Хороскопскиот знак ја открива вашата омилена секс-поза

Истражувањата покажуваат дека луѓето родени во различен хороскопски знак сакаат различни работи. Па така, истото се случува и со сексот. Ѕвездите им ги препорачуваат следниве секс-пози на хороскопските знаци за поквалитетен и поуспешен љубовен живот.

Хороскопскиот знак ја открива вашата омилена секс-поза

Земјени знаци

Биковите, девиците и јарците се познати како страсни љубовници, кои за време на екстазата мислат само на себе и на своето уживање. Овие хороскопски знаци сакаат да експериментираат и да испробуваат различни секс-пози. Сепак, најмногу уживаат во водење љубов стоечки. Најмногу им одговара тоа да биде интимно, односно лице во лице.

Водени знаци

Раковите, скорпиите и рибите ги карактеризира силен сексуален интензитет. Овие хороскопски знаци неретко градат емоционална врска преку сексуалните задоволства. Иако најмногу им одговара мисионерска поза, често практикуваат и некои други не толку конвенционални пози.

Воздушни знаци

Добрите познавачи на хороскопот велат дека близнаците, вагите и водолиите се променливи души. Тоа се однесува на нивниот карактер, но и на нивниот љубовен живот. Меѓутоа тоа не значи дека тие се склони на прељуба повеќе од другите. Добрата вест е што овие личности сакаат да експериментираат. Досада во кревет за нив е непозната работа. Обожаваат да водат љубов седечки.

Огнени знаци

Кога станува збор за сексот, овните, лавовите и стрелците спаѓаат во групата на поагресивни љубовници. Мажите најмногу ги обожаваат кучешките позиции, додека жените преферираат да бидат одозгора. Овие личности сакаат пози во кои ќе можат да доминираат над партнерот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар