Хороскопските знаци рангирани од најромантичниот до најскептичниот

Дали стоите цврсто на земја или летате во облаците со вашите романтични очекувања од животот? Верувате ли во чуда или се потпирате само на себе? Еве како хороскопот ги рангира знаците – од беспомошно романтичниот до најскептичниот знак, со сите нијанси помеѓу. Но, романтиката не е поделена на неромантични земјени и романтични воздушни знаци, бидејќи имаме едно изненадување на почетокот! Погледнете ја листата…

1-horoskopskite-znaci-od-najromantichniot-do-najskeptichniot-www.kafepauza.mk_

1. Бик

Со Бикот владее Венера, планетата на љубовта, па можеби и не е толку необично што хороскопот го рангира како најромантичен помеѓу сите останати знаци. Но, Биковите се романтични на многу практичен начин – тие знаат дека така се негува љубовта и дека со романтичните гестови му се покажува на партнерот дека е посебен и не се срамат ниту пак се двоумат во врска со него. Тие гестови мора да бидат големи и прекрасни, но и вистинити. Тие се во состојба за својот партнер да прават работи како во филмовите, но затоа пак го очекуваат истото и за возврат. Нивните стандарди за другите се подеднакво високи како и оние кои си ги поставуваат на себе.

2. Водолија

Водолијата живее во екстреми. Фантазира за саканата личност и за денот на нејзината венчавка, но исто така умее целосно да игнорира или заради незадоволство да го остави партнерот. Но, кога навистина мисли сериозно, ќе почне да пишува песни, да слика портрети од саканата личност, да му свири на гитара и тој ќе ѝ биде инспирација. Кога сака, Водолијата го прави и она што најтешко ѝ паѓа, односно да ја докаже својата лојалност и припадност.

3. Рак

Ракот не е на очекуваното прво место, но сепак се рангира на високото трето место. Личноста која е родена во знакот Рак, ќе прави сѐ што умее за својот партнер, а ќе биде задоволна и со мало внимание, ситници кои покажуваат дека партнерот мисли на неа, дека му е грижа и дека ѝ обрнува внимание. Ракот е во состојба да живее недела дена од еден нежен и великодушен гест. Поточно, тој малку бара, а дава многу за возврат.

4-horoskopskite-znaci-od-najromantichniot-do-najskeptichniot-www.kafepauza.mk_

4. Јарец

Практичниот, организиран, вреден и амбициозен перфекционист се наоѓа на изненадувачкото четврто место, високо помеѓу романтичарите. Во согласност со својата приземна, или подобро кажано, приземјена природа, Јарецот нема да пее серенади под прозорот, да пишува песни и да го посипа креветот со ливчиња ружи. Но затоа пак, ќе забележи кога саканата личност е уморна и нервозна, кога имала лош и исцрпувачки ден и ќе направи сѐ за да ја релаксира и да ѝ угоди. Тој е подготвен да го купи нејзиниот омилен сладолед, да ѝ ги масира стапалата, да ѝ овозможи да се одмори и нема да бара ништо за себе. Ќе служи вредно и посветено за благосостојба на партнерот и што е најважно, ќе го направи тоа мирно и без истакнување на своите заслуги. Наместо големи зборови и големи гестови, Јарецот со мали работи ќе ги покаже своите чувства, внимание и грижа.

5. Вага

Вагите се оптимисти. Тие ја чуваат верата во своето романтично срце, но без сентименталност и патетика. Не се врзуваат за минатото и секогаш гледаат можност да биде подобро и поубаво, секогаш ја подаруваат својата доверба и не го штедат своето срце, без разлика колку лоши искуства имале зад себе. Тоа понекогаш изгледа лудо, но Вагите живеат за љубовта и романтични се во душата, дури и кога немаат со кого да ги споделуваат романтичните чувства. Далеку од тоа дека се нереални – тие умеат да бидат сурово реални и коректни кон себе, но огнот на нивното срце е секогаш во состојба повторно да се разгори и да им ја врати целата животна радост, која само чека прилика да избие со целата своја сила.

6. Лав

Точно на средината помеѓу безнадежните романтичари и тврдокорните скептици, Лавовите понекогаш навистина се чувствуваат заглавено помеѓу овие крајности. Лавот сака со целото свое срце да верува во љубов, во сродна душа, во блискост и во среќни завршетоци, но после лошото искуство, кое уште еднаш му покажало дека отвореното срце е изложено на сите повреди и болки кои може да го снајдат, Лавот се повлекува и започнува да се сомнева. Додека повторно не му се причини дека ја запознал личноста која ќе ги отстрани неговите сомнежи и ќе му докаже дека вистинската љубов е возможна.

7. Риби

На Рибите им се допаѓа идејата за романтика, но доволно им е со поголем дел од својата душа и срце да живеат во својот внатрешен свет и да не ги изнесуваат сите работи од него пред личноста која ја сакаат. Рибите може да помислат на некој романтичен момент, за тоа како би било убаво да рецитираат песна на својата сакан личност, но нема да го направат тоа, бидејќи ќе се чувствуваат премногу глупаво заради тоа. Ќе посакаат да подготват раскошна романтична вечера, но ќе размислуваат и за тоа дека можеби на партнерот нема да му се допадне храната која ја избрале и дека романтичната атмосфера нема да биде доволна. Рибите имаат потенцијал за романтика, но секогаш ги спречува стравот од тоа како ќе реагира другата личност и како ќе бидат сфатени и прифатени нивните романтични гестови.

8. Овен

Овенот многу добро знае што е романтика и ужива во неа, но не сака тоа да се гледа и не признава колку му значи. Подобро ќе биде циничен, отколку да ја покаже својата ранливост. На тој начин Овенот го чува своето срце да не биде скршено и се уверува самиот себеси дека е силен и непобедлив. Доволно е свесен за другите вредни работи кои ги дава и прима во врската, така што попрво ќе се држи до практичните работи и организирање на заедничко патување, отколку да фантазира или да признае дека фантазира за моментите на блискот во текот на тоа патување.

9. Скорпија

Скорпиите спаѓаат во оние личности за кои флертот е предизвик. Ќе примаат комплименти, гестови и изливи на нежност, а наместо да возвратат, целата работа ќе ја претворат во шега, ќе глумат вообразеност и ќе се преправаат дека не се допрени, додека всушност мислат како е партнерот неодолив заради она што го прави и зборува. Не се чувствуваат пријатно со своите емоции, па наместо да покажат како се топат однатре и како се среќни, попрво ќе одглумат дека се изнервирани и строги. Но кога партнерот доволно добро ќе ги запознае, ќе научи да чита помеѓу редови.

2-horoskopskite-znaci-od-najromantichniot-do-najskeptichniot-www.kafepauza.mk_

10. Девица

Девиците се внимателни набљудувачи – тие го забележуваат сето она што се случува околу нив, ги воочуваат реакциите на луѓето и ги читаат нивните расположенија, како и нивните скриени намери и чувства. Девиците се всушност премногу чувствителни заради својата моќ на забележување и помнење на сите впечатоци кои ги носат со себе. Тие гледаат како паровите се расправаат, ги забележуваат црвените знаменца на предупредување и пред сосема да се подигнат. Ним не им се допаѓа како нивните пријатели се однесуваат во своите врски и не сакаат такви работи, кои делуваат неизбежно во сите односи кои ги гледаат околу себе, да им се случат и на нив. Попрво би останале сами, отколку да учествуваат во односите во кои само ќе се повредат.

11. Стрелец

Стрелците едноставно не го разбираат традиционалното искажување на романтичните чувства. Малите подароци и изненадувања, создавањето посебна атмосфера и пуштањето романтични песни, односно додворување и заведување, тоа е нешто што нив воопшто не ги интересира, ниту пак реагираат на таквите гестови кои ги покажува саканата личност. Тие мислат дека романтиката е без врска и непотребна, бидејќи знаат милион други начини да ги искажат своите чувства и приврзаност кон партнерот. Стрелецот учествува во животот на партнерот, сака да му олесни, да биде тука и да му пружи поддршка, но и го очекува истото за возврат.

12. Близнаци

Најголемите скептици во зодијакот, Близнаците не можат лесно да се отворат пред некоја нова личност, да ја поклонат довербата и да влезат во некој однос. Искуството им вели дека луѓето најчесто лажат, дека не се фер, ниту пак достојни за доверба, дека ќе направат што било за да опстанат, сеедно кого притоа може да повредат и дека мислат само на себе. Тешко им е да поверуваат дека некој е на нивна страна и им е потребно многу трпени и докази, па дури и тогаш, Близнаците повеќе би сакале да останат скептични, за да не излезат наивни и глупи.

Хороскопот открива многу интересни работи за секој знак, па затоа погледнете како се однесува секој хороскопски знак на почетокот од љубовната врска.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар