Јарец и девица – љубовна комбинација

Сподели

Јарецот и девицата се високо рационални луѓе кои можат да креираат една разумна, стабилна и поучна унија. Двата знака имаат големи очекувања за себеси, но многу очекуваат и од другите луѓе. Девицата ја обожава посветеноста на јарецот во врската и неговата снажна енергија, а јарецот пак се восхитува на интуитивноста на девицата и нејзината способност за забележување детали. Оваа врска се базира на реалистичен поглед на партнерите кон животот воопшто, како и на нивната потреба од материјална сигурност.Јарец и девица – љубовна комбинацијаЈарецот и девицата не би си дозволиле нивните чувства или нагони да ги надвладеат и да ги одведат кон донесување погрешни одлуки. Тие се стабилни личности, на кои секој може да се потпре. Девицата може да му помогне на јарецот да се опушти, како и да ги оствари сите свои планови на кои работел долг период. Јарецот пак може да и помогне на девицата да си ги претвори нејзините соништа во реалност, по пат на преземање иницијатива. Овие партнери се чувствуваат удобно и пријатно во заедничко друштво.

Девицата е управувана од планетата Меркур, а јарецот од Сатурн. Меркур во девицата внесува комуникативност, разумност и присебност. Влијанието на Сатурн, го прави јарецот премногу дисциплиниран, трудољубив, ладнокрвен и вечно насочен кон постигнување успеси на професионално поле.

Девицата ќе му ја покаже на јарецот корисноста од напорното работење и ќе учествува во одржување на врската, бизнисот и домот да функционираат како добро подмачкана машина. Јарецот за возврат, може да ја научи девицата како да се фокусира кон остварување на нејзините цели. Овие партнери заеднички ќе уживаат во домашна романтична атмосфера.

Бидејќи девицата и јарецот се многу уредни и прецизни личности, тие преферираат да бидат опкружени со стилски одбрани и карактеристични материјални поседи. Тие попрво би одвоиле повеќе време барајќи го нивниот совршен избор, отколку да се помират со некој адекватен супститут.

Нивната потреба од финансиска безбедност и нивната љубов кон убавите работи, ги провоцира овие два знака да поминуваат „долги часови“ на нивното работно место и да ја внесуваат целата нивна енергија, со една единствена цел – исполнување на нивните индивидуални, но и заеднички соништа.  Во принцип, јарецот и девицата се разумни љубовни партнери и права реткост е тие да имаат проблеми во врската како резултат на преголемото трошење пари од страна на едниот од нив.

Девицата е флексибилна и лесно прилагодлива на секоја ситуација и нема никаква тешкотија добро да се согласува со јарецот, сè додека таа има значителна улога во врската. Јарецот може да и го прикаже на девицата неговиот начин на гледање на работите, коишто девицата не би успеала да ги разглоби самостојно на тој начин. Нивната врска ќе биде успешна сè додека јарецот има улога на иницијатор кој ќе предлага нови идеи, а кои девицата со задоволство ќе ги следи.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација јарец-девица е нивната неверојатна приврзаност и посветување на нивните енергии кон реализација на нивните слични цели. И двата знака тежнеат кон финансиска стабилност и поседување убави материјални работи, а нивните карактери добро се согласуваат во смисла на остварување на нивните замисли, особено ако на патот кон реализација на некоја нивна цел, се служат со исти инструменти. Сличните интереси кои ги имаат јарецот и девицата, се причината за нивно обострано задоволство и уживање во врската.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Frosina Reply

    zasto nema kombinacija jarec i skorpija???

  2. aquamarine Reply

    a kombinacija rak-vodolija?

  3. Marina Reply

    Дефинитивно најпогоден пар, од лично искуство зборам, наједноставно кажано совршен пар се само под услов да се искрени ;)

  4. Aleksandra Reply

    Sovrsen par.. :)

Остави коментар