Јарец и бик – пријателска комбинација

Јарец и бик – пријателска комбинација

И покрај тоа што бикот и јарецот се многу претпазливи по природа, тие најверојатно ќе оформат пријателство за многу кратко време. Тоа е така, бидејќи двајцата припаѓаат во групата земјени знаци, што значи дека имаат слични соништа и цели во животот. Така на пример, двајцата сакаат удобен, стабилен и просперитетен живот. Бикот е во потрага по убавина, а на јарецот му е значајно да има добра репутација во општеството.Јарец и бик – пријателска комбинацијаЈарецот ретко би наишол на личност која е толку лојална, шеговита и нежна каков што е бикот. Воедно и бикот се восхитува на стабилноста, софистицираноста и поттикот за дејствување, кои ги поседува јарецот. На јарецот пак му е утешителен фактот дека постои и друга личност на планетава (освен самиот тој) која копнее по богатство во младите години, а во подоцнежните години и по удобен пензионерски живот.

Во суштина, овие пријатели најмногу уживаат кога разговараат за тоа што би правеле, кога ќе имаат стабилен финансиски живот. Разликата во нивното размислување, е тоа што јарецот смета дека бикот може малку побрзо да стигне до богатство ако е доволно посветен на тоа, а бикот пак верува дека јарецот повеќе би уживал во целиот тој пат, ако почне порелаксирано да гледа на работите. Во секој случај, овие ситни работи кои ги иритираат овие двајца пријатели, не претставуваат некоја голема закана за нивното инаку, исполнето другарство.

Бикот и јарецот можат меѓусебно да си ги надополнат нивните амбиции и желби. Бикот може да очекува од јарецот да му ја купи прекрасната уметничка слика за роденден, која тој толку многу посакувал да ја има на ѕидот од својот дом. За возврат на неговата великодушност, бикот може да му помогне на јарецот да најде одлична работна позиција, која ќе ја подобри неговата репутација.

Бикот понекогаш може да се жали дека јарецот претерано многу работи, а јарецот може да го обвини бикот дека е мрзлив, но сепак во поголемиот дел од времето, нивното пријателство ќе биде цврсто и хармонично. Недоразбирањата можат да ги надминат, доколку ги прават активностите кои двајцата ги усреќуваат, како планинарење, возење велосипед на планина, изработување глинени предмети, колекционирање стари монети и др.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар