Идеалниот спорт според хороскопскиот знак

Идеалниот спорт според хороскопскиот знак

Секој хороскопски знак сака различни работи, па така е и со спортот. Секој човек обожава различни начини на рекреација и активност. Исто така, голема е разликата во начинот на мотивирање, како и желбата и упорноста која ја вложуваат. Прочитајте кој е идеалниот спорт за вашиот знак.

Идеалниот спорт според хороскопскиот знак

Овен

За овенот секој спорт е одличен, важно му е само да го потроши вишокот енергија кој го има. Овенот е многу активен, па така на луѓето родени во овој знак не им е потребна дополнителна мотивација за да се занимаваат со некој спорт. Бокс, трчање, боречки вештини се спортови створени за овенот.

Бик

Тешко дека некогаш ќе го видите бикот како се заморува без некоја особена причина. Тој ќе се бави само со оној спорт во кој ќе се заљуби. Обожава да вози ролери, да оди на пилатес и јога, но најдобар спорт за него е танцувањето. Во танцувањето дефинитивно најмногу уживаат претставниците на овој знак.

Близнаци

Близнакот најмногу на свет обожава тенис. Секој спорт кој бара активност на горниот дел од телото и рацете е одличен за претставниците на овој знак. Исто така на листата можат да се вбројат и одбојка, ракомет и пинг-понг.

Рак

Раковите обожаваат да пливаат или да се бават со некој друг вид рекреација која не бара да бидат во близина на многу непознати лица. Исто така и нуркањето, кајакарењето, сурфањето и сите други спортови поврзани со вода се одлични за нив. Меѓутоа, раковите треба да бидат многу мотивирани бидејќи им е навистина тешко да се откажат од удобното седење дома. Но, од друга страна вешти се да натераат некој друг да стане поактивен. Токму затоа тие се подобри тренери, отколку спортисти.

Лав

Лавовите не се некои големи љубители на спортот. Повеќе сакаат да одмораат и да спијат. Сакаат спортови во кои можат да бидат предводници, па затоа не обидувајте се да ги претекнете на патека или да имате повеќе погодоци во метата за стрелање. Обожаваат да се натпреваруваат, а изреката „важно е да се учествува“ не важи за нив. За лавовите важно е само да се победи!

Девица

Девицата сака да се занимава со некој спорт, но не претерува во тоа. Обично сака необични спортови. На претставниците на овој знак многу им е важно каква опрема користат. Кога ќе почнат нешто да тренираат, не се откажуваат лесно и не се од оние кои секоја недела менуваат нов спорт. Тие се способни до крајот на животот да се бават со еден спорт. Водат здрав живот и токму затоа најчесто се занимаваат со спортови кои можат да ги прават во природа како што се брзо одење, трчање, голф, планинарење, а добри се и во фудбал.

Вага

Вагата сака да се бави со спорт кој не бара вложување многу напор. На физичката активност гледаат како начин кој може да им го подобри физичкиот изглед. Доколку качат некое кило, веднаш се качуваат на велосипедот. Обожаваат да танцуваат и секој спорт кој е забавен или кој вклучува музика. За нив најпрепорачливо е да се бават со гимнастика.

Скорпија

Скорпиите сакаат боречки вештини и сите останати спортови во кои можат да си ја потрошат енергијата која ја имаат во неверојатно големи количини. Понекогаш делуваат и како да се неуморни. Карате, јога, пливање, па дури и лов се омилените спортови на скорпиите. Успешни се во стрелаштво, а сакаат и да се „билдаат“ во теретана.

Стрелец

Овој знак го краси спортскиот дух. Стрелецот обожава трчање, но и екстремни спортови. Единствена мана му е тоа што многу лесно се откажува. Кошарката и одбојката се како создадени за него. Тој сака да ги проба сите спортови, а неретко тренира и повеќе истовремено.

Јарец

Многу е тешко помеѓу успешните спортисти, да пронајдете јарец. Тие баш и не сакаат да се бават со спорт. Со рекреација се занимаваат само ако мораат или од здравствени причини. Она што најмногу им лежи е планинарење, трчање на долги патеки и качување по карпи.

Водолија

Водолијата обожува екипни спортови. Дружењето е основната мотивација за нив. Мал фудбал, кошарка, но и екстремни спортови се идеални за нив. Доколку се дружат со пасивни луѓе или ако екипата нема тимски дух, тогаш ни тие не се активни. Во ваков случај тие ќе се задоволат со видеоигра на компјутер и ќе се натпреваруваат онлајн.

Риби

Рибите многу се грижат за своето тело. За нив одлични спортови се пливањето, ватерполо и сите други спортови поврзани со вода. Не само што секогаш се најуспешни во овие спортови, туку можат да работат и како спасувачи на плажа. Исто така рибите сакаат џогинг, јога и слични „лесни“ активности кои го унапредуваат телото и духот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Ivona Reply

    Повеќе спорт, помалку седење на фејсбук

Остави коментар