Јарец и бик – љубовна комбинација

Љубовното партнерство сочинето од хороскопските знаци јарец и бик е разумно и практично. Заеднички карактеристики на овие два знака се нивната приземност и ефикасност. Бикот не сака да ризикува повеќе отколку што е потребно кога станува збор за емоционалните врски, а јарецот исто така е незаинтересиран за ризик, но кога станува збор за финансиите и кариерата. На јарецот успехот во кариерата му претставува едно од најбитните работи во животот. Тој настојува да се искачи на високо скалило на професионално поле и има тенденција да си поставува високи стандарди кои настојува да ги реализира. И бикот исто така си поставува високи стандарди во животот, но кога станува збор за поседување имот и предмети, како и во однос на љубовта и врските.Јарец и бик – љубовна комбинацијаЈарецот и бикот си ја почитуваат нивната посветеност и цврстата приврзаност еден кон друг, меѓусебната зависност и реалистичниот, дури и конзервативен поглед кон животот  (јарецот е поконзервативен од бикот). И покрај тоа, нивната врска може бргу да ја изгуби свежината. Проблемот се јавува како резултат на тоа што овие два знака во суштина се многу поразлични, отколку што тоа на прв поглед се забележува. На бикот може после кратко време, да почне да му смета конзервативноста и ограниченоста на јарецот. Од друга страна пак, јарецот може да смета дека бикот е многу мрзелив и дека не се грижи доволно за напредокот во кариерата и оформувањето висок статус во општеството.

Доколку бикот успее да му помогне на јарецот малку да се релаксира и да го научи да ги цени плодовите на трудот и ако јарецот го мотивира бикот да ги оствари неговите цели и да ги претвори соништата во реалност, нивната врска ќе биде „мазна“, долготрајна и исполнета со многу среќа и љубов.

Бикот е предводен од планетата Венера која е симбол на љубовта, а јарецот е управуван од Сатурн – карма. Венера го прави бикот топол и женствен хороскопски знак, кој ги цени сензуалните задоволства, убавината на уметноста и естетиката на љубовта. Овие карактеристики го стимулираат бикот и ја зголемуваат неговата почит кон животот и љубовта. Сатурн од друга страна, внесува трудољубивост и дисциплинираност кај јарецот во насока на остварување на неговите цели.

Бикот може да го научи јарецот како да ужива во заслужениот одмор и како да ги цени убавината и комфорот. Јарецот пак, може да го научи бикот да биде подисциплиниран и да се бори до крај за она што го сака.

Овие партнери сакаат да поседуваат и да бидат опкружени со убави материјални работи. Тие сакаат совршен, стилски и модерен дом, професионално дизајнирана облека, луксузни автомобили и скапи уметнички дела. Бидејќи и двата знака се многу трудољубиви и напорно работат, најверојатно во некоја точка од заедничкиот живот би успеале да си ги дозволат овие луксузи и нема да имаат проблем да се сретнат на половина пат кога станува збор за вкусот и изборот.

Кога биковите еднаш ќе донесат одлука, ништо на светот не може да ги премисли. Нивните  одлуки се цврсти и непроменливи. Јарецот оваа карактеристика на бикот не ја доживува како глупава или ограничувачка,  туку токму спротивното: цврстиот карактер на бикот му укажува на јарецот дека тој е сериозно посветен на нивната врска.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација јарец – бик е тоа што овие знака делат многу слични вредности и заеднички се посветуваат кон реализација на слични животни цели и достигнувања. Двајцата уживаат во луксуз, убавина и богатство. Поради нивните заеднички интереси, овие партнери се високо компатибилни.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар