Индијански хороскоп

Индијански хороскоп

Во многу сегменти индијанскиот хороскоп е сличен на обичниот, но неговите знаци се поврзани исклучиво со животни и со нивната улога во природата. Исто така тој е поврзан и со тотемите кои играат важна улога во индијанската култура и вера, но и со природните појави кои влијаат на животот на животните. Во индијанскиот хороскоп карактеристиките на животните се пренесуваат на луѓето. Дознајте кој знак сте според овој хороскоп и кои се главните карактеристики на тој знак.

Индијански хороскоп

Видра (20.01 – 18.02)

Главна карактеристика: креативност
Животно мото: „Секогаш подготвени за нови идеи и предизвици!“
Најдобро се согласува со: гавран, сокол и елен
Боја: сребрена

Луѓето кои се родени во знакот видра се многу снаодливи, темпераменти, динамични и непредвидливи. Тие се и многу комуникативни личности и добри говорници, што од своја страна им помага за одржување на нивниот слободен дух и подигање на креативноста. Видрите се против какви било наметнати друштвени норми на однесување, многу се слободоумни, па и непослушни. Имаат високоразвиена интуиција и најчесто се емоционално неоптоварени.

Доколку се случи вистинска љубовна искра помеѓу маж или жена родена во знакот видра и некој од спротивниот пол, таа најчесто се претвора во прекрасна врска, бидејќи видрите се сметаат за магични љубовници. Флертувањето им е интересно и може да трае со часови, но потоа видрата ќе се повлече и ќе се прави дека ништо не се случило.

Волк (19.02 – 20.03)

Главна карактеристика: лојалност
Животно мото: „За сé постои решение.“
Најдобро се согласува со: клукајдрвец, кафеава мечка и змија
Боја: тиркизна

Личностите родени во овој знак се снажни и интуитивни. Од една страна тие се многу моќни, а од друга, плашливи луѓе. Поседуваат уметничка и креативна душа, а ако почувствуваат дека ги почитувате, за возврат ќе ви покажат големо разбирање и толеранција. Главна животна цел им претставува пронаоѓањето на љубовта на нивниот живот. Женските претставнички на овој знак се многу женствени и сакаат нежности. Машките пак, имаат високо развиено чувство за еротика. Кога волците се заљубени, бидете сигурни дека таа љубов е длабока и прекрасна како расцветена роза.

Сокол (21.03 – 19.04)

Главна карактеристика: динамичност
Животно мото: „После мене доаѓа потоп.“
Најдобро се согласува со: лосос и був
Боја: жолто-зелена

Личностите родени во знакот сокол се секогаш во лов на нови идеи, иницијативи, искуства и љубов. Тие се динамични, секогаш спремни за авантура и се родени лидери, но понекогаш нивната импулсивна страна може премногу да им доаѓа до израз. Жените родени во овој знак, се во потрага по маж кој ќе биде некаков вид супер херој или поточно кажано да се однесува баш така, за да му се восхитуваат другите луѓе. Машките претставници пак, се во потрага по принцеза, која мора да им дозволи тие да бидат „главните“ во врската. Посесивни и љубоморни, соколите се и жешки љубовници, на кои не им е дојдено до прегратки, предигри и нежности, туку до демонстрирање страсти.

Дабар (20.04 – 20.05)

Главна карактеристика: доследност
Животно мото
: „Ја сакам слободата.“
Најдобро се согласува со: клукајдрвец, кафеава мечка и гуска
Боја: жолта

Дабрите се вистински креативци, вредни работници и трпеливи луѓе, за кои ниеден проблем не е нерешлив. Упорни се, стабилни и многу издржливи. Тие се материјалисти, кои сакаат да стекнат големо богатство, кое ќе им служи за да се докажат пред луѓето дека успеале во животот. Женските дабри се многу нежни и не му дозволуваат на кој било маж да им се доближи. Машките дабри пак, се големи шармери и се многу романтични. И едните и другите се верни љубовни партнери.

Елен (21.05 – 20.06)

Главна карактеристика: сила
Животно мото: рамнотежа помеѓу разумот и чувствата
Најдобро се согласува со: гавран и видра
Боја: портокалова

Личностите родени во знакот елен имаат високоразвиено чувство за интуиција, неуморни се и оддаваат впечаток на смиреност и интелигенција. Можат да бидат многу забавни и интересни, но исто така се склони кон сарказам и навредување. Бидејќи се многу снаодливи, честопати имаат по неколку професии. Елените се немирни и неуморни и секогаш се надеваат дека ќе ги променат нештата со сопственото делување. Тие се креативни и интуитивни личности кои имаат јака волја, а се и прилично великодушни. Женските елени се привлечни и провокативни, па можат да го имаат секој маж што ќе го посакаат. Мажите од овој знак се често пати неверни и сакаат флерт. И двата пола се креативни во кревет.

Клукајдрвец (21.06 – 21.07)

Главна карактеристика: чувствителност
Животно мото: „Да ја направам среќна личноста што ја сакам.“
Најдобро се согласува со: змија, волк и дабар
Боја: розова

Личностите родени во знакот клукајдрвец се многу чувствителни, па дури пречувствителни и со многу благ карактер. Жените имаат особено изразен мајчински инстинкт и сакаат дом и семејство во кој бараат сигурност и заштита. Тие сакаат долго да се галат и да разменуваат нежности. Кај мажите од овој знак ситуацијата е нешто поинаква. Честопати својата желба за секс не ја изразуваат до крај, но емоционалното задоволување на потребите им значи повеќе од физичкото. И едните и другите се особено добри животни партнери.

Лосос (22.07 – 21.08)

Главна карактеристика: самодоверба
Животно мото: „Да се живее интензивно…“
Најдобро се согласува со: був и сокол
Боја: црвена

Родените во овој знак „пукаат“ од сила, гордост и енергија. Тие ја бараат целта во животот, спонтани се, храбри и амбициозни. Сакаат да бидат во сé најдобри и доминантни, па поради тоа понекогаш се вообразени и арогантни, но во душа се многу добри. Тие сакаат да измислуваат разни приказни и потоа да ги прераскажуваат. Жените лососи сакаат да бидат главни во кревет, а љубат интензивно и страсно. Тие се заводливи и мажите ги вртат околу малиот прст. Исто така сакаат да драматизираат и да прават сцени. Мажите лососи се страсни и чувствителни љубовници. Љубовната игра може толку да ги понесе, па би можеле да ја водат цела ноќ.

Кафеава мечка (22.08 – 21.09)

Главна карактеристика: практичност
Животно мото: „Да се открие и постигне смислата на животот…“
Најдобро се согласува со: гуска и дабар
Боја: костенлива и виолетова

Мечтаењето е една од нивните најзначајни карактеристики и можат потполно да му се препуштат. Имаат многу низок степен на толеранција. Сакаат да се впуштаат во расправии со надеж дека ќе го прифатите нивното мислење. Можат да бидат многу добри пријатели, но исто така и подмолни. И мажите и жените од овој знак од партнерите бараат да им посветат многу време, а кога ќе се заљубат се искрени, посветени и верни партнери. Кога ќе ја пронајдат вистинската љубов сакаат да се венчаат и да имаат семејство.

Гавран (22.09 – 22.10)

Главна карактеристика: дипломатија
Животно мото: хармонична соработка
Најдобро се согласува со: клукајдрвец, кафеава мечка и змија
Боја: тиркизна

Личностите родени во знакот гавран лесно се прилагодуваат на осаменички живот, но и на живот во друштво. Дружељубиви се и лесно прифатени во секое друштво. Понекогаш се несигурни и недоследни, но во себе имаат енергија да се справат со многу нешта. Многу бргу го менуваат расположението, што може да доведе до конфликтни ситуации. Кога ќе се заљубат ја даваат сета своја љубов, а во кревет се нежни, но незаситни. Жените од овој знак се просто неодоливи за мажите.

Змија (23.10 – 22.11)

Главна карактеристика: опстанок
Животно мото: „Да се почне од почеток…“
Најдобро се согласува со: клукајдрвец и волк
Боја: виолетова

Личностите од  овој знак се паметни, непредвидливи, реалистични и имаат јака интуиција и способност за расудување. Најдобро функционираат во некакви крајности бидејќи за нив не постои нешто помеѓу тоа. Главната мисла што ги движи е желбата за промена. Во еден момент тие можат да бидат на дното, а во следниот на самиот врв. Жената змија е многу арогантна, а во сексот дива и страсна, повеќе од кој било друг знак. Во љубовта се верни и сакаат да го усреќат својот партнер.

Був (23.11 – 21.12)

Главна карактеристика: мудрост
Животно мото: пронаоѓањето на животната цел
Најдобро се согласува со: сокол и лосос
Боја: златна

Поради нивната моќ за перцепција, ретко кое случување околу нив ќе го остават незабележано. Тие се љубопитни и дарежливи, горди и луцидни луѓе. Отворено ќе ви го кажат нивното мислење, но своеволно одлучуваат дали нешто сакаат да прават или не. Бувовите се спонтани, идеалистички настроени ентузијасти, желни за авантура и ја обожаваат природата. И женските и машките претставници на овој знак во кревет се жешки, страсни љубовници, кои обожаваат да експериментираат. Не сакаат премногу да се приврзуваат, бидејќи преферираат да останат во нивниот вечен освојувачки поход. Доколку сакате со некој був да бидете нешто повеќе од љубовници, потребно е долго да ги „бркате“, сé додека не ги уловите во вашата љубовна мрежа.

Гуска (22.12 – 19.01)

Главна карактеристика: упорност
Животно мото: задржување на постигнатото
Најдобро се согласува со: кафеава мечка и гавран
Боја: бела

Личностите родени во знакот гуска се одлучни и амбициозни. Тие се многу внимателни и лесно се прилагодуваат на новонастанатите ситуации, но нивната потреба од совршенство може да ги одведе на сосема погрешен пат. Заштитнички се однесуваат спрема луѓето што ги сакаат, но се склони кон горделивост. Женските гуски се многу имагинативни и нежни во сексот, а машките претставници се неуморни љубовници. И машките и женските гуски тешко се заљубуваат, а кога тоа ќе се случи, тие блескаат.

Сте си го прочитале африканскиот хороскоп?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. :) Reply

    vrska nema:)

  2. NEeVazno Reply

    Vo obicen – skorpija, kineski-zmija, indijanski-zmija
    podobro i ne mozese da bide 🙂

  3. Buci Reply

    PODOBRO NE MOZE DA BIDE

  4. Starfish Reply

    Se mi pogodile 😀

  5. Зоки Reply

    Копија на обичниот хороскоп

Напиши одговор на :) Откажи одговор