Хороскопските знаци откриваат: Што ќе ви се случува последните 4 месеци од 2017 година?

Има повеќе од 100 дена до крајот на 2017 година. Крајот на стариот животен период и почетокот на новиот. Иако ви се чини дека не може да се променат многу работи за 4 месеци, предвидувањата на ѕвездите ќе ви го докажат спротивното. Пронајдете го вашиот хороскопски знак и дознајте што ве очекува до крајот на годината…

Хороскопските знаци откриваат: Што ќе ви се случува последните 4 месеци од 2017 година?

Овен

Главата ви вели едно, а срцето нешто сосема друго. Едната ваша половина сака да ја прекинете моменталната љубовна врска, а другата се премислува и не сака да ги менувате работите. Се вртите во круг и тоа ве фрустрира. Секако дека треба да раскинете тогаш кога ќе се чувствувате подготвени за таков чекор, но не заборавајте колку вредите и запомнете дека заслужувате многу повеќе.

Бик

Малку сте збунети во последно време. Не знаете дали чекорите по вистинскиот пат. Нормално е да бидете збунети и несигурни. Следете ја таа несигурност. Не дозволувајте му на стравот од неуспехот да ви ги диктира одлуките што ги носите за време на вашето патешествие. Понекогаш токму потешкиот пат ќе ве одведе таму каде што треба да бидете. Можеби следните 4 месеци нема да бидат најсјајни, но она што ќе се случи по нив ќе ви дојде како заслужена награда што со нетрпение сте ја очекувале.

Близнаци

Во текот на 2017-тата година, вашиот живот беше многу бурен во позитивна смисла на зборот. Промени во кариерата, промени во љубовта. Се случија животните промени од коишто долго време сте се плашеле. Можеби нема да започнете љубовна врска до крајот на годината, но затоа повторно ќе се пронајдете себеси.

Рак

Кога би требало да го опишете досегашниот тек на 2017 година со еден збор, тоа би бил зборот „како“. Како го преживувате она што навидум се чини дека е најлошата година во вашиот живот? Но, не губете надеж, бидејќи нештата ќе станат подобри. Само затоа што почетокот бил лош, не значи дека ова не може да се претвори во вашата најдобра година досега. Најмногу ќе расцутите кон крајот на есента и почетокот на зимата. Само треба да издржите дотогаш!

Хороскопските знаци откриваат: Што ќе ви се случува последните 4 месеци од 2017 година?

Лав

Упорно бегате од врските и љубовта. Ги мразите љубовните состаноци и не сакате да имате ништо со вљубувањето. 2017 година беше полна со двоумења и несигурности и постојано се прашувате како преживувате без да полудите или убиете некого. Но, иако повеќето луѓе го мразат есенскиот дожд и зимскиот снег, најмногу ќе напредувате токму тогаш кога времето е темно и ладно. Следете го темпото на вашиот живот. Смејте се на сопствените шеги. Љубовта ќе ви чукне на врата и нема да можете да побегнете од неа.

Девица

Неодамна сте презеле голем чекор во вашата кариера и иако сѐ ви изгледа ново и страшно, ве очекува голем успех. Можеби ќе ви треба време за да се свестите, но на крајот ќе бидете многу горди на себе што не сте се откажале од вашите соништа. Што се однесува до љубовта, се грижите за човек кој не е на ваша бранова должина. Сте направиле многу жртви за таа личност и до крајот на годината или ќе почне да го следи вашето животно темпо или вие ќе мора да престанете со играње. Не заборавајте колку вредите и колку вложувате во врската.

Вага

Многу сте биле повредени. Имате длабока рана во себе на која ќе ѝ треба време да заздрави. Само што ќе помислите дека сте направиле напредок, се враќате неколку чекори назад. Во ред да бидете чувствителни. Иако се надевате дека љубовта ќе ве излечи, вашиот лек не се наоѓа во човекот со кого спиете навечер, туку во тоа што го исполнува вашето слободно време.

Скорпија

Отсекогаш сте биле помудри од вашите врсници. Имате поинаков поглед кон светот и секогаш сте талкале како волци самотници кои го следат сопственото темпо и се стремат кон остварувањето на своите цели. Но, еден ден пред да заврши годинава ќе ви се вкрстат патиштата со ваш истомисленик со кого ќе ги делите мислењата и интересите. Постојано играте на сигурно, па затоа подгответе се за доаѓањето на личноста која ќе ве натера да преземате ризици.

Хороскопските знаци откриваат: Што ќе ви се случува последните 4 месеци од 2017 година?

Стрелец

Веќе некое време не можете да ја преболите вашата стара љубов. Се надевате дека повторно ќе ви се врати. Се надевате дека сѐ уште ве сака. Вистината е дека никогаш не сте престанале да ја сакате оваа личност иако одамна немате разговарано. Но, не смеете да се држите до некого кој ве оставил и повредил. Заслужувате човек кој секогаш кога ќе ве погледне ќе знае дека вие сте најдоброто нешто што му се случило. Можеби таквата љубов нема да се појави до крајот на годината, но не губете надеж и верба.

Јарец

Сте имале среќа да ја најдете љубовта на вашиот живот. Иако оваа личност делува остро и ладно однадвор, вие вистински ја сакате со целото ваше срце. Сепак, ве очекуваат некои пречки на патот. Дали врската ќе опстои или и двајцата ќе продолжите во различна насока? Мора да се запрашате што сакате во животот и дали мислите дека би можеле засекогаш да останете со оваа личност.

Водолија

Во наредните неколку месеци, пред да заврши годината, вашето минато ќе се врати и ќе почне да ве прогонува. Тоа може да бидат ваши поранешни љубови или луѓе со кои не зборувате повеќе. Иако сте се промениле, сте пораснале и сте созреале, тие сѐ уште ќе се присетуваат на вашите грешки секогаш кога ќе ве погледнат. Не дозволувајте нечие мислење од минатото да ја диктира вашата сегашност. Исправете ги вашите грешки доколку можете, но не заборавајте дека луѓето кои ве потсетуваат на минатото се љубоморни на вашата светла иднина.

Риби

Конечно ќе се ослободите од минатото и ќе најдете љубов каква што заслужувате. Оваа личност нема да ви дава измешани сигнали и нема да ви создава сомнежи. Сѐ што некогаш сте дале некому, конечно ќе ви се врати во истата количина. Но, бидете претпазливи, бидејќи кога луѓето ќе забележат дека сте среќни и дека напредувате, или ќе се обидат да ви го попречат патот или ќе почнат да ви се враќаат заталканите духови од минатото.

Во продолжение прочитајте ги следниве факти кои сигурно не ги знаевте за хороскопските знаци.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар