Хороскопот открива: Што потајно посакуваат луѓето да променат кај вас?

Хороскопот открива: Што потајно посакуваат луѓето да променат кај вас?

Сите луѓе имаат свои недостатоци и мани, а некогаш тие знаат да внесат немир и незадоволство кај луѓето од поблиската и подалечната околина. Секој хороскопски знак има некоја своја одлика, којашто луѓето, доколку имаат можност, со задоволство би ја смениле кај своите родители, партнери, пријатели, колеги… Проверете која ваша особина особено ги иритира луѓето од вашето опкружување.

(1) Хороскопот открива: Која ваша карактеристика најмногу ги нервира пријателите?

Овен

Вашите очекувања. Бидејќи вие сте силни, амбициозни и одлучни, имате многу високи стандарди кои останатите тешко можат да ги постигнат. Луѓето мислат дека понекогаш не сте фер, затоа што не можат сите да бидат на вашето ниво на перфекционизам.

Бик

Вашата тврдоглавост. Вие едноставно не слушате совети откако ќе донесете одредена одлука. Понекогаш вашите пријатели посакуваат да сте малку пофлексибилни за да се почувствуваат барем малку значајни во вашиот живот, да забележат дека имаат одреден улога. Но, тоа се случува само ако вие им дозволите.

Близнаци

Вашата потреба да се спријателувате со сите. Вие едноставно сте познати по тоа што на едноставен и брз начин можете да станете пријател со кој било, што понекогаш го намалува квалитетот на пријателството со луѓето кои се до вас цел живот. Многу често може да ви се случи по само 10 минути, да ги запоставите вашите пријатели со кои сте излегле и цела вечер да си правите муабет со целосни странци кои случајни сте ги запознале.

Рак

Вашата тишина. Сите знаат колку многу емотивни и чувствителни можете да бидете додека не одлучите да си ја отворите душата и да кажете што ве мачи. Многу сте затворени кога станува збор за емоциите, па затоа многу често се случува дури и вашите најблиски да не можат да ве прочитаат.

Лав

Вашата доминација. Да, знаете како да водите и веројатно тоа го правите најдобро од сите останати, но некогаш можете да „парадирате“ на начин на кој останатите ќе се почувствуваат инфериорно или несоодветни во одредена ситуација. Понекогаш вашите пријатели сакаат да се смирите и да одите чекор по чекор, затоа што сите луѓе ги немаат самодовербата и самосвеста кои вие ги поседувате.

Девица

Вашата индиферентност. Некогаш сте толку затворени, поради што може да изгледате студено и незаинтересирано. Таквата резервираност кај луѓето остава впечаток дека воопшто не се грижите за нив или дека не ви се допаѓаат. Иако, сте многу потопли и понежни личности отколку што изгледате, начинот на којшто се прикажувате кај луѓето може да предизвика чувство дека воопшто не сте свесни за нивното постоење.

(2) Хороскопот открива: Која ваша карактеристика најмногу ги нервира пријателите?

Вага

Вашата дипломатија. Вие сте толку дипломатски настроени и политички коректни, поради што луѓето не знаат кога ја говорите вистината. Вие секогаш ја кажувате вистинската работа во вистинското време, па околината се прашува како успевате речиси никогаш да не погрешите.

Скорпија

Вашата ароганција. Вие сте супер интелигентни и харизматични и сте свесни за тоа и не го криете таквото сознание за себе. Но, тоа кај околината создава впечаток дека мислите оти сте подобри од останатите. Иако, повеќе станува збор за самодоверба отколку за ароганција, би било добро да ги оставите луѓето да зборуваат повеќе за себе, а не секогаш вниманието да го вртите кон вас.

Стрелец

Вашата негрижа. Вие многу им верувате на луѓето, поточно многу лесно им верувате на непознати луѓе. Многу лесно знаете да ги искажете вашите тајни на некој кој само што сте го запознале, затоа што сметате дек на тој начин се зближуваат луѓето. Но, таквата ваша карактеристика понекогаш ги полудува вашите вистински пријатели, бидејќи многу често се отворате на погрешни луѓе.

Јарец

Вашата себичност. Вие знаете што сакате и како да го добиете, но знаете и како секогаш да се истуркате во „првите редови“. Што секако не е лоша карактеристика, но вашите пријатели би сакале некогаш да направите компромис, наместо сè да биде по ваше.

Водолија

Вашето расположение. Вие знаете лесно да го менувате расположението, па од смеење за неколку секунди да преминете во муртење, поради што вашите пријатели се прашуваат дали тие се виновни за таквото ваше расположение. Вашиот ум секогаш работи, поради што влијае на вашите емоции и на фацијалните експресии, што на луѓето од околината понекога им создава чувство на непријатност.

Риби

Вашата ексцентричност. Вашите пријатели не можат секогаш да сметаат на вас, затоа што може да не се појавите тогаш кога сте се договориле. Тие се навикнати на вашата карактеристика да откажувате планови и да се предомислувате во последна минута. Многу често се обврзувате на задачи кои знаете дека нема да можете да ги завршите, што ја фрустрира околината и создава тешкотии при планирање активности во кои сте вклучени и вие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар