Хороскопот открива: Како се однесува мажот кој изневерува?

Не се сите способни да бидат верни во врската, но на некои хороскопскиот знак им помага во таа одлука, додека пак на другите, скоро им оневозможува да останат во моногамна врска. Тие се едноставно предодредени да кршат срца.

1-horoskopot-otkriva-kako-se-odnesuvaat-mazhot-koj-ve-izneveruva-www.kafepauza.mk_

Овен

После краткото време со него, веќе ви станува јасно дека е прилично темпераментен, односно дека лесно се лути и кажува сешто додека е бесен. Во таквото расположение, ќе ви каже сè што не сакате да слушнете, а во што сте се посомневале, само за да ве казни, бидејќи ви е лут. Значи, не мора да истражувате, доколку се сомневате дека не ви е верен, само налутете го, па ќе дознаете.

Бик

Ако ве изневерува, нема да ви каже ништо, но ќе „сее“ траги зад себе, несвесен за неговата расеаност, или потсвесно ќе ви соопшти дека врската е во криза и дека треба да ја спасите. Со Бикот е возможно да ги надминете ваквите кризи, доколку не сте премногу навредени и желни за одмазда – тој вам нема да ви го прости тоа што вие треба да му простите нему, бидејќи тоа било неговиот начин за да ви го привлече вниманието.

Близнаци

Кога неговата страст ќе помине, не е толку проблематично прашањето дали ве изневерува, бидејќи тој веќе размислува да ве остави. Додека се грижел за вас, тој ќе се расправа со вас и ќе сака сè да расчисти, па по тоа ќе знаете дека сè е во ред. Кога ќе се стиши, кога ќе замолчи, кога ќе се налути, а ништо не ви префрлува и не се расправа, тогаш тој се оддалечил емотивно и ментално, а многу брзо ќе се оддалечи и физички.

Рак

Тој ќе ви префрли дека го занемарувате, дека не го разбирате и не му поклонувате доволно внимание, а патем ќе ви наведе, како на пример некоја своја колешка или пријателка која го забележува и го вреднува кај него сето она што вие не го забележувате. Па, постојат големи шанси дека ве споредува со неа бидејќи ве изневерува со неа – или барем интензивно размислува за тоа. И само чека да му кажете: „Оди кај неа, штом таа ти е подобра од мене“.

2-horoskopot-otkriva-kako-se-odnesuvaat-mazhot-koj-ve-izneveruva-www.kafepauza.mk_

Лав

Лесно е да го откриете во изневерувањето – Лавот е горделив и дотеран и кога оди на „прошетка“ се спрема како да оди на венчавка. Ако ви е сомнителен поради тоа што се дотерува, ги менува кошулите, има нов парфем и ужива во себе на начин на кој потполно ве исклучува вас, тогаш дефинитивно ја имате секоја причина да се сомневате.

Девица

Тој повеќе ќе се зближи и емотивно ќе се поврзе, отколку едноставно да пронајде некоја и да има секс со неа. И ќе се најдете во позиција да процените што е полошо и поради кое се чувствувате изневерено, а нема да можете да одлучите. Ако побарате да разговарате отворено за тоа, тој ќе биде искрен кон вас, па бидете спремни на тоа.

Вага

Бидејќи мрази расправии и драми, ќе направи сè за да ги сокрие трагите и да го задржи односот на кој сте се навикнале – тој сака сите да бидат задоволни и никако не сака некого да повреди. Па така и тој сака да биде задоволен и неповреден и доколку ве изневерува, смета дека тоа искуство му е потребно и дека вие немате ништо со тоа, па затоа настојува и така да се однесува. Доколку добро го познавате, ќе откриете по ситниците и нијансите дека се случува нешто. А доколку ви е грижа за него, ќе го оставите на мира.

Скорпија

Доколку ве изневерува, ќе знаете, бидејќи тој не е дискретен. Или лудо се заљубил и ништо друго не му е важно, или е толку лут на вас, што ќе сака да ве казни на најбрутален начин. Тој е оној што му се случува да биде фатен „на дело“ во неговиот кревет со друга жена. Тоа само Скорпијата може да ви го приреди.

3-horoskopot-otkriva-kako-se-odnesuvaat-mazhot-koj-ve-izneveruva-www.kafepauza.mk_

Стрелец

Тој мрази да чува тајни и да води двоен живот и доколку ве изневери, многу наскоро ќе се покае и најверојатно ќе донесе доста погрешна одлука за тоа сам (во солзи) да ви го признае и да побара ваше опростување, кое најверојатно, нема да го добие. Има нешто многу себично во тие изливи на искреност поради олеснување на сопствената совест, поради што ќе го презирате.

Јарец

Фините и напнатите Јарци се многу сетилни суштества – во креветот со него, сè ќе ви стане јасно. Доколку избегнува секс, сигурно го има со некоја друга. Ако изненадено воведе некои нови потези, без разумно објаснување, тоа го научил со некоја друга. Сепак, тој е приврзан и не сака да ве остави, па затоа вреди да му простите.

Водолија

Тој ќе се оддалечи од вас на сите можни начини и самото негово дистанцирано однесување ќе ви биде доволно. Ако заминува без објаснување, не ви праќа пораки, често патува и има многу малку време за вас, тоа значи дека неговото интересирање е на некоја друга страна. Доколку сакате да дознаете за што се работи, прашајте го.

Риби

Доколку ве изневерува, ќе пати од чувството на вина и ќе биде посрамен од вашата приврзаност. Па, доколку се сомневате дека ве изневерува, само опсипете го со нежност и љубовни изјави и набљудувајте ја неговата неволја. Во оваа ситуација тој ќе се чувства полошо од вас и доколку наоѓате задоволство во тоа да го казнувате, ќе ви ја даде секоја прилика за да доминирате.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар