Хороскопските знаци и стилот на шегување

Ако се прашувате како другите луѓе ја доживуваат вашата духовитост, хороскопскиот знак може да ви помогне околу одговорот.

Хороскопските знаци и стилот на шегување

Овен

Овие луѓе имаат груба смисла за хумор, поради што честопати се погрешно сфатени од другите луѓе. Најмногу уживаат во вицеви за војска.

Бик

Биковите се главни кога станува збор за кажување „мрсни“ вицеви. Меѓутоа, маана им е тоа што знаат да претераат со ваквите шеги и да раскажуваат едни исти, со години.

Близнаци

Припадниците на овој знак се најголеми шегобијци и се одлични во имитирањето на другите луѓе. Близнаците со задоволство скокаат зборувајќи од еден на друг дијалект и се големи обожаватели на англискиот хумор.

Рак

Раковите сакаат топли, интерни шеги и честопати сакаат да се пошегуваат на сопствена сметка. Обожаваат вицеви поврзани со нивниот роден крај.

Лав

Овие луѓе се родени шоумени. Кога Лавовите ќе тргнат во акција да го забавуваат своето друштво, тешко е со нив да излезете на крај. Ги обожаваат анегдотите за познатите личности, а штом слушнат добра шала, веднаш се трудат да ја складираат во нивната духовита колекција.

Девица

Девиците се смеат на забавни вицеви, кои се воедно интелектуални, интересни и пренесуваат затскриени пораки.

Вага

Вагата е апсолутен противник на безобразни вицеви. Тие мразат вулгарни шеги, а склони се на двосмислени изјави и обожаваат игри на зборови.

Скорпија

Црниот хумор е како создаден за Скорпиите. Тие обожаваат провокативни вицеви, бидејќи се многу страсни во спалната соба, па шегите од овој тип никогаш не им пречат. Колку нивните вицеви се успешни, заклучуваат од шокираноста на публиката.

Стрелец

Стрелците никогаш не навредуваат, туку засмејуваат. Припадниците на овој знак во душа се сатирични и се хранат со вицеви за странци. Со овој тип вицеви неретко знаат и да испровоцираат некого.

Јарец

Јарците се малку вкочанети и склони на сериозност, а кога се шегуваат се најчесто цинични и ладни. Тие воопшто не сакаат шеги на нивна сметка.

Водолија

Припадниците на овој знак се склони на помнење паметни вицеви. Тие сметаат дека нивна задача е да создадат пријателска атмосфера и да ги зближуваат луѓето.

Риби

Рибите имаат малку чудна смисла за хумор. Не памтат добро туѓи вицеви, но затоа се одлични импровизатори.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар