови како куглање, искачување по карпи, возење велосипед по планински патеки и слично. Исто така, јарците имаат и своја креативна страна која можат да ја развиваат со цртање, сликање или изработка на скулптури од глина и пластелин.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар