Хороскопските знаци откриваат која песна од 80-тите совршено ве опишува

80-тите биле многу интересен период за музиката, а тоа може да се забележи и од самите наслови на песните. Насловите како „Tainted Love“ и „Don’t You Want Me“ отсликуваат вистински длабоки емоции маскирани со гласна музика за танцување. Што мислите вие за оваа ретро музика? Доколку сте големи фанови на 80-тите, сигурно ќе ви се допадне овој текст и ќе сакате да дознаете која е песната што совршено го опишува вашиот хороскопски знак…

Хороскопските знаци откриваат која песна од 80-тите совршено ве опишува

Овен: „Walk This Way“ – Run D.M.C.

На Овните им треба возбуда, авантура и слобода. Оваа песна ги отсликува сите работи што ви требаат за да се чувствувате моќно и непобедливо.

Бик: „Hungry Like The Wolf“ – Duran Duran

Биковите сакаат да јадат, многу се сензуални и секогаш ги следат сопствените желби. Тие се секогаш гладни како волци!

Близнаци: „You Spin Me Round“ – Dead or Alive

Оваа песна совршено ја отсликува концентрацијата на Близнаците кои никако не можат да го задржат своето внимание на едно нешто, без разлика дали станува збор за љубовен партнер, работа од соништата или видео на Интернет. Нивните мисли постојано се вртат околу и околу.

Рак: „Total Eclipse of The Heart“ – Bonnie Tyler

Оваа е совршената песна за чувствителните Ракови. Таа одлично ги отсликува нивните длабоки емоции и слободно можеме да кажеме дека е нивните животен саундтрак!

Лав: „Don’t You Want Me?“ – The Human League

Ова е начинот на кој сите Лавови се претставуваат себеси кога се запознаваат со непознати луѓе или разговараат со пријатели од минатото.

Девица: „What’s Love Got To Do With It“ – Tina Turner

Девиците навистина не можат да разберат каква врска има љубовта во логичен свет како нивниот. Доста ви е од солзите и поплаките! Според вас, сите треба едноставно да продолжат понатаму и да си ја вршат работата, наместо да се посрамотуваат со сите нивни емоции за кои толку многу сакаат да разговараат.

Продолжете на следната страница за останатите хороскопски знаци…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар